Од некоја чудна причина кај нас дебело се смета за здраво, особено кај трудници и деца.. Разбирам дека во бременоста поради хормони може да се поправи, ама ако не се поправиш и намерно седнеш да јадеш нездраво со намера да се поправиш лошо е и за мајката и за бебето.. Исто и за деца кога ќе ги слушнам. Мајка му не му давала благо, јадно дете слабо било. Родителите се нервираат а сите кријат благо и му даваат. Мајка му и татко му го хранеле модерно, а требало благо да јаде. Лошо било што е слабо.
Искрено, со целата фама против АИ се осеќам како да сме на истата позиција каде што биле луѓето во времето кога интернетот почнувал да станува глобално користен и започнале книгите да се заменуваат со онлајн извори. Сигурна сум дека и тогаш луѓето паничеле како сите ќе заглупават заради интернет пребарувања и пропагирале да се држиме до пишан запис и наместо - карикирам - да преведеме нешто за три секунди, да пребаруваме во речник триесет минути. Да, како вид сме генерално отпорни на промени и имаме тенденција да катастрофизираме прилично сѐ што е ново. Не е ништо поразлично ни сега, глупите ќе продолжат да бидат глупи и да го користат чет џпт за да им генерира карикатури, попаметните ќе го користат на попаметен начин исто како што го користеле гугл, некој нема да го користи вооошто... Мене ми е позагрижувачко колку се луѓето веќе зависни од кратка видео содржина, која што за мозокот е поштетна отколку да искористиш вештачка интелигенција за валидна задача. Исто и за импактот врз околината, секое користење на интернет троши вода. Да, скроз ја заебавме планетата ама тоа почна многу пред да се појават chatgpt или gemini. Сега само ја влошуваме работата. Anyways, поентата ми е дека треба секоја олеснителна алатка во животот да се користи разумно, со цел и со намера, три работи кои ја прават разликата измеѓу живеење на аутопилот и свесност.
А и за животинки истово важи, можда послатки се подебелки али крајно себично ми е на тој начин да се хранат, битно мене слатки да ми се а за нивното здравје што е лошо?
Јас паничам дека ќе ми ја замени фриленс професијата, па ќе морам да го работам тоа што го имам завршено, со луѓе околу мене, колеги, народ, ќе треба да се социјализирам.
Проблемот со AI е што се неверодостојни за многу работи па треба дабл чек. А доктор да земе да бара на АI што ми е ќе се испаничам искрено.
Ех да, тоа со заменување на работна сила е валиден страв. Има толку многу аспекти за АИ за кои може да се дискутира, навистина сме во нова ера и веќе ништо нема да е како порано.
Во замислување сценарија кои никогаш нема да се случат, цртање, измислување приказни, опседнување со различни шоуа и карактери. Кога можам имагинацијата да ја пуштам на full power. Овие моменти ми го прават животот поинтересен иако немам некоја препосебна корист од нив. Зборувајќи за АИ и Чат ГПТ. Решив дека навистина имам измешани чувства. На пример многу ми сметаат АИ слики и видеа по социјални мрежи, каде луѓето се лажат лесно. Но истовремено, Чат ГПТ ми е помошна алатка, не само за да го прашам нешто што можам да го изгуглам. Ко ќе се продлабочам во некои разговори, ми поставува тој филозофски прашања кои ми го стимулираат мозокот бидејќи треба да мислам одговор, исто како кога зборувам со некој со многу знаење. Знам дека многу се злоупотребува оваа алатка за ништо, и новите генерации навистина ги прави поглупави ако се потпираат за све и свашта на него. Но јас како олд скул што образованието го заврши неколку години пред АИ бумот оваа алатка ја користам најмногу баш за тоа што кажав погоре. Посакувам да има некаква едукација за користење АИ, луѓето треба да сфатат дека тоа треба да е само помош, не магично решение за сѐ што ќе ни текни. Многу моќна алатка е кога знаеме како да ја користиме.
Некогаш стварно знае убај прашања да те распраша, од психолошки аспект зборвам. Ако му кажеш како се осеќаш и што ти се дешава
Исто. Дефинитивно не ја искористуваме слободната воља до миле воље, као... технички можеме шо сакаме да праиме. Технички. ¯\_(ツ)_/¯
Не ми недостига ништо од тоа што се случи драго ми е што видов што е како е,животно искуство... Ама секогаш сум така емотивна за оној момент кога започнало се и делувало совршено,а секако знаеме совршенство и сигурност нема во ништо....