Иста сум. Јас дури и плачам, понекогаш. Особено ако видам околу мене некои луѓе кои бараат низ контијнер, или скитници. Без разлика дали бил добар или лош човек. Човек е тоа. Сите со различни гревови сме, и сме и лоши, и завидливи и љубомориме и сл. Валјда, емпатијата ни е дадена од Господ. Само треба да знаеме да се чуваме себеси, за да можеме да бидеме функционални за другите.
Зашто не ги пуштате децата коледари да одат?! По цел ден дома, од мобилен на таблет, не смеат сами ни да прднат, да не се изгребеле, да не се испрљале, да не залутале у погрешна улица, ни на школо сами не одат. Само неспособни за живот ги праите, ич не им помагате. Еве да се едитирам, ова важи и за оние кои само со вас смеат да одат до кај баба им и дедо им, или кај комшиката.
"А како порано бабите наши имале по неколку деца и работеле на нива, немале депресија...?" Дрога, Славице. Дрога. Им давале опијати на децата за да спијат со саати.
Вчера првпат во Скопје слушнав (веројатно) тодлерче низ зградата, ама не се качи до мојот спрат . Не сум верник, ама многу ми е слатко како традиција, се потсеќам на чувството кога сум ја шетала цела улица како мала, не пропуштајќи ниедна куќа, радувајќи се дека ќе соберам 200 денари или ќе изнасоберам крем бананчиња .
Сакам да си кажам што ми лежи на срцево некако. Мислам дека сите софри се интимна работа и не треба да се сликаат, топлината во празниците и бидување со семејството е убавината на празниците, кадешто се сплотени, со мир спокој и убавини само. Кој каква софра има за на стори е најмалку важно, а треба и малку поемпатични да бидеме и кон оние што можеби и немаат да сликаат софра. Такви чувства ми дојдоа на ќ празников
Повеќе живееле заедно, една жена чувала деца, др работеле... Или поголемите деца ги чувале помалите...
Во врска со софрите за празнициве и сликите на интернет, не ја сфаќајте работата толку лично. Домаќинки се помачиле да направат 3-4-5-6 јадења, задоволни се од тоа што го направиле и сакаат да се пофалат.
И мене не ми е јасно што им сметаат слики од храна. Повеќе би сакала да гледам слики од трпези отколку од кафе во истата чаша секој ден
Амс битно е другите, да видат. Другите да му срцнат, да му пишат пораки, како се вредни и сл. Цело семејство сликано, насмеани. Разни пози. А до некни ми се жалеше од мажот и. Криво и е зошто се мажела на 22, да била немажена до 35 како што е сега ќе и било поубо. Мажот и вака, мажот и правел вака, како мало дете бил, можела само до 22ч да биде излезна.. Ништо не ми значи слика на стори, тик ток видео и сл. Коа знам каква ми е ситуацијата дома и знам неа каква и е. Ништо повеќе не почитувам од интимност.
Кај мене во околината има една полицајка, сообраќаен полицаец, страв и трепет е за секој шофер, не гледа на кого си и кој си и за најмал прекршок си пишува казна.. Деновиве пишала казна на градоначалникот и сега се шпекулира дека ќе биде преместена или ќе и ја сменат позицијата.. Треба да ја наградат, треба пример да биде за сите полицајци, ама кај нас полицаец што не прима мито е лош полицаец..