Нив еден збор им трае 20 секунди, затоа толку долги изгледаат рекламите таму срцка. Овој збор ако го изговорам, поминала минута: Rindfleischetikettierungsüberwachungsaufgabenübertragungsgesetz
Нема шанси да трпам реклами дури слушам музика. Ми го убиваат мудот. Се внесувам емоционално и наеднаш ми излегува реклама рецимо за Колгејт паста. Си плаќам Спотифај премиум и раат сум, си редам песни како сакам и сум расположена во моментот без никакви прекини.
Ееее пред 10-15 години имав 100 гига музика у лаптоп, будала ништо не сочував, сеа не можам да најдам албум за симињање... од реклами престанав и музика да слушам веќе. Златен мп3 плејер, златен даунлоад, симињај си, мести си што сакаш, како сакаш, си пушташ во било кое време. Ебате еволуирањето ебате...
И јас плаќам спотифај околу две години веќе, искрено за парите вреди. Порано не го сфаќав како функцонира, на јутуб слушав музика, ама откако се претплатив скроз ми е нешто без кое не ми поминува денот. Без социјални мрежи можам, без спотифај не.
Прво немаше да коментирам пошто ова Енџи ќе ми се закачи @Angie1432 оти ми го знај скринтајмот Ама, јас сум против то да не можиме да одбериме реклами. Пример ако јас сакам персонализирани реклами оти сум consumerism final boss - то е мој избор и проблем. Не смеј да биди принуден избор на секој еден чоек. Исто треба да се има вистински избор, а не „избор“ кој те „казнува“ ако напрајш како шо не е соодветно. Јас сакам да одам по аналогно. Во меѓувреме, развив дигитално хоби. Make it make sense. Сликам аналогно и пак сликите сакам да ми се на профил дигитално. M A K E I T M A K E S E N S E. Ама пак, ова е мој проблем, не треба да биди секој форсиран во brainrot зависност. И пак ми е мала победа дека нема телефон да фатам и ќе сликам со апаратот (шо патем е „тренд“ кај genZ, за да намалат користење на телефон, тие имаат дигитални апаратчиња за сепак да можат да сликаат и да се изразуваат уметнички, притоа то да не е на телефон), или ко ќе цртам ни чат не проверам иако то го прам дигитално. А, целта ми е само за чатови да зборам и да изгуглам нешто на брзинка. Многу време губам на reels. Ќе издржам максимум една недела и после пак се лизгам назад. Дур работам слушам есеи и баш денес за ова беше. Во смисла, за стрес и дека најголем % од стресот е „створен од нас“ и дека моментот ко ќе научиме да остајме да ни е досадно и да го истресиме телото ко ќе сетиме нервоза или гласно да се издишиме - ќе биди подобро. Еве пешачев без слушалки, ми се снеможи од досада и само се издишав и одма нов чоек, едно време се фатив како гледам и анализирам камења. Убо е да се види дека имало нешто кај шо треба да ми е мозокот и прета ако се стимулира. И уште за музика/претплати. Спотифај дур не беше во МК користев премиум верзија кракната. Од ко го има во МК сум претплатена. Без се останато можам. Без Спотифај Премиум издржав од прилика два дена. Нешто се инатев и не обновив претплатата и по два дена ќе се мрднев и се вратив назад. За ништо шо имам платено или плаќам вака не сум се осеќала ко ќе преќинам. Другите работи поминале-заминале. Спотифај ми е дел од животот.
Ова е family membership, 15.99 долари, individual 8.49 месечно. Вајда на Јутјуб и Јутјуб мјузик се вклучени. Ја си го плаќам само мјузик 6.99. Ко шо кажаа некои, со реклами ни под разно, сакам у позадина да е, и сакам да е од официјална платформа. Спотифај го неќам од секад, врска неам зашо.
Мене многу ме нервираат кога ќе тргнам да возам и ми ѕвонат ме прашуваат до кај сум. Значи возам, кога ќе стигнам ќе ви се јавам. И после 2 и после 5 саати, колку ми треба - толку. Се пронајдов во твојот коментар, затоа се надоврзав. На други луѓе може не им смета, што знам.
Не знам како се цените на златото сега, ама ми звучи многу. Последно искуство, две златни бурми ги купивме за 20тина илјади. Гравирањето го понуди гратис и рече во било кој период од животот, ако нешто се оштетат прстените ќе ги среди бесплатно. Исто така и ако треба да се стесни или зголеми.
Ќе се жениииш? Нека е со среќа ако е така. Инаку зависи сепак колку е тежок, прашај и во други златари за споредба.
За запросување ми е ама сепак нереалнс сума, барем полускаповен да е прстенот.. и да ми спомна преку 90илјади ако е полускапоцен.. И не прашав за со Сафир..
Ами да, ама не за скоро фала сепак. Да прва беше ова шо прашав ама ми кажа таквс сума и декс е 14каратен и со циркон.. малце безвезе ценава.
Ја претпоставив намената Ајде чекаме вести. Многу се надуени цените за веренички прстен од пуста мода. Не им кажувај за шо ти е ,коа ќе бараш во златара. Поарно искористете ги тие пари за убаво патување. Т.е. како шо си мислиш дека е правилно де. Сори на мешање. Знак прашалник е дали ќе биде сафир или стакленце. Без сертификат не купувај ништо, ако купуваш со скапоцени камења. Сегде кај шо разгледувал мм го праеле наудрен затоа шо барал со камче, а не дијамант/циркон. "Како тоа дечко веренички прстен со сафир? Се знае какви се вереничките."
Рударски инженер сум и цирконите се помеки од скоро било кој полускапоцен камен и шо значи не е реална ценава.. ај така ќе пробам првин да побарам прстен тоа шо имам наумено..
Јас сум слушнала дека во Велес има многу избор, нека потврди некој што купувал скоро. Испитај си опции штом не се брзаш.
Јас дефинитивно си се коцкам со животов.... Пред многу години открив дека имам тешки болки во желудникот чим изедам банана. Исто и чешање во устата, ваљда некоја алергија. И така прекинав да ги јадам. Ќерка ми па ептен многу ги сака и секој ден ги купувам. И сега пазете, не сум апнала банана од тогаш, и сега кога ги купив ме примами нивниот мирис, и си викам ај шо сака нека биде, ќе си апнам една. Ако ми биде нешто, ќе викам брза помош. Блиску сме, ќе ме спасат . И луѓе, ете ме висам на шољјата, прољив, ме кине желудникот, ми се повраќа.... Епа стрвен газ два стапа јаде. Една банана ќе ме умре мене. Туку да си прашам, зошто така ми се дешава од бананите?
Алергија на банани? Од нешто друго ти се случува истото, киви, папаја на пример? Појма немам што е папаја иначе само прочитав во иста група на алергени може да е со бананите.
И од банани и од киви знае да ме запече и зачеша устата, ама кивите си ги јадам и друг проблем немам. Ама од бананиве..... еве веќе саат време иам болки во желудникот. Папаја и јас неам пробано
Не знам зашто ама малце морбиден ми е моментот кога се шејмаат жени во средни и касни 20ти зашто веќе имале брчки. Зборам за ете нормални брчки околу устата, не нешто претерано. Зашто очекуваат возрасни жени да личат на тинејџерки? И зашто им се попривлечни такви жени?