Дали сме така навикнати или до што е не знам и јас не можам ,кога ќе ми каже некој јадев ленено семе со јогурт..па тоа дали 10минути држи хаха каков овес каков лен , јас може да се пофалам од кришка леб со путер од лешници е тоа до ручек ме држи ,другото тешко ама викаат дека е многу калоричен путерот од лешници ,кој го знае , јадете што Ви се јаде и онака сме гости на овој свет и пијте цедено сокЧе
Не ме карајте. Јас на сабајле секогаш каснам некаде, немам толку време. Често и на работа го правам овесот, порано на факс и во средно во школо. И сите што ме видат како го правам ме гледаат како во кифот на @theowndemon
Ете така Ја неам ни пробано мислам овес и од тие триците не ни планирам Каква манџа бре, се знае, месо, скара За доручек манџа јадреш? Ај не спомињај пошо пола тегла ја мавам ко од шала, од путерите повкусен не постои од него Без леб го јадам со лажица И ај објасни сеа коа си тука шо ти е оваа опседнатост со соковите?
Башка во (додаени) шеќери вака инстант ќесички овесни каши и чист овес се небо и земја. 70тина калории од млекото се најмал проблем.
Овој обичен овес, со јогурт или кисело млеко, со сирење и свежо цедено ленено масло... Ем лек, ем преукусно.
убави се има многу убави комбинации , ослабев 3кг за еден месец движење и пиење сок и не ми се вратија и така ...и тсх ми се намали ,се надевам нема да ме стават на терапија, помагАт
Овес, ко од сликата од Демон. Па тураш жешко млеко, коцка црно чоколадо, мешаш, поклопуваш 5 минути да впие. Сецкаш банана и јадеш. Или од вечер, во јогурт, плус мелени ореви, некое семе со омега 3. Во фрижидер нека дреми. Не дека ќе те најаде де, ама ако баш сакаш овес. Исто време одзема и омлет одсабајле или варени јајца од вечер.
Е леле, заборавив, овесот го мелам со рачна мелница (појма немам постои ли ваков збор) и ми стои во тегла, реди то јуз
Сите сме јаделе земја како мали бе Додуша ако си у асфалт растен- проблем. Али можда знаеш каков вкус има асфалт (доволно е додуша да го помирисаш во лето, и доволно прецизно може вкус да ти се визуелизира)
Ако треба и манџа ќе појадувам ама знам дека ќе се најадам. Шо ќе ме најаде тоа кокошкино просо, аманте какви желудници имаат овие, минијатурни ли?? Јас кога седнувам да јадам, салам се наждерувам, јадам колку за двајца мажи од 100 кила. Незнам кај ми оди сето тоа кога пак сум слаба, знам само дефинитивно во цицките не.
Епа дека си слаба, да видиш како ќе беше и водата да се фаќа за тебе, како ќе јадеш овес и ќе прашуваш уште дали има.