Сакам да кажам дека и после факинг 15 години од започнување на темата уште не сте изброиле до милион... Лузери.
На точак коа возите дете не може да се стаи детското седиште напред? Многу небезбедно ми е да глеам дете седнато позади.. Си вози таа, детето позади
Не може. Не е воопшто подобро има и зошто се возат позади ( полесна рамнотежа, во случај на нагло кочење телото на возачот служи како еден вид „штит“ за детето. Исто така, детските седишта често се повисоки и имаат заштита за главата и нозете, што ги прави посигурни при пад на велосипедот на страна). Инаку си има и посебни појаси ја врзување, безбедно е иако не делува така.
Не знам по кој пат го кажувам ова на форумот, ама толку ми се вкусни веганскиот кашкавал и сирење што почнав на ден по цело парче да си јадам, така без ништо. Мали се парчињата, ама сепак превкусно е. 1000 пати повкусни се од млечните.
Знаеш дека не си бил гушкан како дете кога како возрасен, физичкиот допир ти станува мерка за блискост и начин на комуникација. Не само во сексуална конотација него општо. Се гушкам само со луѓе кои ги сакам ептен искрено од срце, а со некој со кого само се почитувам и немаме блискост, само поздрав со рака. Нема формално и ради реда гушкање, нема ај ќе те гушнам ама онака сме на здраво. А пак истата таа гушка од луѓе што ги сакам е најубавото нешто на светот. Цел ден да ме гушка некој нема да ми е доста. И исто така се осеќам пријатно ако некој кого му верувам случајно ме допре по рамо, грб, како да ми кажува - знам дека ми веруваш и можеш да ми веруваш. Многу често и ептен копнеам по прегратка од луѓе кои ми значат а не знам како да им го кажам тоа. И со допир покажувам на некој дека ми значи, го сакам и може да смета на мене. И некогаш си викам дали ова е добро или лошо. Од една страна лесно се приврзувам ако некој ми покаже добрина и блискост и ми покаже дека може да му верувам. Од друга страна знам да сум ептен affectionate со тие луѓе кои ги сакам. Едноставно кога ми фалеше љубов, си ја барав и покажував на друго место, наместо да покажувам омраза. Али сепак мислам дека на крај на ден си ја сакам оваа особина - секогаш да покажувам дека некого сакам, да читам дали некому значам и да се тргнам од таму кај што не припаѓам
Голема улога во тоа колку луѓе мразат да имаат физичка активност игра фактот што рекламирањето на спорт, фитнес и сл. се сведува на казнување, напор и досада. А не мора, мислам зошто? Никој не зборува за мозочно мускулната конекција, свесноста за дишењето, концентрацијата и целокупниот увид во внатрешната сотојба кога си фокусиран на телото и сензациите кои ги чувствуваш. За чувството на леснотија и освежување. Вежбањето треба да е индивидуално, ти да најдеш нешто кое тебе те опушта и кое едвај чекаш да го правиш бидејќи ти е одмор од стресот, а не да биде исполнување на уште една точка од чек листа за да ја тргнеш од памет, или пак да го направиш последниот тренд само зашто е тренд. Не, нема да го промениш животот ако купиш сет од сто евра и уплатиш реформер час само затоа што сите инфлуенсери го прават тоа. Друго нешто, килограми се губат примарно во кујната, нема друг начин. Физичката активност не може да се сведе само на привремено решение за слабеење, туку треба да е нормален дел од сечиј животен стил. Исто како и сите други навики, се разбира, но мислам дека е многу површно што генерално диетата и спортот се гледаат корисни само низ призмата на губење кг, додека сите потешко воочливи и долготрајни ефекти се занемаруваат. Ако единствена мотивација за да дадеш пари за нешто ти е рекламата колку ќе ослабеш(што најчесто не е валидна проценка), секако дека за брзо ќе ти здосади и ќе изгубиш мотивација. Што би заклучила - помалку слушање генерички совети, повеќе слушање на сопствената креативност и желби.
Исто и јас, ама скоро ја дознав причината, мислев дека не сакам допири и гушкање поради што сум интроверт. Само што за поздрав прифаќам некој да ме гушне, од причини што глупо ми е да кажам дека мразам гушкање. Мислам не мразам, сакам, ама не можам ако не се осеќам сигурно и не ми е доволно блиска таа личност. Обично било каков физички допир избегнувам со луѓе што не ги осеќам доволно блиски. Многу често ми се случило во бус или маркет некој да не ме слушне кога ќе замолам да се тргне да заминам и нема шанси да го допрам ќе чекам 10 часа ама нема да го допрам. Или кога стоиме повеќе луѓе во круг и доаѓа некој и почнува со сите да се гушка, се молам мене да ме прескокне, исто и ако се сликаме и некој ќе ме гушне, знам дека е нормално ама зошто само не си ги спушти рацете покрај телото и се слика. Во многу ситуации слични на ова со гушкањето често мислам дека сум чудак, интроверт, асоцијален човек и на крај сепак се испоставува дека е некоја траума од детството.
