Некако чудно се чувствувам. Измешани чувства. Не ни знам кај се наоѓам. Како да сум во некој тунел каде што не гледам светлина. Се изгубив себеси. Тешко се привикнувам на промени какви и да се. Тешко поднесувам промени. Тешко поднесувам и разделби со драги личности. Не можам да се помирам со тоа дека со некоја личност до вчера бевме се денес само странци. Знам јас сум силна личност, ќе го пребродам и ова, ама потребно е време. А и на времето му треба време....
Моментот кога се најавуваш на Фемина (со доста потешкотии и потреба од интернет GPS) после две недели и гледаш известување ТРОФЕЈ. Логично, мислиш дека некој ти го хакнал профилот и играл игри на твое име. АМА НЕ! Имаш трофеј за влегување во игра... А фала, фала, ама подобри беа цветчињата *Купи нова облека, но не менувај ја кожата.
Мислам дека се ќе надминам во животов, ама стравот од породување никогаш. Мразам кога викаат, ех па не си само ти, сите жени родиле бла бла бла. Иако сум далеку од тоа, не можеме да се мериме сите исто, секоја жена има различни стравови, некоја е храбра, некоја не е, некоја е психички силна, некоја физички. Цела вечер читав во темата Бременост разни дискусии, и уште толку се преплашив Сакам повеќе деца да имам, па се надевам дека за некои 3-4 години ќе помине стравов, макар одела и на 5 психолози, психијатри и што уште не.
Ах, непребол. Инаку, обожавам денови кога се` обожавам. И обожавам кога ќе престанам да се нервирам за многу работи, па сум цела нешто као чиллл и рилекс. Пиј си каве, пиј си тутун, азното само ќе си дојди.( што би рекол Колозов.)
Уметноста ве моли, не газете ја, ја боли. Не, јас сериозно чувствувам вид болка во себе секогаш кога ќе се потсетам кое е нивото на површноста во луѓето.
Ако немаш дома нешто интересно за јадење поубаво не отварај фемина инстаграм да забришам лигите и отидов до продавница
Пред 4 години ова време плачев. Денес плачам поради истата причина. Некои работи едноставно никогаш не се менуваат.
Денес покрај цела депресија што ја имам шетнав да ја избркам од мене иако не се брка лесно,си купив лимони ,банани ленено семе продолжувам со здравата исхрана е сега уште да се решам и да соберам сила за вежбање ама некако на легана се фрлив ,аман веќе јас ако не решам кој ке реши на мое место ?никој ,до кога ке се убедувам до когааааа?
Понекогаш имам некое чудно чувство дека единствено јас имам сенс за колоритот на животот и вистински уживам во него. Мераклиски, гурмански со многу вкус и искреност. За мене е уживање уметноста себеси да си го разубавиш секојдневието. Убавината доаѓа одвнатре, од истото место каде извира среќата. Извор на позитивата е задоволството од себеси. Полното чувство кое зрачи среќа, извикува, блеска и ве прави неповторливи, заразно харизматични. Удоволете си себеси и прескокнете стрес. Мене ме радува кога јадам задоцнет појадок, миризливите марами и кога ветрот ми ја расипува фризурата од диви кадрици. Му се сменам со иронија на расипаното време, на отпадоците кои ги среќавам по патот од невоспитаната раја, на љубоморната колешка и расеаната шефица. Со скратена плата, ќе живеам подолго. Поквалитетно и позабавно. Оние кои осудуваат за полниот здив со кој го вдишувам секое задоволство кое го нуди животот се оние кои безполезно дишат бидејќи се изгубиле себеси. Велам,кога луѓето околу мене би имале малку повеќе разбирање кон моите желби да останам анонимна за светот би била уште посреќна. Мојот обид да поминам незабележано привлекува внимание.
Не знам како не се заморуваат од толку негатива, мрчаторите, замерџиите, вечните критичари ?? Животот е да го живеете што по релаксирано и што по позитивно, со фокус на убавите моменти ... Со луѓето да имате добри и коректни односи. Негативни луѓе никаде не се добро дојдени и прифатени. Таквите никогаш нема да успеат да го живеат животот.
Да, со ова следбеници како да си предводник на некоја секта. Ех, Фемина, Фемина... Што им фали на следи и следачи? Следачи можеби не е литературен збор, ама во виртуелниов простор е најсоодветен за употреба. И ако е за тоа, ова заследи сум речиси сигурна дека не е литературно. Добро, ако ми дошло да досадувам, да си одам јас во тема за правопис или така нешто
Среќа е кога ќе одвоиш некој час од твоето слободно време за да помогнеш на помало комшиско дете кое го знаеш од негови најмали нозе, со некој предмет во училиште, и после некој ден ти доаѓа на врата со насмевка од 6ка до 6ка за петката што ја добило на тестот. Уште кога ќе се земе во предвид вадењето стари тетратки за да се потсетиш на тој материјал, враќањето спомени од основно и тогашниот твој ракопис... милина! Патем, зимата и овој период што ѝ претходи ми мириса на кора од мандарини, на шолјата кафе со која се стоплуваме после долг студен ден под ќебенце, омекнувачот на најмеките џемперчиња, ме потсеќа на многу празници и семејни собири проследени со весела врева, насмевки... Секогаш приближувањето на некое годишно време ми го одбележуваат овие мали радости поврзани со него, а не бројот на календарот. Ме зафатило и некое убаво петочно расположение, благо причинето и од штиклираните школски обврски од „роковникот“ и петките. Абе примерно дете, со навремено извршување на обврските и уживанции после тоа. Имајте убав викенд!
Среќа е да дознаеш дека ќе добиеш братучед или братучедка Што убоо тргна денов... Дај боже секој ден да биде ваков
Се рашишав. Ама знаете какви маки сум претрпела?Ми се чинеше како цела вечност да седев на тоа столчето, со оглед на тоа дека ми се мочкаше.Млазот вода ме голицка, пополека ми влегува во ушињата, се спушта низ вратот, залудно пробувам да се сконцентрирам... се убедувам: се' е до психа, не ти се мочка.Фалеше само уште некој да ми ги голицнеше стапалата и готова ќе бев! Како што би рекол Шелдон: Но, сега сето тоа е позади мене. Сега си имам нова фризурка.Патем, многу убаво мириса.