Здраво Адидас, Барам жирант за кредит. Дали можеш некако да ми помогнеш? Се шегувам секако. Каков ајвар прави Адидас? Фала за добредојде. Ви посакувам на сите убава недела
Ништо, статива, 1 саат подоцна ни едно лп Ми ги избрка @theowndemon пуштачите со муабети стари сме биле, вакви, онакви
Fake news Биљарке, викаш глуп подфорум и после оти не пишеле. Башка младиве ептен се "храбри" со малку, па и поќе постари од нив. Знам пошто и "деца" (према мене) ми се пуштат и чичковци од 40+ . Или едноставно во медо сум со годините. Времето ќе покажи.
Ќе видиме Декември ко ќе предам круната на престолонаследничката. Имам два фаворити, уф како ќе лобирам гласно. У-ф. Ама не кажвам од сега да не им напрам анти реклама.
Среден пресек на парови кои имаат заеднички профили на социјалните мрежи е каде мажот бил ставен на игнор од 100% жени кај кои пробал некогаш во животот. Оженет е по заслуга на вереницата на својот другар која потрошила две години кај својата другарка да ја убеди да му даде шанса. Често може да ги видите низ град со маици Gucci и Phillip Plein со лого поголемо од нивното его. Нивниот lifestyle, вкус и стил на облекување се движи нешто помеѓу Курто Дудуш од Шутка и просечен маалски дилер од Пинтија.
Ќе поплукам, тарот карта ќе им отворам и ќе прочадам со тревки, и енергиите ќе ги прочистам со камчиња.
Не знам дали е за овде . Однесов капут на чистење во Хембој. Капутот ми беше од манго купен околу 5.000денари , носен една сезона и баш ретко ,ајде си викам да го однесам , се покајав 5000000 пати , скоро нов капут ми беше вратен со залепена мастика на капулачата , носете каде и да било да Ви чистат облека немојте во ХЕМБОЈ никогаш повеќе!!!!!! безобразни
Аман од овие , сите се жалат и уште отвараат дуќани насекаде низ Ск , јас исто носев јакна , како што ја однесов така ми ја вратија ми перена ни ништо а платив ,имаат позитивни коментари на нет ама изгледа од нивни луѓе или фејк профили , тоа е како човек може да се излаже по коментари
Па нз ама како Т-мобиле станаа на сите страни а се незадоволни мене така ми ја вратија јакната како што им ја оставив ,луда работа
Пензионер во КАМ треба посебен синдром да е. Чекаме на касите за плаќање, се направија поголеми редици. Отвораат уште една каса и ајде да се преместиме, две пензионерки од назад буквално физички нѐ истуркаа за да појдат пред нас бидејќи имале помалку работи. Па прашај госпоѓо ко нормален и културен човек, ќе те пуштам, не ми значат 2 минути плус да почекам. И после ние од овие треба да учиме, овие имаат право на глас да одлучуваат за наша иднина?