Многу сум на лигавење сеа дај помагај кај да ја најдам, порано дури се натокмив да ја купам се скарав.
Оф лее ќе умрам Ми се пушта типот кој што долго време и е дечко на другарка ми. Му објаснив дека не е во ред. Ни сакам ни планирам нешто со него. Немам сила ни срце да и кажам на другарка ми...
Многу ми се кич девојки пред полнолетство што се во стилот "ТАТО/МАМА ми рече (без свое јас, без свое конечно мислење) ама и девојки 25 30 плус години во стилот "ти ќе ми кажиш? Што има совет да барам? Што има дома да им кажам? " (као тие све знаат за својот живот сами си одлучуваат и сите странични совети се мешање)
И едните и другите се во ред, незнам шо ти е кич. Малолетно дете кој треба да слуша? Комшиите? Непознатите по улица? А за возрасните .... кој треба да одлучува ако не они самите? Според тебе можеби треба обратно, малолетните да одлучуваат сами за себе а за возрасните - мајка им и татко им.
Дефинитивно на нашите простори претеруваме со частење со големи гозби и поклони за се и сешто... посебно кога наградуваме некој што едноставно си ја врши својата работа?? За дипломирање се купувале скапи подароци за менторот и се носи се и сешто, жена на шалтер брзо завршува работа, оп кафе за услугата, минатиот пат мајка ми заврши обука/курс за кој плати многу инаку и на крај купуваа поклон за инструкторката? Sorry, не разбирам. Тоа не е култура, права култура во држава е некој да работи правилно без да биде додатно наградуван за тоа.
Според мене децата над 15 -16 години веќе треба да имаат изградено карактер и колку толку да распознаваат добро лошо и да се осамостојуваат. Тоа не значи дека не треба да се слуша. Родител напротив родител се слуша и на 40 години (имам и за тоа пример). Друго "деца" од 25-30 + да не се прават свезнајни и после непослушан совет да кукаат што направиле и колку била погрешна нивната одлука
Мене едно нешто ми е чудно , кога и да излезам гледам луѓе со ајфон , толку ли е сиромашен народов па купува телефон од 80 000 до 100.000ден ?како се има пари за ајфон а се жалат дека се е скапо, телефонов не е ?
Демек во кеш ги дале , плаќаат на рати сигурно повеќето ...толку пари јас би ги инвестирала во нешто многу попаметно од колку во телефон
Јас ваква сум со години имав мерак. И се мислев се мислев и се испукав, во готово многу повеќе се исплати иначе. @franca И после немав за друго ама меракот е голем