Неќев да бидам оф топик во друга тема, ама во исто време ме мрзи да отворам соодветна, па ако има интерес отом потом. Инспирирана од AI принтовите на @Alex.T Ме интересираат работи од аспект на купувач, и од аспект на продавач. Купувач: Дали би земале нешто со принт кој знајте дека е AI? Или пак доколку не е нагласено дека е AI, но е очигледно дека е? Продавач: Доколку не нагласите дека е користен AI во креирање на дизјанот: нели е то лажење и продавање лажна, неавтентична слика? Зошто би го практикувале? Доколку нагласите дека е користен AI во креирање на дизјанот: шо би спречило некој да изгенерира слики дур не добие то шо сака и сам да си креира принт? Ајде нема да тупам и еколошкиот аспект во се ова. Иако колку е безвезе еколошкиот аспект да е "тупење". Лично за мене, јас вреднувам уметници наспроти машини. Генерирана слика, чак и штимана од есеј - нема уметничка, па никаква важност за мене. Иако поќе би поштовала да видам да пиши дека е AI користен, при очигледен AI - таков бизнис ми е blacklisted. Сакам автентичност. Ама то сум јас. Ме интересира ова шо пишав зошто се почесто гледам очигледен AI на инста-бизниси и ми нема смисла (мене).
AI уметност не би платила, како што не би купила AI книга. Едно е за наша забава, сосема друго кога некој краде нечиј труд за да заработи.
Зависи што е и која му е цената, да е принт на маица и да е 100-200 денари би земал.. Ама уметничко дело не, секој може истото да го направи и мислам дека треба да се цени трудот на некој што поминал може денови за тоа да го изработи и да не им се краде работата со фејк дела... Исто и книга напишана од аи не би читал. Океј е ми е аи на уметникот/писателот да му даде идеја но не и целото дело тој да ги изработи. Ако некој направи било што, што е АИ креација треба да биде наведено.. Иако сум против за продавање на истото затоа што сепак продаваш нешто што и не си го направил ти, а може и со бесплатна верзија на АИ е направено..
Како некоја што користи АИ (Чат ГПТ) за помош/дебатирање/прашања апсолутно не би давала пари за нешто што е АИ. Цртам како хоби и знам колку труд и љубов се вложува. Кога нарачувам нешто онлајн, ако ми се допаѓа некој принт ќе истражам дали е автентичен или пак генериран со АИ. Ако е второто нема шанси да го купам, колку сака нека е убава сликата. Поарно ќе земам јас ќе ја нацртам слично (и ќе ја испечатам на блуза/постер/whatever), барем ќе знам дека е вложено нешто, отколку на некого да му давам пари за нешто што со АИ генерирал. Имам и јас некои генерирани слики, но никогаш не би ги користела за нешто вакво или да ги претставувам како свои. А искрено многу тешко стана да избегнуваш АИ принтови на различни работи. Некои скоро и не се препознаваат, треба ептен детали да гледаш, што не секој има време. Многу неубав (иако легален) начин на заработка.
Но, тоа не е се, Ками како шо кажа погоре: AI е трениран на уметност праена од вистински луѓе. Како и да вртиме, за мене е "крадење".
Па да, ако веќе сакам уметност да платам, ќе платам уметник. АИ сепак краде од реални уметници. Затоа вака за "еј дај ми идеја како да ја обојам сликава" (јас ова го правам кога немам идеја, бојам од хоби) е едно, а да земам да платам "уметничка слика"... не. Мене често ми излегуваат овие што се "портрети од миленици", каде што со слика од миленикот АИ прават портрет (одреден стил итн). Симпатично ми е, но не сакам таков бизнис да поддржам, побрзо ќе платам надарен средношколец да ги нацрта мачориве, ако веќе тоа сакам.
Ако е принт на книги, обувки или облека, да. Не ми пречи. Ако е уметничка слика, не. Поубаво е од човек.
Многу често ми излегуваат вакви квази АИ генерирани реклами. Тоа само ми дава до знаење дека секакви празни шупељки водат бизниси, јер да имаат барем две чисти не би дозволиле вака да се брукаат. До толку ќе ги направи АИ мрзливите уште помрзливи. Океј си ја изгенерирал илустрацијата што сакаш па барем текстот среди го. И дете од трето одделение може да го направи тоа во Canva. Не можеме да го спречиме тоа што интернетот веќе се претвара во депонија со АИ генерирани содржини.
Потпишувам. Не би купила да знам дека е АИ. Како ќерка ми да ја читав и купив аниме стикери и очи ќе ми извадеше како не сум приметила дека се АИ не сум бумер ама па стварно не се приметуваат. Почитувам ама баш многу почитуван уметност, цртање,сликање,музика,филм...па и графичкиот дизајн. Големо НЕ за АИ.
Тоа се отвора ново казино осветлено со рефлектори со све, овие убедени дека се појавило НЛО и дека се остварувало претскажаното од Нострадамус Лоша дрога, лоша.
Се подобро е, во смисла, потешко за распознавање. Ко ќе видам некој со AI дизајн на себе не помислувам дека свесно зема AI, туку дека веројатно не распознал. Шо е и honest mistake пошто не е како во раните фази со очигледни грешки. Ептен усовршен е. И на Редит почна да ми излегва саб: Is it AI? или така нешто. И нарачват луѓе работи и добиват AI продукт. И сите се "параноични" и цепиделчат дури и онаму кај шо мислам дека не е AI. Тажни времиња за креативност. Ова многу афектира и ќе афектира уметници. Или луѓе ќе се свртат да користат AI место да платат уметник, или ќе барат рефундации и ќе тврдат дека трудот е AI.
Во САД предложен закон за забрана за користење на услуги од странски диспечерски фирми поради бројни злоупотреби од истите. Тешко и за тие малку млади луѓе кои останаа во помалите градови во Македонија . https://www.freightwaves.com/news/dalilahs-law-plans-to-restrict-foreign-dispatchers-and-brokers
Искрено, сѐ потешко станува за распознавање. Баш ми стасаа и мене аниме стикери, некои се автентични (бидејќи баш се земени од шоуто или е official art), ама некои најверојатно се АИ генерирани (во пакет повеќе беа). На Пинтерест често гледам за инспирација, и таму има многу АИ генерирани, но на повеќето со ознака барем. А за да купиш не секогаш ќе приметиш или имаш време да истражуваш дали е дело на вистински човек или АИ генерирана содржина. Знам дека е полесно да си генерираш АИ, но еве никако не ми иди да го користам тоа, не е исто чувството кога е оригинална изработка а кога е генерирано во неколку секунди. Да се надеваме дека нема да сме сосема заменливи.