Редам играчки со син ми, не успеав да наредам како што тој сакаше па ми збори: Не треба вака. Кога ќе си постара ќе научиш како треба. Јас: Mислиш дека си постар од мене? Тој самоуверено: Да постар сум и затоа знам. Не се грижи мама, ќе научиш и ти еден ден. Сериозен разговор со тригодишник, јарец во хороскоп
Ќерка ми, 4 ипол год.: "сонцето ќе го тргне ладното, ќе го фрли во ѓубре, ќе се врати назад на небото и сонцето ќе свети. И тогаш ќе може да одиме на лулашки." Оуууукеј.
Долгиот чипс ако го немаш најдено во некои локални маркети, тогаш во Рамстор го има, го имам земено од таму. А за Винчини, немам видено кои им се нови производи.
Дали се добри чипсовите? Да знам дали да акам до Рамстор само за нив. А Винчини стално ги следам на фб на стори и објавуваат чоколадца и некои други производи. Еднаш им пишав во коментар, но не ми одговорија каде ги има.
Ти праќам цела среќа да ти се исполни желбата, зошто лани си најдов таква другарка и жими се преродена сум, а само шо почнавме. Давам предлог, ми вика дај 5 мин да се пребројам и ми вели да. Нз, нз, пред многу години вака пишев и ме искараја. И после ќе речам не сум злопамтило.
"Па не седете во пушачкиот дел". Фино. *Те следи манијак? Па не излегувај без машка придружба. *Ти се слошило и никој не ти помогнал? Не излегувај сам/а. *Трудна си и никој не ти станува во автобус? Иди си со такси *Маж ти те тепа оти не си му зготвила ручек? Па готви му бе златна и нема да те тепа, толку е просто, не те тепа без причина. За сѐ имало решение во животот, не знам што се жалите, многу свилени вие. И консент е многу поопширно од согласност за секс/допир. Јас не ти давам консент да вдишувам отрови од тебе, нема зошто некој да го почитува твојот консент за други работи.
Три дејта договорив викендов, ме одјебаа, завршив со какао, сабота вечер, гуглајќи каде е Сашо (не ги гаси свеќите). Си го мразам животот.
Како јадете супа со јајце во неа? Реков да пробам да ставам и пробав и никогаш повеќе. Знаев дека нема да ми биде убава.