Ahhh kolku e ubav denov denes sonce si zraci po malce a miris na listovive esenski,denov ni zapocna uspivajki se i nekako nasmeano i radosno Ama sekogas koga vaka mi zapocnuva denov me plasi deka nekoj ke se najde da mi go rasipi se nadevam nema. Ubav den dragi feminki
Мислам дека еден куп девојки тука на форумот се тежок пролив со тие цветчиња, статуси, напињаат со триста глупости зошто е вака, зошто е така околу новиот форум. Детска градинка во кратки црти. Форумот го претворија во детска градинка и бегство во реалноста. Што тоа им менува со цветчиња појма немам навистина и што тоа им менува ако имаат некаков лажен статус на форум, а во живо се незабележителни? Форумот е здравје боже пофункционален, попрактичен и со многу поубави функции. Самите бараа XenForo , а сега им сметало. Ај погоди нешто на овој народ тука. Можеби треба позадината да се досреди, да се разбие монотонија на розевото, но тоа отом-потом. Мислам дека и администраторите се свесни на тоа и пополека ќе го досредат.
Вчера бркавме бубачка, половина час помина додека да излезе надвор, а беше голема и страшна. Друго, денес сум in a good mood, си слушам музика , си денсам . Треба пак да одам натаму, наваму, ама вечер кога ќе си седнам ќе си изгледам некое филмче , се надевам дека интернетот нема да ме заебава, инаку . Смајлињава изгледа само на мене ми се допаѓаат. Ај, чао.
Зад секое убаво нешто стои некаков специфичен вид на болка. Кога го вкусувам него постојано се прашувам дали навистина постои нешто толку грдо од кое што може да произлезе таков неверојатно сладок и горчлив вкус на мед и млеко. Која ли рана се обидуваше да ја зацели и што беше тоа кое што го болеше толку многу и го натера да ме уништи мислејќи дека конечно ќе го преболи тоа? Се искинав себеси на делчиња обидувајќи се да го направам комплетен.
Со обзир на тоа што розевата не е моја омилена моја сето ова ми е ту пинк ( не хејтам) дефинитивно ми се допаѓа променава на форумот само се ми е измешано додека се навикнеме Убаво во секој случај имајте убав ден
me ubi depresija....ama totalno....nikogas ne sum bila tolku ogorcena....ne se prepoznavam sebesi - obezvolena,se pravam avtomatski ,bez zar...pa i vremistevo tmurno me dotolci
само сакам да ве поздравам и да ја поздравам новата платформа се надевам дека ве вратив за секунда во детството
Постојат луѓе што немаат осет за некој друг. Апсолутно мислат дека сами се во галаксијава и дека се` што тие прават не може да пречи на никој друг. Прост пример - комшииве над мене. Со две или три, а можеби и четири (не можам да диференцирам многу дерење ми иде) деца навечер, што после десет се палат како аларми на терорист почнуваат со индијанските обреди на трчање низ собите и буквално каде и да застанам отскокнувам од подот. Сето тоа проследено со неартикулирани звуци, најчесто извици на самогласки, а некогаш и нешто што наликува на збор. Обредот трае добри два саати и после тоа таткото на племето ги собира со дерење и урлање и настапува бесценета тишина. Во другите периоди од денот, на пример утрото, обавезно се мине со правосмукалка што мислам дека има структурни елементи на вселенски брод, џамовите ми се тресат и сијалиците ми пукаат. Попладне веќе не можам да дефинирам која е оваа машина што во моментов брчи, дали е Тардис, некој патувач низ времето, преведувач на кујнските елементи во бинарни броеви или што и да е, звучи како зголемена максимализирана верзија на машинка за стругање заби, какви што има во стоматолошките ординации. Цел ден нели им здосадува, стварно не знам. Цел ден и секој ден.
Моментално посакувам да сум сега во некоја приказна убава,каде што има полиња со многу цвеќе и мали топли куќички,животни насекаде,мир. Ах,кога би можела да ги затворам очите и да заминам на такво место и таков живот,барем на кратко.
Денес сме биле 31 ноќта/денот на вештерките, не ми текна дека е денес ама гарант сум ги плашела сите низ град и тоа без маска- како зомби сум, зомбијата од The walking dead не ми беа рамни. Ужасна коса, огромни подочњаци кои настанаа благодарение на теориите за настанок на државата и од цело вечерната дружба со Русо и Аристотел. Може не спиев цела вечер, ама успеав и го положив првиот од многуте кололвиуми кои ќе следат. Знам дека е само почеток и дека ме чекаат уште многу непроспани ноќи ама ќе си купам дормео После таква напорна ноќ со Русо и Аристотел, одам на заслужен одмор во Спанчево И имајте убав ден
Од една страна го направија студирањето убер достапно, секој да може да се запише на факултет, а од друга страна воведуваат екстерно тестирање за намалување на бројот на студентите. Од една страна се залагаат за зголемување на наталитетот на Македонците(Ви текнува на законот за абортус? Да, да.) а од друга страна го воведуваат ова: http://www.slobodnaevropa.mk/content/article/26666177.html Драги мои Феминки, ова е типичен пример за сексуален однос во здрав мозок. Нешто е труло во државата Данска, но изгледа Хамлет не слушнал за Македонија.
