Сакам да кажам колку многу сакам чикен од Седмица... Не, не. Обожавам. Сакам е мал збор. Колку само е совршен. Колку само кечапот и мајонезот им се комбинација снова. И со кисели краставички. Добро јас и со свежи зимам. И додај кока-кола со тоа. Е, и после благо не доаѓа у обзир. Да ми се расипе соленото. Нц. Никако. И како ќе издржам јас без 7-ца кога нема да сум у МК? Само тоа најмногу ќе ми фали... Ни еден друг чикен нема да ме успокои. Е до толку е стигната работава. Ја у 1 по полноќ да сакам да кажам дека ми е омилено јадење. Еве и сум го фотнала некогаш. Фотнат ми е у срце. Бидете здрави и живи.
Абе снег врне? Или ми се чини.. Мада овде кај шо сум е високо, па не би ме чудело Дали ќе иаме конечно права зима годинава?
Денес систематски имаа првачињава. Едно детенце, машко (релевантен е податоков) почна да плаче кога слушна дека ќе ги боцкаат, дури почна да му се повраќа. Наместо да го смири, госпоѓа мајка почна да му вика па каков маж си, не плачи, види девојчињава не плачат. И тука го имаме зачетокот на фамилијата и идеалите што ги опиша членката погоре.
Сакам лето, сакам зима, ама вака без протокол, калаку*ница од 35 степени на 3 Одбивам да прифатам. Да се вратат пролет и есен
Има теорија дека среќата е наша природна состојба. Малите деца би требало да ни бидат пример. Тие се природно среќни, без причина. Подоцна некаде, на патот од детството кон младоста, стануваме сериозни, возрасни, несреќни, условено среќни, ретко среќни.
Ништо на свет нема да ме убеде да купам од производите што ги увезува Зегин и што не се продаваат на ниедно друго место..
Мене ми е сумливо како некои лекови и производи само зегин ги увезува и ги има само во нивните аптеки. Од ниедно друго место не можат да се набават.
Едно кретенче се качило на тротинет, со една рака управува, со друга држи чадор И кој ви е крив бе коа гинете? Народов поглуп мислам никад не бил.. Интересно е тоа шо како технологијата иде напред, така ко да ментално заостануваме
Зборот „соперничка“ не е некој нов или измислен термин, туку тоа е сосема нормален, правилен македонски збор во женски род. Се користи кога станува зборр за жена што се натпреварува со друга, тоа може да биде во спорт, кариера, некоја активност и слично, а не само во љубовна смисла. Истото што е „соперник“ за маж, тоа е „соперничка“ за жена - просто ко грав. Да, постои во речниците. Не е нешто што некој си го смислил од ракав (осовено не дека ни го измислиле турските серии) . Овој збор го има дури и кај Конески, го признава МАНУ, се среќава во сериозните македонски јазични извори и во мал милион книги. Ама ете, ако почесто читавме книги наместо да се лепиме по турски серии, ќе ни беа познати вакви убави, македонски зборови што, за жал, почнавме сè поретко ги слушаме а еве и денес не им го знеме ни значењето.