Ми фалевте некако.. Реков, да влезам да видам каде ми се оние со кои две години непрестано се дружевме секоја вечер тука, после секоја журка, после секој љубовен проблем, после секоја расправија, после секоја среќна дешавка во животов.. Реков, ќе земам на секоја посебно порака ќе и напишам, но 90% од нив одамна не се приклучиле тука.. Не за џабе велат, интересно е како мислиш дека ништо не се променило, а кога ќе погледнеш назад, ништо не е исто.. Овие зимски депресивни денови ми фали се..
До кај ја дотеравме... Чим некој кажи дека е со некого во врска,наместо честитки сите викаат ај СРЕЌНО небаре оди во рудник и не знае дали ќе се врати жив... Љубовта нема рок на траење,а се чини дека сите сметаме дека е среќна само ако е долга или вечна... Но нај често вистинските љубови немаат век...
Најтапа нешто ми е кога ме осудуваат врз основа на тоа што слушам и со кој се дружам и како се облакам и колку пари имам. Не пошто ми е гајле што мисли за мене некој кој што ми е апсолутно ништо во животот туку мизерни ми се што воопшто мислат дека ме боли мене долнава за нив. Ако уопште мислат со тие главите на кои натрупале три тона пудра а у мозокот ништичко.
Можиш да заминиш надвор од домот, од градот па и од државата, можиш да запознаеш многу луѓе, други карактери, да ја смениш храната, да го смениш стилот на облекување, можиш да се промениш физички. Но каде и да одиш ти си ти срцето и карактерот остануваат, сите рани, убави моменти, сеќавања ги земаш со себе, тоа е неизбежно..Од својата кожа не се бега да можеше, јас прва ќе го направев тоа
СДК се чуствувам многу збунето,измешано... Никако да успеам да си средам мисли,постојано се губам во обврсите,никако да го фатам ритамот.
А онака "најкул" ми се типките / типците што кога ќе излезат или ќе почнат муабет со некој/а дечко/девојка почнуваат да им кукаат како се разочарани од бившите и од спротивниот пол. И, верувате овие другиве воодушевено ги слушаат. Алооо абе не ви се тие психијатри не излегле со вас за тоа да го слушаат
Имам цела низа на омилени мириси. Тука главно се мирисот на мандарини,на дожд,мирисот на готвената храна на баба,мирисот на штотуку отпечатена хартија и оној на свежо косена трева. И во последно време имам уште еден омилен мирис. На него. А,не носи ниту парфем,ниту колонска вода. И пак најмногу сакам кога мирисам на него. И уште нешто. Кога го гледам дождот,невремето,грмотевиците,сфаќам колку сме слични со природата. Трпиме се и одеднаш небото се распукува. И едноставно ниту ние,ниту природата некогаш не можеме да го издржиме притисокот на се` околу нас. Ама тоа не спречува наредниот ден да биде убав и сончев. И се да си оди по својот тек. Пред некое време прочитав еден цитат,во кој се вели дека некогаш кога мислиш дека се` се распаѓа,најверојатно се` паѓа на своето место. И не можам повеќе да се сложам со тоа. Имајте убава вечер и се читаме на новата платформа. П.С. Во што се кладиме дека нема за еден ден да биде миграцијата на новата платформа? Се надевам само дека нема да чекаме долго.
A ние што сме докажано зависни од форумов, да го напнеме до еден нула нула? Шо викате? Чисто полесно да го преболиме утрешниот ден. #happyhour
The boys are back in town, the boys are back in town Моите ќе се вратат утреее конеееечнооо Кафе со моите стварно најдобри другари на светов Spoiler Во последно време, после климаксиве, будали станаа живи смешки ми се нема некој што повеќе сакам и со пoлна душа да го т.е. ги чекам та ла ла ла лаааа , the boys are back in town
Кој е сеуште буден? Ноќните птици се спремни и за дремење ноќе, но и за работа сабајле. Не бидете мрзи, се можи да се направи ако се сака Порано овде се редеа постови и касно, сега сите спијат, кој за училиште, кој за факултет... Море очи ми паѓале за на факултет, ама важно на Фемина си се дружев Поздрав до сите, особено до будните P.S. Е добро де, на сите ни е ладно, сите постови, измрзнав... И како тоа гледам чудо, новата платформа ќе почнела В година можи...ама кое време не се знае.
Divinebutterfly-Фала ти за поздравот,будна сум Убав ден исполнет со многу луѓе и позитивна енергија. Ја сакам зимата но истовремено ми недостигаат сонцето и слободата.Несакам кога сум затворена во 4 зида.Темнинава некако ме задушува и ограничува.Ноќта е предолга,а јас сакам да живеам.
Поздрав до “уреднички“ тим и ви држам среќа што побрзо и полесно да ви врви работата со средувањето. Очекувам утре да сум пријатно изненаЃена. Ај, лека.
Последен пост на оваа платформа. Се надевам ќе биде поубаво. СДК убав почеток на новата работна недела и добра ноќ.