јас толку ги гледав работите, пред неколку месеци се наканив и купив кошула од 2000 ден и со едно перење се стесни а перев на темп како што пишува невр мор
Сфатив дека животот е циклус на многу лоши периоди и многу добри периоди. Буквално година дена се ќе ми оди од рака после година дена ќе сум на дно и се борам со депресија. Барем ми донесува мир да знам дека убавиот период секогаш ќе дојде пак. А можеби треба да посетам стручно лице лол.
Не знам како успевате да излезете на крај со страшно напорни луѓе во животот, ама јас сум на крај со нервите
Каква ви стигнува облеката од аутлет? Сѐ што сум порачала а е аутлет досега ми било катастрофа, исфлекано, со упки направено... Ми ги вратиле парите, ама малтретирањето ми е ту мач. Мене така ми се погодило или пракса е?
До сега не ми се случило. Се што сум порачал било спакувано во оригинални вреќички/кесички. А имам преку 10 пати порачано и од аутлетот, и од сајтот. Од друга страна ми се случило да се намали големината после перење, или пак да не е квалитетот на ниво, а плаќаш премиум цена. Затоа обично на 30 степени ги перам.
Какви подмукло паметни и мудри луѓе има што никако не можам да им ја сфатам намерата. Може навистина не мисли ништо лошо, туку само пробува да се зближи или е тежок манипулатор. Мислам најдобра опција ми е отргнување и тоа е тоа, сепак штом еднаш почуствував такво мислење, мора да сум во право.
После последниов случај во Велес и сите тие обвинувања кон Росица и сите жени како неа, се замислив едно... Дека утре мене нешто вакво да ме снајде, дека исто за мене ќе зборат. Оти во средно и основно трпев булинг. Ќе се најдат некои ќе речат Абе ја знам Манчи, мрдната беше, никој не ја сакаше, со никој не се дружеше. Или абе таа ли ќе ја браните, од каква фамилија излегла да знаете само. А јас, еве ме, убава работа имам, долга среќна врска, хоби што ме исполнува, одам и долго време на психолог што дополнително ме смени на подобро. И фала богу на никого сериозно не сум наштетила до денес. Ама за одредени што не ме виделе подалеку од нивниот хоризонт, јас ќе си го барам самата оти не сум им се свиѓала на нив. И претпоставувам сите ние имаме вакви "хејтери" што знаат вакви факти за нас и тоа работи што НЕ укажуваат какви луѓе сме. И што ќе го искористат на најгаден можен начин да фрлат сенка врз нас. И затоа ќе речам, вакви копита не можеме да ги смениме, одамна им прошол возот. Можеме барем тие што ги знаеме во секојдневниот живот дека вака зборат за жени жртви, да не ги есапиме ни 2%. И да си го живееме нашето на максимум придружено со максимално куроболие, оти секогаш ама секогаш ќе сме криви за нешто, колку и да сме "светици"
Глеам сеа некој стар вол плаче по медиуми го оставила жената со 4ри деца, едното бебче... Она бајаги помлада, ( едит : била малолетна и девојка на комшија ) оставил 3 деца и жена за неа... Жена му бивша плачела по телевизии дека ја оставил со децата? Не. Али оти се мужи, ајде да ги жалиме. Што би рекле муживе, кога се ебел, арно му било. Жени и болни и сакати и работат и деца гледаат, и плус вакви дебили тинтраат, овој не може децата да си ги изгледа. Мех. Едино жал ми е за децата.
Сите оние кои што ме знаат, знаат дека го сакам Педро Алмодовар. Ме ограбуваат во Болоња. Полициска станица, чекална. Таму јас, мајка ми и транс жена, тоа се ликови на Алмодовар и тоа сме ние. Полицајците не знаеа англиски, транс жената се понуди да преведува. Никој не нѐ рецкаше. Нас пола саат, нејзе два саати. Сцена од филм на Алмодовар и сцена од мојот живот. Животот, понекогаш навистина ја имитира уметноста.
Човекот мислел ако од мала ја врзе дома со деца ќе седи со него. Не е убаво така, ни мажот, ни жената децата само на грбот на едниот да ги стави. Ама таа дете била, дете лесно се излаже. Може друг избор немала за да се спаси и морала да замине. Како ја излажал и и направил 4ри деца така нека си ги чува. Најмногу мразам кога некој стар оди со малолетници и кога ќе рече "годините се само бројка". Во 90% во тие врски нема љубов (барем не од машката страна), туку корист, затоа што многу им е полесно да излажат и измамат дете. Истото важи и кога жената е доста по стара, само мислам дека многу по ретки се тие случаи.
Spoiler: Не читај ако си осетлив Налетав на видео од доктор во Газа, стои наспроти девојче од 5-6 годинки, кое лежи распарчено, со отворен стомак, со цревата излезени, некако преживеало, пробува да каже нешто, излегува црцорење од тоа кутро грлце, ги зема последните пар здивови и умира. Зошто? Сигурна сум дека милијарда слични, можеби и полоши нешта, се имаат случено, и ќе продолжат да се случуваат. Затоа што нема правила. Нема шема според која нештата се одвиваат. Нема нешто магично кое влијае врз работите. Нема уствари затоа. Едноставно срања се случуваат зошто секој си прави што сака, затоа што им се може. Не затоа што има поголема поента. Луѓе бомбардираат други луѓе. Кољат со ножеви. Стрелаат со разно разни оружја. Изгладнуваат. Силуваат. Силуваат и ги снимаат. Силуваат и ги предаваат на друг да ги силува. Ги чуваат заробеници. Ги тепаат. Ги мачат на разно разни начини. Нема правила. Нема казна. Нема награда. Нема поента. Сè што си кажуваме како еден вид на објаснение е само оправдување. Или утеха за да не мора да се соочиме со суровата реалност. Зошто сакаме да уживаме, ако имаме прилика за тоа. Не сакаме да сме 100% 24/7 свесни дека понекогаш имаме само среќа, моменти кога не не снашла несреќа. Така ќе се изгуби и таа мала кратка ретка убавина на живеењето. Нема ни да можеш да уживаш во сопствената моментална среќа ако 24/7 на ум ти стои фактот дека сеа некое дете го силува некој или дека друго дете умира во ужасни болки наметнати од друго битие, нели? Како да уживаш? Па ќе ги угасиш изворите на реалноста, ќе издишеш-вдишеш длабоко пар пати со затворени очи, ќе си помислиш биди тука сега, уживај, и ќе тераш даље. Додека и тебе не те снајде несреќа. Со надеж не до толку сурова. Само немој да си раскажуваш лажги сам на себе дека сè има поента и се случува со посебна магична причина Апсолутно не постои некој или нешто таму некаде што те чува безбеден, постои само моментална среќа и недостиг на истата.
Неам зборој како можи вака да пишува и да се шегува и општо во коментари то шо си одбрала то си добила... поидиотско нема од то..