Многу одвратна особина кај луѓе ми е кога го менуваат карактерот ако се стекнат со пари пример, или од позиција на "моќ" во ситуации каде што имаат контрола над нештата тука испливува вистинскиот карактер на површина, она кое што тлеело во нив но немале храброст да го покажат или не мора пари да бидат, имав колега кој што беше дебел и се однесуваше фино и повлечено но по некое време се среди со теретана и гледам со сите арогантен на макс, оф леле ја па го мислев колку фин дечко тој да ти бил несигурен во себе затоа бил "фин" и повлечен уствари у него се криел арогантен карактер и сл. примери..
А, да, после инстантно стануваат супериорни, егоистични, дури и безобразни, па ти продаваат муда за бубрези. Она коа сепак не си ги излечил комплексите е многу опасна работа На крај пак се едни обични лузери, жал ми е. Сдк Колку пренапорни и подли биле ова стариве, за среќа одамна немав ваков близок 'контакт' со стара особа која ми затупе мозок, а немав како да се извлечам Кои крипи муабети ми напраи Сеа страв ми е од уроци Огромна будала сум шо дозволив да ја 'анимирам' на некој начин
И на чат гпт му е смешно кога му викам во мојот град дека сите со секој се занимаваат ,и плеткаат .Ми беше интересна неговата реакција
Гледав пред малку на телевизија една оперско-балетска претстава Les Indes galantes од францускиот композитор од времето на барокната музика Jean-Philippe Rameau. Оваа претстава прв пат била изведена во Париз 1735 година. Значи пред скоро 300 години. Jean-Philippe Rameau живеел од 1683 до 1764 година. Еден од моите омилени композитори. Поентата ми е следна. Таа музика која Rameau ја напишал и до ден денес се изведува во светските оперски и концертни сали. Допира до срцата на милиони луѓе. Тоа е моќта на убавата музика. Да се слуша од пред 300 години и да се слуша и во следните 300 години.
Се уште ми е мистерија како во времето на барокот па се до и со романтизмот толку добра музика имало, такви композитори кои без струја, без технологија, некои и буквално без слух создавале дела кои се толку комплексни. Каде има такви таленти денес? Како е можно таков пад да се случи?? Али и ретко кој слуша и сака класична музика Ја од увек сум сакала класична музика и тоа си го сметам као знак дека имам добар слух
Мислам дека денес нема такви таленти, барем во областа на класичната музика и опера и балет. Има современи композитори, кои создаваат класична музика, опера и балет, ама мислам дека не е во тој стил и не може да се каже дека е толку добра како музиката која ја компонирале Rameau, Mozart, Beethoven... пред 200, 300 години. Дали е пад? Најверојатно да. Второто објаснување е дека класичната музика, опера и балет, не се толку застапени во традиционалните медиуми ТВ, Радио... и во модерните онлајн медиуми. Повеќе е присутна во специјализарни медиуми и не е толку пристуна во јавниот медиумски простор.
За младиве изгледа не важи правила на облекување и не знаат како се оди на работа в канцеларија, со даден дрес код. Како да заборавија што е естетски убаво и морално да се носи.... Гледам една колешка, си стаила фустан со цеп до горе, муке нема. Си седи на стол, си ги расчекорила нозете... Ги испуштивме од раце...
Ајдеее почнавме и балкански серии по амерички терк да снимаме... Секоја престапна година по една сезона. После факинг 4 години втора сезона Црна свадба, ви теќиње? Катабаза, Тони Михајловски, секташи... Имате среќа на црно шо ве глеам, сеа пак треба прва сезона да преглеам мме...
Многу работи сакам да кажам денес. Есента ме потсеќа на чистење на хаосот, овој пат ментално. Многу е битен животниот сопатник да ви се погоди, тогаш животот е полесен и поубав. Можам да кажам дека имам маж со чисто срце, но воспитан е многу поразлично од мене. Го тренирам за да станеме една поубава фамилија на кое детето ќе се огледа. И ми оди, ама некако бавно хаха Додека јас сум учена во семејство каде татко ми бил присутен колку толку, тој е учен дека татко му мора да скита и да биде главата, да донеси пари, а потоа само да се испружи дома. Додека сум учена од авторитетна мајка, речиси се правеа заедно со татко ми. Татко ми знаееше перална да спружи, да измие чинии и да направи ручок. А мајка ми пак, знаеше да му помогне да ги наредат дрвата во зимо, дури знае ракија да вари. Ете мајки, учете ги вашите синови дека еден ден кога ќе склопат фамилија треба секој да биде вклучен во обврски. Јас се намачив маж ми да го тренирам дека треба да направи ручек и да биде иницијативно. Дека треба детето да го шета без да нагласам. И најако од се е дека овие кога си во врска не се некој голем проблем, зашто си мислиш се е некако лесно, се сакаме ќе функционира. Ама колку е подруга реалноста само. Како станувам повозрасна се повеќе знам да држам лутина, додека порано се лутев за ништо ама ми минувало за секунда.
И јас сакам да знам, барав пред малку ама нема, за без пари де. Ама што вика Гош ќе морам и ја прва сезона да ја погледам пак.. Иначе читав добри рецензии за вторава, демек била подобра и од првата.
Уште ја немаат ставено, али ја чекам на filmoton и gledajdomace. А може попрво и ќе ја зипува некој на balkandownload.org.
Не се снимаше поради убиствата во школото и убиствата на оној што се шеташе и убиваше од село во село во Србија. Многу ги нападнаа дека поради нив биле мотивирани да направат такво нешто . Па решија да направат пауза. Вистинска инспирација за настанот на почетокот од филмот е случката во село Јабуковац.