Парите од родендени шо ни ги собираа нашиве си уживала по одмори хихих. Мала шала, а може и вистина. Знам дека и за руво ни купувале од тие пари.
Важевме за најголема село на Балканот, сеа сме станале најголемата депонија, тонеме у гомна, ги боли курац сите, да ти се згади да кажеш од кај си Колкава длабочина има ова дно што и покрај што сме го пробушиле, не доаѓаме до крајот
Тоа од дома навечер што ќе направам , замисли не знам што толку се фативте за мене , поентата ми беше скроз друга
Оти е чудно да поминиш со 600 денари цел месец. Паштета и леб да јадиш цел месец нема да ти стигнат, ама ако дупи си ги на форум со магла муабети.
Ама не знам и вие шо се чудите, малце ги има шо живеат на туѓ грб? Не знаеш кое е победно, да не се трудиш на никаков начин да придонесуваш, или па као придонесуваш, примаш плата, а товар си пак на друг. Паразитизам на ниво. Е вака многу е лесно да се штеди, и секој би заштедил, после ги глеаш со станови, коли, се мачеле, си обезбедиле со труд и пот И вакви ќе паламудат и ќе ти држат предавања како се води домаќинство на економичен начин.
Во право си, месецов дури ни 600 ќе немам ...еднаш само купив кроасан од 50ден и два пати бев на кафе од 100ден , до сега 250ден потрошив , ама има време до крај на месецов , утре не се работи ,задутре го споја 4 дена дома и уште таа недела толку
Не знам за пари, ама не би била лута ако пишат шо го интересира детето, на што е љубител, итн. искрено појма немам што да купам за дете другарче од градинка?? Веќе кога го праите тој муабет, дајте идеи!
90% мажи живеат на грбот на жената која им купува стан и куќа , па сега проблем е што имаш фамилија што ти овозможила нормален живот и заработуваш и штедиш на млади години , може утре ден ќе треба на маж ми стан да му купам , досадни сте.
Абе да, ама мене не ми е јасно ако јас работам - некој друг да ми подмирва основни работи. Не можам да чекам мајка ми и татко ми да ми купат храна, препарати за нега на лице, коса (LOL), тело. Работам за да живеам од тие пари, не работам за џабе. Кај е и мотивацијата за работа ако трошам 5% од та плата. Не можам да замислам да зависам од друг да ми купи влошки, само за јас да штедам. Себично е. Себично е да очекувам некој да се оддава за мене и за возврат јас само да постојам. Едно е да немаш работа, едно е да си со значително помали примања. Ама дури и тогаш гледаш да „вратиш“ некако кон тој кој те издржува. Ама реков. За мене е ова rage-bait. Иако мислам дека е уба тема за дискусија за финансии и учество во домот. Оти и да живејме со родители, баба/дедо, па ете чак и партнер - како возрасни и работоспособни индивидуи кои имаат свои финансии, е само фер дел од тие финансии да одат за заедничките потреби на семејството/ заедницата. Себично е само едната страна да дава, а другата страна само да зема. Мора да има баланс, према можностите.
Добро, а еве влошки кој ти купува? Некоја блузичка, нешто од облека не си купуваш, некоја крема за лице, лабело, шампон?
Па у овој случај да ти кажам глупачи се жените, преглупи шо трпат паразити. Се работи за искористување у двата случаеви, и у твојот и у тој со мажите паразити. Утре нема да знаеш сама да се снајдеш, никој не е вечен. Прелоша услуга ви праат, не се воопшто должни да ве издржуваат коа ќе начукате години. Не си единствена за жал, иам примери у околина. А замисли истите се толку неблагодарни створови, страшно нешто. @theowndemon се надевам само добро трола, оти забеган е целиов нејзин муабет. Жално е што сепак постојат такви ко неа. Битно се пофали дека солидно заработува да може да си дозволи брендирани ствари, ама сепак сака да ги цица најблиските. Не бе оперирани се од срам луѓево..
Каква некултура и дрско обраќање за некој што само споделил мислење во тема Сдк дека додека си млад треба да штедиш и заработиш , зашто модератори толерираат навреди , не ми е јасно , ајде убав ден на сите , бидете малце позитивни
Еее, ова ви е човек за пример људи бре Ти реално само за политичар си, вакви политичари и требаат на државава шо ќе трошат 600 денари месечно а не да трошат за октоподи ние да ги гледаме само Па со вакви луѓе ќе го наполниме буџетот, а не со даноците од Тему туку со нивната скромност Мој предлог, да се кандидираш на следни избори, сите ќе те гласаме, белким ќе тргни возот и за нас со вакви скромни, чесни и честити политичари
Ех па и ти бе броу не се секирај толку, ќе остане вака така, барем како локација на Google Maps со ознаки "поранешна држава со големи очекувања"
Сакам да им се заблагодарам на финансиските богови што немаше мој број од вториот пар Мартинки што сакав да си ги купам на попуст, па сеа заштедив пари ( за да си купам исти такви али со змиска кожа за Блек фрајдеј ). #girl math
Те читам и не знам дали да ти ракоплескам или да се чудам... На 30+ години да живееш под ист покрив со твоите, а притоа да зимаш солидна плата и да не учествуваш НИКАКО во домашниот буџет ми е нереално, себично и незрело. Ти ја сфаќам поентата и потребата да штедиш, ама тоа не значи дека дома не треба ни денар да оставиш барем за некоја сметка, чисто од почит према тие што те ранат и што ти пружиле кров над главата сите овие години. Ако викаш дека трошиш 600 денари во месецот, ти уствари кажуваш дека буквално за сите твои потреби од најосновни до не толку есенцијални плаќаат твоите. И мене моите сакаа да ми помогнат додека бев помлада, зборам кога сум имала докај 20тина години. Не сакале да имам трошоци и секој месец кога ќе извадев пари да им дадам за сметки дома да учествувам не сакаа да ги земат, ама барем се нудев и плус придонесував дома со пазарење во маркет и слично. После извесно време и разговор со нив, сфатија дека не ми прават услуга со тоа што сакаа да бидам на товар на нивниот грб, затоа што утреден кога ќе треба да бидам сама и независна, ќе треба да знам и да можам сама да функционирам без некој друг да ме крпи цело време. Затоа повеќето на форумов реагираа исто на ова што го имаш пишано, никој не ти вика да не штедиш, ама сепак треба барем на некој начин финансиски да учествуваш во домот.
Мислам дека треба да се забрани постирање на видеа, слики, рилчиња на социјалните мрежи од наставнички и учениците. Има доста искомплексирани случаи.