Ама ако закачиме нешто барем згодни и фит ќе умреме. Не живеам јас во Скопје, ама да живеам би излегол да тренирам. Ако сака и нуклеарка нека има јас ќе искочам да тренирам, и надвор ќе седам. Ова е полошо од загаден воздух. Пробај да одиш различни периоди од денот да видиш во кој период од денот најмалку има, ма да зиме е често полно.. Јас тренирам и во теретана ама повеќе калестентик.. Тренирај надвор на шипки или дома ако имаш добри услови. Надвор е поубаво зиме, јас лето би седел дома повеќе.
У лето се пржат на плажа на 40 степени ама океј, битно чист е воздухот на море. Сончаници, изгореници и топлотни удари се многу здрави за телото. Паднат притисок уште појше.
Да, стварно е хаос. А речиси па и цел ден има гужва. Извор е, слободно може да се прогласи за жариште. Да иам неколку тегови, клупа и сајли и една/две за грб, дома ќе вежбам. Ама па опремава ич не е ефтина, илјади евра се во прашање А најубо е така и едни звучници јаки да имаш Калистеник надвор сум пробал еднаш, не ми оди со сопствена тежина, друго е коа одредена тежина врши дополнителен притисок.
Ја ни ова не го праам. Мразам топло, мразам лето пеколно, мразам сончање, мразам плажа. Исто така мразам токсичен воздух сред есен/зима. Само пролет преферирам, најидеално за све. Се што ти ризикува здравје, ако си паметен ќе го избегаваш, а не упорно да се челиш и докажуваш нешто. Абе све шо лета не се јаде, ај ќе го сфатиш тоа за скоро.
Ама и летно време можеш да се сончав до 10ч и после 16ч, и да трчаш навечер. Како што и зимно време можеш да пратиш кога не е загадено и тогаш да трчаш, возиш точак. После ветар, после дожд е чисто. Или ете ви го Водно, Кучково. Качете се таму и не е загадено. Има начин, се наоѓа секое време место за спорт и рекреација, само треба да бидеме мудри.
Извини зарем ставрно мислиш дека само во есен-зима е загадено?Не знаеш дека се гори отпад во СКОПЈЕ,цела година ,посебно во лето и навечер,тогаш е најзагадено ама не се осеќа дека е топло и сончево.Имам мерач за загаденост на П.М. честици,и тоа само не лажат од коли и греење дека е.
Да, особено е загадено кога е сончево навечер Има нешто со динамиката на топлиот наспроти ладниот воздух, затоа не се осеќа, пошто не се задржува блиску земјата, туку оди загадувањето во повисоки слоеви.
Абе сеа....желката цел живот си е дома, едвај се движи, и живее стотици години. Така да, бидете како желката
Слушнав дека животот бил полесен ако си ја гледаш твојата манџа и поретко се забркуваш да посолуваш во туѓи манџи... Кој сака нека спортува во зима, кој сака нека седи дома
Најдов некој нов шампон во Стокомак со зелен чај и така има некој мирис ко билки, не знам да опишам точно и ај го земав и го пробав и океј е. Никој: Ама баш никој: Дм: Ми мирисаш на сјај за садови
Хахаахахахах навечер сончево било затоа не се осеќало Дај не се губете, и те како се осеќа и преку лето коа палат, коа беа пожарите не се осеќаше? Не бе ич И да не се пожари, пак се осеќа дали ја има таа свежина во воздухот, или ја нема. Баш тогаш на сета таа топлина, уште по неиздржливо станува, и мирисот, и те гуши. И неспоредливо е тоа аерозагадување во топлите месеци, и ова сега кое секоја година нè опкружува. Да ви го иам паметот, да се одморам, на 2-3 дена нека е, сосема доволно би било, ќе се вратам освежена и одморена Никакви оправдувања немате за да трескате вакви небулози. Не постои хелти лајфстајл, негирајте до бесконечност
А мислите дека загадениот воздух од надвор не ви влијае никако ако седите дома? Воздухот е тој, отровен - што го дишеме сите. И во теретана и на улица и во соба. Одвратно е надвор да се седи бидејќи смрди, ама чисто залажување е дека некако си побезбеден во внатрешен простор, особено па поради тоа што никој не живее живот херметички затворен. На долг рок ефектите се исти, канцер.
Можда ѕидовите имаат филтри или мислат дека филтрите од Техномаркет го прават воздухот безбеден. Дома веројатно се гушат у сопствените прдешки, прашина, грини и пот и прозор не отвораат ич пошто друго објаснување стварно немам како се пазат од воздухов. И дома кога вежбам ако не отворам прозор да се излуфтира, ќе колабирам.
Вајда едно е да отвориш прозор 2 минути, друго е да дремеш надвор на отворено со саати у најакутното? И тоа го повторуваш секојдневно, ради спорт и рекреација. Преку зима искрено неам никаква потреба за искачање, буквално можам да хибернирам со месеци, да не се мораше по работа и обврски, би седела без проблем. Не се осеќам у затвор дека сум, интровертска работа јбг, истренирани сме некои од нас. Комфорт зона
... Ама не живејме во вакум кога ни е затворен прозорецот. Ако надвор е валкан воздухот, ти ако сакаш ич џам не отворај - и внатре ќе е валкано. Колку и да не седи добро со мене идејата да се изложваме на отров свесно со пример трчање в парк, реалноста е дека немаме многу избор. Тој е воздухот. Сем ако не релоцираме, во тој град реалноста е та. Лоша реалност. Ама сепак реалност. Зато и не сфаќам дофрлањево.