Денес денот ми започна со добри вести, со повик што со нетрпение го очекував кој е предвесник за месецот кој следи. Ако ланскиот ноември ми беше еден од месеците кој кога би можела да го избришам од меморијата - со задоволство би, верувам дека овој ноември ќе биде негова целосна спротивност - незаборавен и неповторлив! Имам и храброст и волја и желба да се справам со сè што ме чека, не се плашам од предизвиците и промените кои неизбежно ќе следуваат. Ако не сум јас силна, ако не верувам во себе, тогаш кој?
Сакам годинава да заврши што побрзо за да можам да ја заокружам како многу успешна. Многу убави работи ми се случија оваа година и многу цели успеав да остварам. Напуштив една работа која ме исцрпуваше психички, најдов друга па ја напуштив зошто ме исцрпуваше физички. Обуки, курсеви се тоа супер заврши. Испитите сите положени, останува уште дипломската. Сосотојбата во животов се плашам да кажам дека ми е совршена, се е толку убаво, љубов, семејство, здравје, среќа, а постојано ме следи некое лошо чувство. Кога ми е се вака убаво најмногу се плашам, се плашам дека се тоа би можело да исчезне додека да трепнам. Незнам зошто упорно ме прогонуваат такви чувства, затоа сакам што побрзо да заврши оваа година за да ја памтам како добра и успешна. До крајот на годинава сакам уште да ми се исполни најголемата желба и цел, ништо повеќе не барам. Се што имам никогаш не сум барала, само сум се надевала дека некогаш ќе го имам и сум посакувала да бидам среќна, неможам да се сетам и дали некогаш многу сум се трудела за да уживам во овие работи кои ги имам сега и затоа не сум сигурна дека се мои и дека ми припаѓаат. Океееј, есента е меланхонична, можеби затоа и јас со муабетов. Зборувм за работи кои вскушност не се ни работи како предмети, туку се чувства, туку тоа е само љубов и прекрасни чувства, ништо повеќе. Уствари секогаш сум велела дека за љубовта не треба да се трудиш, таа или ја има или ја нема, џабе е тоа трудење и притисок за да биде, ако е љубов не и треба ни труд ни причина ни ништо, самото по себе е љубов и ќе биде без разлика на се. Сигурна сум во тоа, така е и кај мене. Само љубов, насекаде љубов, дома, со партнерот, со светот и со животот. Гледајте на се со љубов и ќе ви се случува љубов. Мене ништо лошо нема да ми се случи до крајот на годинава, ќе заврши успешно и ќе успеам во својата цел! What you give is what you get.
Постои таблета некоја против живеење во минатото? Упорно настојувам во мислите да ги преживеам повторно оние моменти, во кои сум била среќна. Се трудам да се сетам и на најситни подробности, како би си ги оживеала замрзнатите сцени. На лицето ми пишувало ТАГА, вели мајка ми. Не сакам да сум таква, за мене тагата значи неблагодарност. Ќе биде подобро.
Јеиииии јееиииии.....помина и првиот колоквиум. Не беше болно, пројде добро како што е редот Иииии дааа...ГО ПРОЈДОВ ВЛЕЗНИОТ КОЛОКВИУМ ЗА ИСПИТ (визата за испит е сигурна)
Значи колку можиш да се разочараш од луѓе кои ти се блиски тоа страшно нешто. Тоа е она најболното, што од нив најмалку очекуваш такво нешто. Ти им даваш се, буквално се, а тие не ценат и на крај па и те потценуваат. Најлошо од се е што неможеш да им се налутиш, срцето не ми дава бе. Ама изгледа тоа е единственото решение, да се смени нешто и тоа брзо....
СДК.. Не ми се верува дека ќе го засакав Не ни го знаев толку, не ни зборував со него толку, едноставно според работите што го интересираа и што ми ги кажуваа за него ми беше некао посебен Дури и си ја пуштав Wonderwall и си пеев по дома you're my wonderwaaal Сега кога го гледам на фејсбук или низ школо, сфаќам дека не е ни толку убав Забеганка... Ама тоа е, помина летото, помина и тоа веќе одамна.. Иначе да си кажам дека многу ми се чуднички смајлињава