СДК1:Поентата е да сакаш некој таков каков што е, а не да бидеш во врска со било кој па да го притискаш да се менува за тебе и да направиш од него некој што е твој тип. Пример ако сакаш партнерот да ти биде исклучително со добро градено тело, нема потреба да прифатиш врска со некој што нема и да го навредуваш за изгледот, да го тераш со сила да слабее, да му наредуваш што да јаде што не... СДК 2: Многу лесно е да си ја направиш девојка ти/жена ти среќа, ниту бараат премногу, ниту се толку комплицирани, само некои сте многу мутави. Едноставно е покажи почит, биди подршка, однесувај се како партнер, скини и цвеќе по пат, исечи и го месото кога јадете надвор, ако носи било што во рака колку и да е лесно земи носи го ти..... И не не се тешки да им се читаат мислите, ако доволно се фокусираш на саканата доволно е 1 месец и се се познава по погледот, по однесувањето, по зборувањето.... Само треба доволно да ја сакаш личноста, а не да сакаш да бидеш само во врска..
Еве ти пола лајк. Како бе -исечи и го месото? Мислам, освен ако не дејташ тодлер, овие вештини треба од дома да се усвоени одамна пред да дојде возраст за дејтање. И не е нешто комплицирано. Леле какви генерации
Немаат пари да ги нахранат гладните, немаат пари за подобро вдомување на сираци и бездомници, немаат пари за вложување во подобра едукација, немаат пари за поголемо развивање на домашното земјоделие и сточарство, немаат пари за бесплатно здраство ниту за вложување во наоѓање на лекови на засега нелечливи болести, немаат пари за ништо што би им помогнало на сопствените луѓе и унапредување на сопствената држава, ама имаат билиони трилиони пари да бомбардираат други држави на другиот крај од светот. И после не живееме симулација? Курташак.
@Biljarkata Зошто сè сфаќате толку технички? Не станува збор за инфантилизирање, туку внимание и романтика. Односно, не значи дека таа сама не знае да си исече, ниту пак дека тој ја гледа како тодлер, туку ете мал знак на внимание, буквално разгалување од страна на партнерот. Да го избере најдоброто парче месо или било што за неа и да и го стави во чинијата, таа да проба. Исто како да и го отвори шишето сок или вино и да и стави во чашата. Не мора сè да анализирате толку и да убивате романтика ако не сте по тие работи Let the kids live
Soft feminine women не си го сечат месото сами, ниту зборат со келнерот. После тоа дечкото го џвака за нив ако е малку пожилаво. Тикток работи.
Затоа што мене ми е убаво да и го исечам за таа да не се мачи, секако тупи се ножевите и по брзо го сечам.. Исто и риба ако јадеме јас и ги тргам коските и не не бара таа да го правам тоа, јас сам сакам, или пример сака да јаде сардина ама не ги сака коските и бидејќи се ситни се нервира таа да ги трга јас и ги тргам.. Еве и таа ми мести навлака на перницата без разлика што не живее со мене, мене од незнам која причина ми треба 10-15 мин да ја наместам, и не и барам јас сама го прави тоа..
Мало внимание не мора и не треба да значи инфантилизирање / инвалидизирање. Ај а измислиме топла вода. Џентлмен едно време значеше, и негде сеуште значи- да ти отвори вратата и да ти придржи капут. Да ти ја подржи столицата пред да седнеш во ресторанот. Не да те третира како Helena in the box. Крипи е. Ама шо вика Енџи ( фала и на објаснувањето) тик-ток и вода во морето ќе измисли. И таа Џенерка нели не знаеше краставица да излупи. Џентл феминин- Џизс Крајст Одам сега во непопуларни мислења да пишувам. Пс. Ок, шишето нека го отвора. Долго време работев на тоа, да стигнам до тоа ниво на независност . И нема подобро чувство од тоа
Баш ме гушкале, мајка ми еве, сака и сеа таква блискост, татко ми е позатворен и резервиран ко мене, па не гушкам никој, освен дечко ми. Онака поздрав само, формално ептен, да ме гушнат, не ми смета, ама не ми ни значи, не знам како да кажам, поише ко лигавење ми е Али за мене препишувам на интровертноста вајда и тоа што знам да сум ладна. И не секад мора нештото да е трауматски одговор. Мене понижење би ми било да сака да ми отвара, сече, носи као да 'помага' Озбилно ова. Ја сакам да се докажувам дека можам, така да нема значение. И цвеќиња неќам Ти ебам романтиката моја Сите сме различни брат, за мене почит и внимание е едно, за друг друго, али дај се од себе да ја усреќиш девојката
И ја нејќам да се гушкам со некој рендом мислам нормално дека е тоа да нејќеш а да сакаш само што тие што ти значат и ги сакаш.
Не знам, не ми е мене да испаднам џентлмен го правам од што ми е убаво така и да ја разгалувам.. Тоа ми е начинот на кој покажува љубов јас и да дадам дознаете дека ми значи.. А не гледам ништо лошо во тоа да разгалиш некој. И тоа не како пример кога ќе отвориш врата па ја пуштиш прва, секогаш прашам "дали сакаш да ти помогнам". Мене па не ми е јасно како за понижување го сметате, не е тоа од што сметам дека не е способна за нешто, туку зошто мора таа кога можам јас..