Оние 5 mintute crafts men видеа канцер за мозок се, не знам зашто ги догледувам до крај, каков нон сенс
Од понеделник почува судењето за дискотеката Пулс. Чекам да видам што ќе посерат судиите пак и дали некој конечно ќе биде осуден правично.
Замислете здравствен систем каде што воопшто не мора да одите ткн. „матичен лекар“, туку одите директно во болница. Влегувате низ вратата, си земате бројче. За помалку од 3мин ве викаат во соба 11. Таму лекар ве прегледува и ви дава ново бројче за ендокринологија која се наоѓа во истата зграда, на 3ти спрат. И таму ве повикуваат, ве снимаат, ви даваат одма резултати. Ако треба дополнителни испитувања, ве препраќаат на друг спрат на истата зграда и вие од таа зграда си излегувате со сите потребни прегледи, снимки и резултати. Ова воопшто не е научна фантастика, туку веќе постои во Кина (линк). И ако се сака, поточно ако има политичка воља, не е петешко да се реализира во Македонија. Веќе постојат AI системи кои за помалку од 10 секунди можат да прочитаат и протолкуваат снимки од ренген, КТ или магнетна резонанца, 100 пати попрецизно од најдобриот доктор што го познавате. Доктор може да е субјективен, изморен, ненаспан, да поминува низ стрес, разводи или сл, ама вештачката интелигенција не. Таа ќе го провери сомнителниот дел, ќе го спореди со 100,000 други снимки, ќе направи анализа со сите достапни научни студии со слична анамнеза, ќе ја земе предвид и вашата медицинска историја, ќе ги исклучи сите невозможни сценарија, ќе ги вклучи и сите потенцијални причинители и ќе ви даде насоки по строг протокол.
Толку ме боли тој поглед твој. Знам дека за се ќутиш и се трудиш ама во очи ти се познава колку си разочаран. Јас сум многу повеќе но, не можам да го кажам. Ако ја отворам таа тема ќе се распаднам. До кога вака?
Денеска уживав во трчањето, едноставно ми стана пасија,љубов, начин на живот секој ден.Гевгелија ти благодарам на убавиот пречек, на организацијата, запознав врвни атлетичари од Балканот, шампиони во своите Држави, и денеска го направив моето најдобро време Спорстски поздрав, до следна трка
Бев и јас, последна трка за годинава Се надевав на PB, али за 35 секунди не успеав Како и да е, ми се свиѓаше живоста низ улиците, баш убава атмосфера, башка убаво време. Па и еден ме гледа со медалот дека таков светол вика Честито златен медал.
Мислев последна за мене Таа може ќе ја трчам чисто дека е од позабавен карактер. Али со овие што се понатпреварувачки може да заокружам
Судењето според оптужницата која е покрената, најверојатно ќе трае 15-20години, само за пример, во Турција, за слична несреќа, за 10 месеци, се донесоа 11 доживотни затворски казни.Кај нас 10 месеци ќе помине, уште нема рочиште едно поминато.
Абе, бевте на Теа Таировиќ? Го видовте пациентов? https://www.instagram.com/p/DRHugndEWWi/?img_index=1
Исто нели се случи и во Бразил, ја хајпнаа серијата што е слична на случката, на крајот од серијата пишуваше дека конечно после многу години се реши ситуацијата. Банана држава сме, све ни е џабе.
Прашувам како неук човек од правна гледана точка. Зошто судењето не е јавно достапно, првенствено за родителите, па после и за останатата раја? Така повеќе притисок ќе се прави, ќе нема ескивирања, ќе мора да се суди правилно. Имаме ли ние таков закон за јавно следење, појма немам.. Не те прашувам конкретно тебе, само се надоврзав на темава. Кој знае нека ми објасни.
Сама си одговори со вториот пасус. Инаку секое рочиште е јавно и отворено освен у случаи кога судот не бара изземање на јавност ради сензитивни материјали и остали дрндупки
Затоа што се плашат од реакцијата на народот, на родителите, да е јавна ќе дојдат од страна набљудувачи, бидејќи се работи за случај со многу жртви.Плус оптужија луѓе што воопшто не се криви, главните инспектори ги кријат.Баткине на врата, нив ги судат, што спасиле сигурно уште 50тина животи.
А дали постои можност, од правен аспект, да на барање на родителите на жртвите судењето стане јавно, дури и кога судот притиска тоа да не е така?