Секој/а си има свои потреби и со свои пари може да купи што сака и што му/ѝ треба. Некој/а може ќе види, па се потсети дека и тој/таа треба да си купи или ќе праша од каде е оти тој/таа не може да го најде лекот во блиските аптеки. Па и за други ствари, ќе почне да ги снемува. Сега и криза ќе настане бидејќи има војна што влијае на цел свет. Цените рипаат и народ дига купишта од сè. Друг/а кога не му/ѝ го плаќа тоа, нема што да размислува зошто му/ѝ е купено и објавено.
За чепкалки за уши ќе потсетиш некоја да си купи? Или ако до сега не знаела од кај се купува, не сакам да знам што има во ушите. Сега и Трамп е крив што глупости се ставаат на форум. Ставај што сакаш, биди спремна дека други ќе пукаат сеири. Твој избор. Инаку сите купуваме, само не чувствувам потреба да морам ќесата за ѓубре да ја сликнам. А ене ги имам 5 различни видови
Па специјално за темата сликаат Да немаше таква тема, немаше да има потреба да се слика. Абе Стајли @nextredstyle смешно ми е
Леле, не ми се верува дека и за вакво банално нешто успеа да замешаш војна и политика. У реду е, никој тебе не ти забрани да купуваш. Членките само си кажаа дека според нив нема смисла и дека они не осеќаат потреба да објават такво нешто.
Јас имам приметено една иста членка на неколку слики по ред има исти работи ставено во споменатата тема. Секој втор ден да купуваш иста паста за заби, сапун и суплементи некои, некако не ми е логично. Стварно смешно ми падна
Ако темата гласи Што последно купивте тоа не значи дека мора буквално се што сте купиле последно да се стави реално долен веш може само дм да ми види и евентуално бфф
Испаѓа ако тетките и бабетините се фалат со домаќинлукот нa бумерско фб - то, на форум се фалат у темана Исто ко за оговарањето, порано било на чешма, сеа у мјл Нишо не се сменило
Мислам дека знам која е. Како успева толку често Биодермата за туширање да ја троши секоја чест. Може и да ги чува кутиите, празни, за да слика. Што прави инаку со толку прополис, салфетки, паломи, и едни те исти гелови за бањање. Не е срамота да немаш, срамота е да чуваш работи по дома за да сликаш на фемина, дека еве купуваш нешто. Ние што не сликаме, сиротињи. Без терапија сме, без гаќи сме, со полни уши и ѓубрето од тераса го фрламе.
Јас си ја кладов шолјата за какање па што.. вие Да не сте аристократи па се навредувате овде пошто е темата таква ко што е ?
Ама доста, ме умре денес Со оглед на тоа колку се имаат фејкано некои ликови, не ме чуди да е точно гореспоменатото. Ја нема шољата, си ја тргнал Како се користи? Да не се затна? Арна е? Види, не е толку табу ко шо си пишал, ама шо знам, кринџ е
Па чепкалки за уши и вреќи за ѓубре ќе си сликаат, шо да сликаат Памтам еднаш одамна една членка беше нападната во таа тема дека сликала нешто поскапо, незнам шо точно беше .
По не по три пати на ден одам и то сметај ко џупско тумбаче сум па сметај колку е тешко сето то, така да шолјата е таман јехехеххехехе, борење кажете што си купивте нешто поинакво од ова стандардното и глупаво.
Не знам, мене таа тема ми е контровезна од аспект колку луѓево според мене фрлаат пари на глупости и буквално купуваат од хоби и досада. Знам ќе се препознаат, али да купува човек големи количини нови алишта и шминки поише пути месечно за мене не е нормално. Али за нив е, и нивен проблем на крају краева. Нивни пари. Капитализам, јееј.
Мене ептен ми се допаѓаат темите, има и за храна, има и за деца иста тема. Некои членки ми дале доста информации за што да земам, каде да земам или што да пробам. Исто, каде е на попуст или нешто што воопшто не го имам помислено а ми се допаднало (на пример парче облека).
@Stark И ✨КАКАЛОТО✨ ТВОЕ ЌЕ ГО ПАМТАМ СЕКОГАШ Јас темата ја листам како магазин, не читам имиња и застанвам да лајкнам ептен нешто ко ќе ме бендиса. И знам да прашам од кај е нешто зошто баш то сум барала или ми треба. Ама дефинитивно неколку пати сум останала со подотворена уста (пр. butt plugs). Сум забележала дека има лекој, чепкалки за уши и слични работи, па и долна (секси) облека шо за мене е нешто интимно, ама искрено не ми сметат. Оти не ми е гајле. На крај на ден јас се задржвам само на то шо ме бендисва.