Се жалам за работи кои не сметаат и лажам дека правам работи кои другите ги сметаат за позитивни а јас не поради друштво.
Преј одам накај автобуска и пред мене, на патот, пар. Србинка со македонец, разглобува битна тема. Овој ко муле. Начинот на кој објаснуваше, пристапот, смиреноста..ах! Одма помислив со кој тоа си го губи времето. Абе сешто, во луѓето, за луѓето.
Им завидувам и капа им симнувам на оние кои имаат добра организација во денот. Си стануваат рано сабајле, си вежбат, си прават убав појадок, пред да одат на работа си спакуваат lunch box, све организирано. Ја едвај станувам веќе изморена, кафето пред мене па после му ја мислам. Трчам за на работа, пошто секогаш излегувам касно, заборавам јадење, а не па lunch box да спремам.
Дека си сама, ако имаш деца мораш да се организираш сакала-нејќела, чекаат од тебе, така да после некое време ќе влезеш во шема и се ќе ти биде организирано.
Да, да, далеку од тоа, ама еве гледам дека и тие што се сами се организирани. Сакам, нејќам ќе морам да се навикнувам.
Баш, се спремам за 10 мин и шибам, на нишо друго не мислам. Денот пребрзо ми поминува, буквално лета, и ми е прекраток за било шо. До каде вака, цел живот во трчаница ли ќе поминува?
И јас тоа си викам. Секој ден викам ај од утре ќе се организирам, ама никако, се некако не ми стигнува времето.
Децата се огледало на родителите. Откако почнав да работам во гимназија со средношколци, после првите родителски средби, не можев да се изначудам колку е вистинита поговорката „круша под круша паѓа“. Златни деца - златни родители“. Олош деца - олош родители.
Мали ноќни муабети со мајка ми. Ми испраќа фустан од тему. Јас: Невообичаен е. Таа: И јас сум невообичаена. Љубов само за оваа жена. И е. Бисерна, со огромни мачка очила, сите нијанси на хипи божица и вилинска коса долга. Освен што има единствено име во цела држава, полна е со болка, љубов и универзум и многу шарм. Се ме боли за неа. Секој атом. Не дека е моја. Ама ретко добро суштествие со толку несебичност во себе...
Мислам дека еднаш имам кажано ама ќе кажам уште еднаш.. Само мене ли ми се безвезе темите во категоријата секс? Може теми како теми и не ама коментарите... Уствари не се оф-топик ама се глупи.. Сега ми излегува во последно активни теми повеќе секс теми и отварам и ваква реакција .. Уште нешто за прв пат приметив на коментар од женско мора барем еден машки лајка, најинтересно е што на коментар со пишано "да" дури пет лајка од машки членови . Што ви се допадна другари во тој толку добро оформен коментар?
Си лежам и случајно налетав на мои слики од 2017 кога си ја имав косата осветлено со бланш (не цела од корен, беше како омбре, и фарба која ми падна многу скоро со миењето) но и така ми стоеше бидејќи природно посветла коса имам. И така добив порив повторно да го направам истото, да ја осветлам, но овој пат да и ставам и розева фарба. Секако ќе си падни за некое време, и ќе остани само осветленото. Многу свежина ми дава во ликот и задржува младешки изглед. Имам коса за извоз која брзо расти, па сакам малку да експериментирам. А исто така имам уште една битна промена што сакам да ја остварам до крајот на годинава. Thank you for coming to идеите на Амели во рандом вечер да си го средува животот.