То е буквално коренот на панкот. Има разлика од „само“ слушање на музика и да си дел од одредена поткултура. Твитот шо го сликнав коментира бидување дел од одредена поткултура, а не да слушаш нешто зошто ти е убо. Еве зошто спомна „ко за панкери“ ќе кажам за панкот. Панкот е „одговор“ на мејнстрим рок музиката како протест и низ годините еволуира, пак, како протест, како шо се менва светот околу него. Ама почна зошто ги гледаа мејнстрим рокерите како „продаени“ души на корпорациите. Во суштина се бунтовни жанрови. И до ден денес панкер кој мислат дека е ''plant'' на пример - се смета дека не е доволно добар. Зато имаш огромен дел луѓе шо ја неќат Аврил пример и ја викат „поп принцеза“, ама никако „панк принцеза“. Не можам јас да се облеквам ко панкерка или готичарка, а да велам дека желба ми е да сум tradwife. Одма ќе крени неколку веѓи то. Башка, сликата не е ни за мене. Јас се облеквам ко бездномник и се носам ко бездомник и не сметам дека припаѓам на некоја поткултура. Во средно, да. Сега? Престара сум за да се замарам. Јас само сакам жени да ми вриштат директно в уши. Сликата е за некој шо вели дека е дел од та поткултура, кој е „горд“ на се шо носи та поткултура ама после едноставно не се бунтова туку се потчинва? Girl what? Не. Баш добро долови: --- @Beemo Ова. То шо некој (јас еве) преферира жена гинеколог не значи дека нема добри мажи гинеколози. Како и да вртиме сме сензитивни околу нашата сексуалност и интима и то најчесто ради средината, условите и луѓето околу кои сме растени. Јас се осеќам побезбедно и поразбрано од жена гинеколог. Јас не ни имам проблем да се слечам пред маж доктор, сами си знат колку доктори мажи ме виделе на различни делови гола. Ама гинеколог сакам жена и одам кај жена цел мој живот. Со жена секогаш се осеќав како поќе да ме разбира. Кога зборам за нешто, во најголема мера го има искусено и некогаш ќе ми кажи „бабина деветина“ шо функционира зошто и та го прај. Башка се ова @Gosh шо пиша само неќев да пишам то уште првично пошто се осеќав како да не е терана темата толку длабоко и сериозно во СДК. Ама е апсолутно нешто шо мора да се збора како реален ризик и за добро прочешлување на доктор, без слепо вервање. Кажвање дека и жена можи да не те разбери ми е разводнување баш на вакви многу реални ситуации.
Те разбирам, скроз ферски. И јас уролог си бирам машко, а верувам и ако бев женско дека ќе бирав од ист пол. Се согласувам со @pinklipstick дека полот не треба да игра улога, но ете мене лично неудобна ми е помислата од друг пол да ме прегледува интимно, освен ако толку се мора. Ниту сум гинеколог, ниту претставувам некое здружение на машки гинеколози, буквално нула корист имам дали жените идат по машки или женски гинеколози. Сеедно ми е. Темата и размислувањето ми беше за тоа како личното искуство може погрешна перцепција да даде за тоа низ што минува другиот. Односно, двајца можат да го искусат скроз истото, но различно да го толерираат и воедно надминат. Па оттука, посебно во здравствениот сектор, ова може да биде и болно за пациентите. Читајќи го твојот коментар, а потоа и на другите членки и нивното искуство, ме потсети на таа сторија и ме интересираше колку има простор за дискусија тука и да се споделат мислења. Мојата “теза“ што ја наведов во првичниот пост за тоа зошто е тоа така може да е погрешна и сосема сум отворен да слушнам други мислења. Секако, ако има простор за дискусија, ако не, никому ништо.
I hate to be that person, ама ќе бидам и ќе речам нешто. Многу луѓе избегнуваат да бидат прегледани од машки гинеколог или ете женски уролог(што е реално една докторка во илјада ама океј) поради тоа што постои потсвесна идеја дека тој преглед е некако сексуален или има потенцијал да биде...нешто во тој контекст. Имам прочитано и многу мислења по интернетов кај што се иде толку далеку што жени се запрашуваат зошто воопшто маж одлучува да е гинеколог. Сакам да кажам дека сите што се медицински персонал, од доктори до сестри и техничари, цело време гледаат голи тела. Навикнати се, тоа им е секојдневие, никој не го гледа телото како нешто повеќе од месо и органи. Ако е за манијачење, постојат и полесни начини, да бидеме реални. Да океј, сите сакаме да се осеќаме удобно и не ми е поентата да инвалидизирам нечии чувства(пошто искрено и мене на почеток не ми беше убаво да идам кај маж гинеколог), ама па осеќам дека треба нешто и за ова да се каже. Исто слично со ова, ама имам слушнато и мислење као - не сакам да идам кај машки масер. Валидно, не викам не, ама зошто? Пак се враќаме на истото.
Ништо не можиш да отвориш на тикток а и на се останато без “Ја волим кад си ту кад си по мало луда” ок разбирам убо песниче ама сите едно те исто можно е?
Другарка имам што никогаш не би се соблекла пред маж доктор. И ајде тоа океј. Али еднаш вика "Дм не би ми дозволил никогаш пред друг маж да се соблечам". Викам а недајбоже да ти треба нешто операција, пошто повеќето хирурзи и анестезиолози се мажи, ќе дозволи тогаш? Нели сепак не се гинеколози единствени што гледаат интимни делови. Се замисли и вика Сигурно ни тогаш нема, знаеш сака да ме заштити. Си викам во себе bad news имам сестро за тебе. А тоа е дека дечко ти не е способен да гледа на женско тело никако другачие освен за секс и мисли дека сите се такви.