Со најдобар другар се разделивме пред неколку години кога тој замина во странство да студира. Сега се пресели уште подалеку бидејќи добил шанса да работи, нема абер за враќање назад... Кој знае дали му фалам колку што тој мене ми фали. Ама животецов не застанува за никого.
Време е да свртам нова страница во мојот живот . Да престанам да се самоуништувам и сожалувам . Треба да почнам со остварувањето на моите цели и сништа . Треба да се докажам и да не дозволувам никој и ништо да ме уништи . Животот е краток и треба да го живееме . Да си ги поместиме границите , и да си ги оставриме целите . Но , и покрај тоа што ова си го повторувам како мантра во себе , сепак не го применувам . Продолжувам со правењето на грешки и погрешното однесување на погрешни места . Па , треба и да се сносам со последиците . Денес тоа се повтори . И ми одржа добра лекција . Со тоа сватив колку ми се важни сништата и нивното остварување . Сватив дека многу ми значат и дека многу ќе ме повреди тоа ако им дозволам да паднат во вода . Од сега па натаму , што и да ми се случи , си ветувам дека нема да бидам толку брзоплета и избувлива . Ќе размислам двапати пред било што да направам или речам . Ќе научам како да се контролирам себе си и моите чувства . А сето тоа ќе ми помогне да продолжам со животот . И да сменам нешто на подобро . Да им докажам на сите дека можам да успеам во животот . И дека ништо не може да ме сруши . А ќе си докажам и на самата себе си . Во животот ќе се најдат многу луѓе кои ќе сакаат да те уништат и да те повредат . Но од нас зависи дали ќе им го дозволите тоа . Дали ќе дозволите да влијаат на вас психички , и дали нивните зборови ќе допрат до вас или пак ќе ги игнорирате . И почнав да верувам во она „ Она што не те убива те прави посилен " . Тоа значи дека ако нешто не те убило , само ти влева повеќе сила за да продолжиш понатаму и да му докажеш на животот дека ти го можеш тоа . Дека тоа што не те убило , ти дава уште поголема моќ пред непријателите . Всушност тоа ти е штит . Те штити од непријателите , затоа што повеќе го немаат тоа како оружје со кое можат да те убиат . Па девојки , не дозволувајте ништо да ве уништи . Покажете дека можете да се сносите со се во животот . И со падовите и со успесите . Животот е премногу краток , за да дозволувате да го трошите времето да на безначајни работи . Затоа што времето кое го губите на тие работи , се повеќе ве одалечува од вашите сништа . Од она што навистина сакате да бидете . И да прекинам јас филозофирањето . Иако денес некако сум многу филозофски фасположена . Но сепак , применете го тоа што го пишав . Имајте убав викенд исполнет со среќни моменти .
По долго време ете ме назад, нова и освежена како и форумов. Се надевам не ме изумија старите ми Феминки, недостигавте
Фази на купување облека: - Го пробуваш првото парче. - Разгледауваш наоколу. - Се навраќаш на првото парче. - Го купуваш првото парче. - Се каеш зошто не си го земал второто парче. - Здогледуваш друго парче, што уште повеќе ти се свиѓа. ЕЕЕЕЕ, мааафак'з. Отидов со мисла да си купам кожна јакна. Си купив кожна јакна, ама сега во глава ми остана едно капутче, што не го ни пробав. Е! Затоа нејќам шопинг и ја избегнувам секоја можност! Али јеби га, кога си толку несмасен да си ја распарчиш претходната јакна, неизбежно е да си земеш нова. И се нафукав. Што се' не изедов денес. Па и дека Задушница... и шпагети и палачинки плус... нема место веќе во стомаков. Инаку ве лажам дека нема уште место. Има, има...
Брука деј лелелеј Се сретнав со дечкото мечкото,и суртуков мајка му го донесе. Не ја запознав официјално,ама ме видела од кола. И си доаѓаме дома,овој ми се јавува и ми вика „Абе,мајка ми рече да се исчешлаш’’ Лелеј лелеј бруки срамој Косата ми беше како маслодајна репка,шта да радим сад?
Сите сакаат да бидам нешто што не сум.Но,јас неможам. Колку и да се трудам,едноставно не се вклопам,сите мои размислувања,ставови и визии се различни од другите.
Реакцијата кога ќе видам дека сестра ми пишала од мојов акаунт на фемина за состав: есента во мојот дом:
Луѓето со искуство грешат поради големата сигурност и самодоверба, а несигурните аматери успеваат поради стравот да не погрешат . Што (и каде) е вистина-та сега ?
^^ Тоа е, кога искусните и сигурните секогаш ќе помислат добро пред да грешат, а неиксусните воопшто. Тоа ти се вика, кому како е среќата.
Успешно постигнат ефект со медитација ,осечај на лесен пердув нова позитивна енергија ,среќна сум среќна нека потрае
Чувството кога сфаќаш дека разбираш хемија и математика. Чекај ова сон или реалност е?! Па не била толку тешка хемијава.
Би купила купишта списанија и би се вдалбочила во нивната содржина Значи отсекогаш сум ги обожавала списанијата мирисот на свежо списание,меките корици и разнобојноста...Би се претпратила за цел месец...Vogue,Cosmopolitan,Elle,FintessMagazine.... Како би се претплатила за цел месец од сите,ама баш од сите модни,музички,економски,астролошки,спортски,ИТ списанија,би седела и читала. Кога ќе земам плата секако че си купувам. Хангер фор магазинс Респект за сите што сеуште си ги сакаат списанијата
Денес го слушнав најновиот трач за мене .Интресно е како ме револтира фактот што се толку прости наместо трачот сам по себе. Ме иритира дрскоста директно да бидам прашана дали е точно. But than again...