Каква врска има тоа уопште кога со години се дише отров, ајде онда да седиме дома и да чекаме полека сите да умреме без да се побуниме. Ако некој сака да биде нечуен и да страда ради нечији бизнис, да се разболуваме и да се понашаме ко да сме заостанати у развој, а не сме, мора да се делува. Кој има проблем со тоа сигурно нема да му докажуваме зашто и кога се протестира
Главниот град(и државата) ни се во колапс! Парно нема, пукна една цевка - цел град снема вода, струја со намален напон, во ѓубре тониме.... Долга зима не чека.
Дали постарите помните далечните 2010 - 2018 како овде се везеа прекрасни реферати за убавината на есента? Училишните/студентски/работни денови, збиднувањата, вкусовите на зимницата, џемот, ајварот... Имаше толку доживувања за ова годишно време, за кое тука беше пишувано во сите колоритни спектруми. Сега нема, но знам и зошто. Речиси никој веќе ни ги доживува емоциите со полн капацитет како некогаш. Не дека не се случуваат убави/неубави работи, туку бидејќи некако отапевме емоционално колективно. Станавме еднолични толку, што ни есента не ги ни брише сивилата од лицето. Исполнети критики, предрасуди, его, а многу малку љубов.
Зафатени се со новите проекти што ЌЕ ги прават. Не доведоа во камена доба.. да се радуваш дека ќе има функвионално комунално претпријатие...
дечки..можи не е за тука,ама барав тема не можев да најдам. Конкретно ме интересира дали знаете некој проект кој може да се работи од дома за странство за добивање на некој сертификат?Дали познавате некоја програма таква,амбасада?Фала многу!
Браво за битолчани, најспортски град.. Само 40км сме разлика а светлосни години понапред од Прилеп во секој поглед.
После толку лоши вести навистина е точно дека треба да сме среќни што сме се разбудиле здрави и живи...
Најбитно е да не загорзува со штрајк безбедноста и правото на граѓаните да си ги земат децата од градинка или да итаат дома... Него, коа ќе има следен партиски собир, штрајк против педерастијата или некој бесплатен концерт?
Кога возиш самостојно веќе месеци, и се разминуваш со инструкторот кој те научил да возиш, па те мава едно чувство и си ко: (буквално со дождот вака) Look at me, I'm an big, independent girl driving on my own now. :') Секогаш ќе памтам и кажувам дека најсупер си поминав на автошкола додека ги возев часовите, да можеше пак за џабе така ќе се развозував со истиот инструктор низ град. Од убавини да не куртули тој човек.
Секој изборен цисклус, во предизборната кампања најмногу дознаваме за крадењето и лажењето во изминатите години. Тоа нас многу ни помага така што ќе гласаме за тој што помалку краде на збор.
Леле луге, после изборите не сте свесни колку ќе биде чиста околината, воздухот и државата, со зеленила, паркови, паметни системи и што не. П.с. истото беше ветено 20 пати до сеа, али најбито е тоа што го пишав во предходниот коментар..
Превземено. „Нема врска. Моите родители ме тепаа кога бев дете и не сум толку трауматизиран!“, вели маж кој бил пријавен од поранешната партнерка поради физичко насилство. „Кога бев мал, родителите ме оставаа да плачам додека не заспијам и тоа траеше со часови, но така научив да бидам самостоен“, вели човек кој ноќите ги поминува на социјалните мрежи. Не може да заспие. „Бев строго казнуван кога бев дете и добро сум“, вели човек кој секогаш кога ќе погреши се казнува себеси на секој можен начин. „Како дете, кога бев нерасположена, татко ми ме заклучуваше сама во соба за да размислувам што сум направила, а денес го ценам тоа!“, вели жена која страда од напади на паника и не разбира зошто е клаустрофобична. „Кога како дете имав напади на бес на јавно место, родителите ми велеа дека ќе ме остават или ќе ме дадат на странец и еве, завршив многу добро“, вели жена која молела за љубов во сите врски и прифаќала повторени неверства, само за да не биде оставена. „Се смрзнував од еден родителски поглед, а видете колку добро се снајдов!“, вели жена која не може да држи контакт со очи, а да не се чувствува исплашено. „Моите родители ме натераа да изберам кариера во која ќе можам убаво да заработувам и видете до каде стигнав!“, вели човек кој со нетрпение го чека секој петок, очаен што секој ден мора да работи нешто што не го сака. „Кога бев мала, морав да седам на маса додека не ја изедам целата храна од чинијата, дури и на сила, а не како овие попустливи родители!“, вели жена која не разбира зошто секогаш имала проблеми со јадењето. „Мајка ми со влечка ме научи што значи почитување и добро ми направи“, вели жена која пуши по една кутија цигари дневно за да ја држи анксиозноста под контрола. „Им благодарам на родителите за секој удар и казна, затоа што инаку којзнае каков би бил“, вели човек кој никогаш не бил во здрава врска и сопственото дете постојано го лаже од страв. Живееме секојдневно меѓу луѓе кои за себе тврдат дека не се трауматизирани но парадоксално во општество полно со насилство и длабоко повредени личности. Целта не е да ги обвинуваме и осудуваме нашите родители, туку да разбереме дека таквото однесување не било исправно, да најдеме сила за простување и да не им го пренесеме истиот товар на идните генерации.