Завчера бев на November run во Гевгелија и за годинава заокружив учество на трки, вкупно 7. Нозете може да ми одморат сега И онака на секој старт, додека чекам да почнат да се одбројуваат највозбудливите 10 секунди, околу себе гледам десетина, стотина луѓе, секој со различна приказна... Некој првпат трча, некој 100ти пат. Некој трча за да се опорави од траума, друг трча за да ослабе, трет го натерале другарите, четвртиот сака да се проба, петтиот е пејсер на претходниов. Едни им е хоби и се поспори, други малку побрзи. Ама сите слушаме "Ајде напред, браво" од луѓе што никогаш не сме ги запознале, сите правиме "да пукне" со дечиња кои излегле да гледаат и навиваат, сите се осеќаме победници на финиш, на сите ни излегува душата низ нос низ тие 5, 10, 20 километри, а на крај велиме "леле сакам следна година пак". Ама најубавиот дел пак ми е кога некоја рандом личност гледа во мене сила, издржливост и си вика леле браво, ја вака нема шанси, иако и јас сум просечна личност како сите други. Исти сме, ама некој таму ми се воодушевува до бескрај.. Тоа е убавината на ваков спорт И така следеча година идеме со нови сили, со нови лични рекорди
Мислам дека некако научив периодов да купувам ствари што ми се стварно потребни. Баш рационално. Знам некогаш пак да си допуштам нешто, но некако почнав да зимам стварно ако нешто имам потреба. Не ми се трупаат залихи. Горда на себе
Кажи ми како ја совлада техниката на рационално трошење teach me master, баш би сакал да ја имам таа супер моќ Не можам никако да го направам тоа, влегувам за една работа излегувам со пет
па имав период од два месеци кога бев без прилив, ради трансфер нешто за работа и од тогаш почнав повеќе да си ја ценам заштедата. И некако многу повеќе крупни работи ми требаат периодов и видов дека ми е поубаво повеќе да заштедам зошто не знам кога ќе ми излезе покрупен трошок. На полош начин научив ама стварно и многу ми е дома поуредно, поубаво откако не трупам искрено… сега зависи за што трошиш ти
Знаев дека се крие некоја таква цака,инаку тешко човек да се рационализира Збориме за обично влегување во маркет или за облека, врло веома тешко е да се суздржам со само една неопходна работа
Мислам дека chatGPT ме мрази. Му реков да ми даде рецепт за шпагети со туна и напоменав дека е за еден човек и ставив толку колку што ми кажа и еве имам за 3 дена да јадам шпагети.
Не ми се јасни овие машките бе.. Работиме во иста фирма, неаме комуникација, освен за работата, имаш женска а ми лајкнуваш слики на инстаграм кои што сум ги ставила пред 1 година..
Се урлаше: ВАУЧЕРИ, ВАУЧЕРИ! А сега, многумина брзо-брзо сакаат да ги продадат ваучерите за кеш. После зошто не сме имале добри можности… и да имало максимално ќе биле злоупотребени со вакви манипулации.
Брука, највеќе од младината за младината. Дека се бесплатни, па да зграбат. Ама никако да им проработи свеста дека ако нешто не им треба, нема ни да посегнат. Препродавање, мизеријата е тука.
Шо е толку страшно ова? Пример, има лаптоп, му врши работа, сака нешо друго, телефон или било шо, па еве и за све шо сака друго, само кеш да има. Не гледам проблем доколку го продадат на некој на кого му треба навистина. Ете размена. Пак е помош за младите, и браво што си стоеја на зборот.
на времето и јас земав така таблет и многу работа ми заврши, ама само со име и презиме можеш да го земеш на твојот ваучер тоа и пишува ниту можеш да го продадеш ниту ништо, е сега откако го земеш таблетот после со него што сакаш можеш да правиш тоа е твое право. и не гледам причина некој да ми се меша во нешто што е мое.
Ако студентот има лаптоп/таблет (и едвај има за јадење или се мачи со сметки, сите сме биле студенти, знајте) - ако го продај ваучерот ќе добие некој денар екстра, и некој шо не се квалификува (постар студент) ќе му дојди да има некаков попуст. Во секој случај студентот кој се квалификува добива нешто, место без потреба да се трупа со нешто шо не му треба. Иако ова ми е тешко за вервање, дека можиш да дајш ваучер и да не си легитимиран на некој начин за него. Сигурно негде ќе мора да се покажи лична карта/индекс, ако не мора тогаш е стварно лошо организирано. Идеја за студентите: купете лаптопот и продајте го ако не ви треба, или продајте го стариот ако новиот е подобар. И не сфаќам како не засега дали ќе искористи некој ваучерот или не. Го следва, негово е шо ќе прај со него. Да не го следваше - ајде де. Ама го следва. Башка шо студентите кои јас ги знам сите ги искористија за себе, или планираат да ги користат за себе и да си напрат апгрејд на то шо користат. Така да се осеќам како ова со продажбата да е некое малцинство на студенти кои прат профит, или спин, само не можам да сфатам зошто.