Вечер ќе има целосно затемнување на Месечината, ќе имала црвенкаста боја.Се сеќавам како дете, при затемнување на Сонцето, ги спуштавме ролетните и се понашавме како во Bird Box, пред да постои Bird Box. Мислевме дека ќе ослепеме ако погледнеме во сонцето. Апокалипса. А ние уствари ослепени од простоќа.
Сум пробала бургер и плескавица на милион места, па дури и некои апла познати и фалени, и никое од нив ми го немало шмекот на домашни плескавици.
Знаеме . Ете ние се мислиме на кај да фатиме, некаде на повисоко за да можеме да го видиме феноменот, оти оваа германијава е рамна како тепсија, од многу згради и куќи ништо не се гледа.
Не се иде на гости во недела. Ма колку и да ми се блиски, не ја разбирам потребата за одење на гости во недела наодручек. Освен ако не е нешто итно.
А ако е неработен утре? Така неделата е уствари како сабота. Освен ако твоето тврдење не се базира на некој практичен аспект (евтина струја и завршување на домашни обврски). Баш вечер ќе се тупам на гости btw.
А бе беше дог за утре. Денеска окапав од чистење низ дома. Легнав да одморам и сеа се јавуваат и не прашуваат дали ќе можи да дојдат денес, туку така сами си потврдија дека ќе дојдат. Не дека, не сакам гости, ама треба да се има исаф.
Ко ќе ми текне на татко ми и комшијата, гледаа со онаков штитник за заварување, замисли од надвор. Главни фраери у маало. Ние дома затворени, ги посматраме нив од оцку потткрената ролетна, демек жениве и децата на сигурно. Неможам Па како раскажуваа што виделе, доживувања, ние деца филмови у глава како било, wow ефект, воодушевени.
Кога сте кај месечината мене дм ќе ме носи кај неа во градот на некоја кула/тврдина, се надевам не сум и згрешил нешто нема да ме турне.
Кој МОРОН треба да си да мислиш неколку дена дека си пратила мејл на клиент, а ти си го оставила како ДРАФТ! Предобро ми тргна денов и неделава
Ако не уживаш сам со себе се е џабе. Се е накрај не битно. Животот поминува и сите успеси и несреќи ќе бидат не битни.
"I sad me po tebi poznaju i sad me za tebe pitaju na dlanu mi tvoje ime citaju" Поканет сум на свадба со мојата бивша. Барем постојат уште луѓе што не ги интересираат туѓите животи.
Ме вади од такт кога некој поблизок во поголема група на луѓе ќе те навреди, а претходно ти дал кисела поддршка насамо. Лицемерство на ниво.
Кај и да одиш, сам со себе си се носиш. И на месечината, и на оној свет, и во црна дупка - од себе си не се бега.
Пожаров е случаен колку што се шумските пожари и ред други слични на него низ државата. Посебно во Источна Македонија. Толку имам да кажам.
Почна да се стемнува се порано. Мислам дека сум едниствениот човек шо жали за летото уште незавршено ама мразам зима Мразам рано стемнување ,мразам 500 пара алишта итн