Зашто толку многу стереотипи кои што пред некое време беа надминати се враќаат повторно, или мене само ми се чини.
И повторно сите ние го преживеавме тој кобен 16ти Март! Се сетивме колкава болка, тага, несреќа е! Се сетивме колку не сме им поддршка на родителите на загинатите деца, се сетивме колкава тага носат по цели денови, секој ден. И пак нема да превземеме ништо. И пак ќе излеземе во недела на гласање, пак ќе продолжиме со животот како ништо да не било… Скршена сум денес
Ете така. И никој не може да ме убеди дека ова не е вистина. Као демек, мажот го врзуваш со брак и дете.
Психологов многу пати знаела да ми каже колку мои негативни или чудни навики, особини, ставови имаат врска со самодоверба. И мислев дека ептен ја тупи со самодоверба све до скоро кога одредени работи спонтано почнав да ги гледам и доживувам многу поинаку, поотворено, похрабро откако осетив подобрување на самодоверба на сосема други полиња. А истиве работи никогаш не сум помислила дека имаат воопшто веза со самодоверба туку дека тоа ми е нешто врежано и непроменливо.
Sdk Koga ke vidam visoko funkcionalna intelektualna licnost, koja ima odgovori i resenija i generalno na nea/nego se potpiraat povekjeto, se prasuvam on/a na koj se potpira ako e popameten/na od site?
Колку ми изгледа глупо и ми ја навредува и тоа скромно IQ шо имам, ама со народски пари да се рекламираат да не речам токсично политичкиве партии и како ми ветуваат бајки некои си во кои ни самите не веруваат и веројатно се смеат во себе си како не дупат, само ајде..
Да е Македпнецот така жучен на собири, простести, бојкоти ко што е силен на тастатура со името не го даваме и Солун е наш, како и мерење костени по форуми и експертизи на секоја тема, ние ќе бевме ко Словенија на Балканов.
Ги гледам лицата на билбордите закачени да промовираат “подобра иднина” во општината, градот и државата. Гледам олоши, лажни насмевки, гледам алчност, себичност и подмолност. За почисто Скопје идеше некоја реклама на тв, менувам канал замислена во Топаана саде ѓубре, во Чаир ѓубре, Чучер Сандево неизграден пат дупки… не угушија! Не продадоа ко мравки за ситни пари. Ми мириса на иста прогноза и наредни 10 години, примитивен и прокуитентен народ, ти свири, те гледа попреку, со завист и љубомора. И така нема сонце да видиш, те дотолчува депресијата во времето, облаците само што не капнале. Жално..
Дали може некако да се направи да има избори на 6 месеци или една година ? Па вака интензивно работење по општиниве јас немам видено, се можело да се заврши значи