Порано се чувствувавме дека старееме кога се возбудуваме на ер фрајер, ефикасни средства за чистење, прашок за перење на попуст, сега сме стари кога не можиме да препознаеме АИ видео на прво. Да, навистина мислев дека кучето што држи црево в уста од кое прска вода во дневната соба на каучот и телевизорот е вистина додека не прочитав коментари.
Се чуствувам ко теле у шарена врата кога ќе ми кажат некој англицизам,или збор што прв пат го слушам,или правилен збор за кој шо има дефиниција за него. Многу сум успорена, и приглупа најверојатно
Нозете смрдат и со чорапи и без, ако не ги миеш и ако менуваш чорапи еднаш неделно. Или ако имаш хормонални проблеми. Лето спијам без, зима со чорапа, бели носам строго.
Кучето, мебелот, се' делува real се додека не дојдат тие двајца со чудната реакција кај што баш се приметува дека е AI
Молим? Кутар брат мој шо се дави секоја вечер од моите “ножни ароми”. Оти туширање пред спиење за мене е квантна физика. Никогаш не носам чорапи за спиење, а секогаш спијам во ладна соба.
Точно, и каучот сам се зголемува, играчките расфрлани на подот се менуваат. Ама на почеток додека го држи цревото со вода ептен делува реално.
Зашто увек кога зборам со некоја со исто име ко моето, и кога ѝ се обраќам, ко некој глич или краток спој да ми се дешава во мозокот или како да не е реален моментот...или имам осет како да зборам сама со себе, а не дека некој стои карши мене...
Страшно е напреднат AI за кратко време. Мислам дека сите имаат проблем да прават разлика, бар на прв поглед. И досега беше борба како децата да научат да разликуваат фејкњуз ама за идните генерации ќе е уште потешко. Одма направија алатки каде може да пребараш и провериш дали е видеото AI или не, или дали е комбинација.. Син ми вчера ми кажа дека некои родители го тужат chatgpt зошто нивниот син пред да се самоубие барал информации како да биде успешен во тоа. Дури и видеа од своите обиди ставал во AI за да му даде совети, се нема предострожни мерки за вакви случаи...
И без прозор! А сум рекла не влагам више, пешки ќе одам...ама немав денес избор а за пешки немав време... мислам уште сум дехидрирана. И пази! Влага конторла во гужвата.. луѓе му викаат немаат смисла казните. Казна е само по себе возењето во бус
Кога ќе јадеш торта со светки, автоматски си добиваш и инфо за времето колку е потребно таа да излезе од дигестивниот систем. #сисветкаме
Го читав ова, премногу жално. Некој имаше искоментирано дека ако детето побезбедно се осеќало да се довери на Чат ГПТ наместо на родителите, којзнае каков однос имале навистина. Ботот е демек трениран да дава броеви за помош при вакви ситуации, но во никој случај не се бара од него помош при многу нарушено ментално здравје, и сепак ова е уште многу нова технологија и не е соодветно контролирана, ниту има во закон нешто за тоа.
И 5ка нема климатизација. Посебно тој новиот хармоника MAN автобус. Стоеше еднаш шоферот и прајме муабет ова она за автобусот, вика нема, само вентилатор и тој вентилаторот го врти воздухот од внатре и не може толку да го разлади ко климата. А има клима ама не ја пуштаат, излеа фреон штедат и на гориво. Да се чудиш. Јавен превоз.. нигде го нема ова, нигде. Бесплатна сауна.
Да, има ризик и во однос на други нешта. Пр ставив фото од наод од MRI од ногава во AI, не преведен и со основно инфо за проблемот. Имав закажано за ортопедски преглед и читање на резултатите по 1 месец од кога го подигнав наодот и сакав инфо што смеам а што не со ногата. Ми даде не само дијагноза, туку и споредба на мојот прогрес со очекуваниот, листа на активности и движења што не ги смеам, со последиците од нив, со детален план за опоравување и конкретни вежби ден по ден (видеа и сл), со прогноза за иднина.. После на консултација, докторот истото ми го кажа. Секако не му кажав за AI.. Вежбите за опоравување инаку ме чинеа 500 ден. по час (час траеше 15 минути) на физикална терапија и беа помалку од тие што ми ги даде АИ... Ама што ако ми дадеше погрешно инфо? Корисниците се одговорни самите испаѓа.. А знам некои што за се го консултираат. Како да не можат сами да одлучат