Велешка локална страна објавува вест дека ќе се местат камери кои освен за прекршоци у собраќај, ќе ловат и Фиромци кои уништуваат урбана опрема, у коментари ова го доживуваат како диктатура, воздухот следно ќе ни го наплаќале, у спални ќе ги снимале.Па не уништувај паркови шуго и нема да плаќаш, почитувај ред и мир, многу е едноставно. А и у спални да ве снимаат де, ништо страшно, секако ретко е*ете. Јас кога смарт сити ќе стаса кај нас:
Right person, wrong time -> wrong person, right time И така во круг. Него сакав да кажам дека памтам се и ништо не сум заборавил и ќе оставам кармата да среди кај што треба
Стварно, не ги разбирам, женетиве/мажениве што праќаат покани за пријателство? Што сорта ќе бевте бе? Психопати едни, глејте си фамилии, деца таму.
Сдк некогаш само еден збор може да ти го разубави денот, или пак нечиј гест ќе направи да се осеќаш посреќно. Важно е да не заборавиме и самите кон себе да бидеме нежни, па еве дневна доза позитивни афирмации, секој нека го прочита тоа што му треба
Леле леле брачата коа ќе се обратат со тој сељачкиот заканувачки тон, ти рече ќе го земаш преведувач кога ќе доаѓаш у Тетово, ко оној на министерката што и се обрати мислиш главен е сељото па му се може како сака да се обраќа, мислат ќе им се исплаши некој ако така насила се понашаат, море мрш таму примитивец еден.
Лајкувам "ово није авокадо, ово је бурек" видеа, додека индид јадам авокадо. Животе, недостапен дилеру.
Четвртокот си доаѓам скапана од работа, ама факинг скапана, нозе не ме држеа и му отидов дома на мојон и ај пиевме нешто кафе и требаше да прави палачинки. Јас буквално се тресев од умор и викам ќе дремнам малку, па ќе станам ќе ги правиме. Одам да спијам, сум заспала за 2 секунди, абе ко заклана спиев. И неќел да ме буди. Се будам у 1 саат вечерта, мириса на палачинки, ете ги на маса ме чекаат со кремот до нив. И така лагано у 1 саат, у ниедно време, ја више одморена, он тек му се спие, заедно си гнетевме палачинки. И како да не го сакам бе?
Го прочитав оној балванон на Линкедин како сами сме си пречка и ако сме сакале сме можеле да најдеме работа пошто е 2026, курови, карики. Other requirements: EU Citizenship. Ок друже.
Треба некако да заработиме пари.. за да си купиме нешто или платиме неопходни работи за да функционираме..
Ко ќе ми текни каде сакам да патувам, што сѐ купувам, и дека без парите тоа не можам, полесно ми станува. Плус, си вајбам со музика додека работам, не е лошо.