Сите сме кенкала на овај или онај начин. Сакам да кажам дека одвај чекам да дојде ладно време за со кебенце да си седам покриена и да си пијам топло кафе со мирис на цимет...
Што година ќе беше ова , нема со кој не се испокарав и престанав да зборам , уште на работа да се скарам со сите и да ми пишат еден отказ и да се сликам
Колку само се менува животот откако ќе станиш мајка. Колку само ја сфаќам мајка ми сега кога сум и јас мајка. Кралица моја небесна е сега. Ми фалиш. Колку е само тежок животот без мајка на земјата, а да си веќе мајка. Да знаеш дека нема да можиш никогаш твоето чедо да го оставиш во сигурните прегратки, и да издишеш раат. Колку само им љубоморам на другарките што иако се мајки, имаат мајка и се среќни сите заедно. Во секој момент се тука за нив. Кога бев мала мајка ми отсекогаш ми зборуваше да станам млада мајка, да се образувам нормално да се вработам и да си родам млада. Зашто таа ме родила на постари години и немала живци за уште едно дете. И ми велеше немаш но брат ни сестра ама ќе си имаш повеќе деца. Ја послушав, некако ми се ,,споија,, коцките. Ама мислам никогаш нема да имам второ дете. Овој хаос, буквално немам никаква оддишка. Сменета сум во секоја смисла на зборот, не се пронаоѓам буквално. Незнам како ќе биде кога ќе тргне градинка ама претешко ми е засега. Но неможам да се замислам без ова мало човече, толку сме приврзани што не се опишува ова љубов. Но незнам дали некогаш би почнала од почеток со второ. Хормони, плачки, заби, доење... Нека ни се живи и здрави само.
Во последните години се случува еден процес кој ќе го наречам претерана "економизација" на меѓучовечките односи и на животот воопшто. Почнуваме да ги интерпретираме нашите приватни емотивни односи со другите луѓе низ призмата на економски параметри и ги опишуваме нашиот животи со економски изрази. Првиот пример е дефиницијата за успешен човек, маж или жена. Скоро 90% се мисли на професионален успех во работата. Значи ли тоа, дека студент или невработен или пензионер или волонтер, не е успешен човек. Или вработен кој е на некоја (по)ниска работна позијција, ама сепак е финансиски задоволен од платата. Може ли на пример, менаџер на фирма да е професионално успешен, но е да лош татко во приватниот живот? Дали жена која е касиерка во супермаркет е професионално (не)успешна, а е прекрасна мајка на едно, две или повеќе деца? Втор пример е кога се употребуваат економски изрази при опишување на меѓучовечки односи. Па некој ќе рече дека многу инвестирал во врската или во бракот, па друг ќе рече дека многу вложил време, емоции и енергија ...итн. Зборовите "инвестирање" и "вложување" се економски зборови кои претпоставуваат некаква форма на однапред пресметано однeсувње со планирана идна добивка. Љубовта не е инвестиција. Трет пример, можеби и најчест во Македонија, е дружење поради директна сегашна корист или можна идна корист. Се дружиме со некого оти ни треба за нешто, за некаква помош за некаде, за врски, за некоја услуга, оти ни е шеф... итн. А приватно и емотивно не можеме да го поднесеме човекот, не ни е пријатно со него, ама не ги прикинуваме односите, оти можеби ќе ни затреба. Четврт пример е кога влегуваме во директни економски односи и услуги со блиски другари/ки или роднини. Чист приватен однос го надополнуваме и со економски однос. Си позајмуваме пари како другари, си бараме и нудиме најразлични услуги. Па мешаме баби и жаби, па мериме кој колку добил или изгубил од другарството..... и на крајот ќе се изгубиме и ќе се заплеткаме. Неретко и ќе го прекинеме другарскиот однос, за жал. Петти пример ми е фразата "инвестирај во себе". Да се разбереме, немам ништо против да дадеме пари за курс за странски јазик, на курс за комјутерски вештини, да платиме онлајн семинар или вебинар, да одиме на обука за сметководство или маркетинг... Имам проблем со зборовите. Може ли да запишам курс по италијански оти едноставно го сакам италијанскиот јазик и ја сакам Италија, а не ми треба за работа. Може ли едноставно (да посакаме) да направиме нешто спонтано, добро за себе или за некој друг, без било какви очекувања и интерпретации? Секако дека можеме.
Кој будала му плаќа на Гугл за слушање музика освен мене? Малце така не убаво ми е коа видов сеа дека повлече, ама не можам без апликацијава
На овој народ и гомно да му дадеш бесплатно, ќе дојде преку илјадници народ на улица. А па да не праиме муабет за сендвич или концерт. А да излезе на протест го заболе ташак.
Зошто " Браќа Манаки" ми е само бледа копија на Оскарите и фестивалот во Кан? Зошто глумиме гламур и престиж одржувајќи фестивали како овој или оној на Дино Мерлин, а кога се работи за нашата благосостојба како народ не нема нигде? Па ајде бе вие шо се прајте јаки спонзори донирајте нешто, онаму каде што нема или донирајте по болници, донирајте за противпожарна опрема.... Не не бива
Па најверојатно затоа што сите се филмски фестивали, што треба ако не да направиме кабаре шоу за "Браќа Манаки"? Ти имаш донирано некогаш некаде?
Не сум профитер шо притајува данок и немам милионски суми во мене да донирам за скапа опрема и сл. Инаку, да, си донирам скоро секоја недела по повеќе пати на луѓе каде што треба, исто и купувам храна. А, ти?
Секоја недела по повеќе пати? Браво за тебе. Јас ќе ти кажам тогаш кога ќе кажувам кој се треба да донира. Инаку не ми кажа како треба да изгледа "Браќа Манаки" според тебе?
Мм г-дине Паметнаковиќ... Нешто Ве засегнаа моите зборови,гледам. Да, донирам по малку секоја недела, пример среда и петок ми се одвоени од недалата за пуштање пари за донација или купување храна . Еве јас јавно кажувам, колку имам давам. Кажи и ти. Не ја откривам мојата идеја. Те оставам да размислуваш.
Браќа Манаки треба да личи на селска собиранка? Сакаме да сме светски, да имаме култура, да се случува нешто и кај нас и после плукаме на сѐ. Епа не оди така развојот.
Па вас ништо не ви чини? Ако има убаво дотерана собиранка ау како се осмелуваме умислени угнетени едни Ако не организираме никакви евенти пууу сиротињи на ништо не личите глејте у светот што се прави како не ви е срам За све живо да се серело значи
Најмногу ме нервира што на секоја манифестација се спомнува Кочани. А луѓето од Кочани одат на тие манифестации.
Не треба да се заборави,ама не треба ни да се забрани да има фестивали и собиранки А тие што го спомнуваат Кочани на секое, не жалат повеќе од родителите што ги закопале децата, да се разбереме