2010 е, се вклучуваш на овој Фејсбук, играш Farmville, правиш цел албум со слики со лош квалитет или со блиц од фотоапарат, објавуваш глупави статуси, па си коментирате со пријатели. Life is good.
И компјутерот стој во дневна и кога и да пишеше на некој сите ти читаат, ама тебе ти е гајле и ако треба на симпатија некоја да пишеш нешто се љутиш што ти гледаат. Најако ми беше кога со братучедка, скоро по цел ден сме биле заедно и вечер седиме до касно и си пишуеме или играме игри и мора да си тивок никој да не слушне дека си буден и се молиш некој да не се разбуди и влезе во дневна.
И се молиш да не ти е покојна бавчата на FarmVille, додека ја навадиш. Во меѓувреме гледаш кој те боцнал
А како ти знаеш што сакам да слушнам? И како одма заклучи дека сакам да ме тапша по рамо некој? Злобни сте.
Кај спомнав тапшање по рамо, сериозна ли си? Само ти кажувам дека користење на chatgpt како емоционална поддршка и не е многу паметно.
Колку само ме фаќа носталгија за 2009-2012 периодот, солзи ми идат. Памтам баш сега ко спомнавте farmville, имаше една cafe world или restaurant city не ми текнува. Абе во тоа ресторанот кладов 15 плотни и кокошки печев на 5 минути од училиште сум трчал дома да играм.. Некои ќе речат детство, јас мислам последни години пред светов да замини у ку*ац.
Така го разбрав ова јас. Фала. И не, воопшто она за кое што 'зборев' со аи не беше тоа што сакам да го слушнам. Напротив. Посакував да не беше вистина.
А се сеќавате ли на Pet Society? Оние сини парички со кои се купуваше мебел, недостапен за обичните смртници? Тие парички се купуваа. Е па ја ги ханкав, инсталирав некакви програми и вирусишта со помош на јутуб туторијал, изнакупив сѐ луксузно, му ги средив собите, дури им праќав поклони на пријатели кои беа опседнати со истава игра. Почнаа да ми пишуваат и да ме застануваат у град за да ме прашуваат како??? Робин Худ бев у тоа време.
Лелее игрите на фб, која занимација беше тоа.. Јас бев ептен опседната со FarmVille, си навивав аларм да си ги оберам овошките и зеленчуците, водев список со точно време кога што треба да се направи Пораснав во одговорен и организиран човек, може има нешто и до тоа
Најубави игри имаше тогаш. Мене најомилена ми беше Happy Pets, и за жал ја нема повеќе, тргната е засекогаш од креаторите. Имаше дури петиции да се врати, но џабе. Никогаш нема да ја преболам, и сите миленичиња кои ги чував.
Леле да, и оваа мислам дека ја имав почнато.Имаше многу у овој стил, со виртуелни миленичиња. Сѐ што не ни даваа дома, тука чувавме.
Ја знам оваа, арна беше ама јас бев опседната со оваа од сликата подоле . Лелеле, по цел ден и цела ноќ сум ја играла, сум чекала да излезе бебето од кошницата откако ќе ги парев, за да видам какво ќе биде . Пробав да ја барам пак низ годиниве ама ја нема на плеј стор. Едит: сега видов дека и @Amellie13 истава ја играла
Ради оваа игра го направив фејзбукот ахахахха оваа беше дефинитивно најубавата игра! Кога пораснав малку повеќе овие ми беа фаворит: IT girl - се такмичиш според гардероба кој е подобар fashion designer- за да купиш од другите хахахаха Иииии нај опсернатљ mall world - ептееен ја играв оваа се сеќавам и на една criminal mind нешто така беше детектив си хахаха Леле браво ме вративте во детството