Абе ич не се збори така. Само цел Центар и околни населби. Можда не све што е напишано, ама генерално така се збори. Ќе додадам, Знаеш ли шо ми се деси, Шо се дешава со тебе, Шо ме прашуеш бе Шо се курчиш. Ти текнуе Итн..
Мислам стварно е понижувачки што така мислат и сум разочарана од членки кои ги инаку пошту- почитувам. Не знам која потреба за супериорност е ова.
Да, ама генерациски гледано, не зборат сите исто во Скопје, моите живи нема да ги фатиш да зборат ко што јас зборам. Додека пак ете во Охрид, цел живот сите генерации зборат на истиот дијалект.
Ја значи не зборам така. Прашуеш..... Стварно многу ми е сељачко ова, не сум го прифатила, нит ќе го прифатам. Текнуе исто така не Без навреда али цигански звучи. Ја мешам литературно плус сленг, и не прифаќам све.
Извини ако нешто грешно ЈАС сум разбрана, не хејтам ничиј дијалект, нема потреба од разочарување околу мислење на дефиницијата дијалект. Мене сеедно ми е дали е така или онака, искрено мислам дека официјално не е дијалект. Али пак ќе кажам, сеедно, сериозно. Едит: лично бирам кога како ќе зборам, значи ако сакам не зборам улично, не сум учена од раѓање така да зборам, а кога зборам така, мој избор е.
Ама скопскиот е заедно со велешкиот, скопско-велешки дијалект е официјално. Така да ние сме најблиску до литературниот, чао провинцијалци. Spoiler се шалам секако, мислам дека нема поента изразување супериорност преку дијалекти Бтв не знам никој кој зборува онака како во горниот пример...
Збориш како не. Ја, всушност е јас. Зборам всушност е зборувам. Стварно всушност е навистина. Можеби не ги користиш тие зборови, но користиш доста што се дел од скопскиот дијалект.
Стандарден литературен јазик за да биде правилен како таков се состои не само оз зборови дали се цели или не има правилна граматика, изговор.. Се надвор од стандардниот е дијалект.. И никој дијалект не е официјален за да се каже како е правилно нешто на одреден дијалект..
А и коа зборат на стандарден литературен, колку и да се трудат, пак се осеќа нагласокот Ретки се исклучоците кои навистина чисто ко солза говорат
Има србизми, да, само не ги користат сите, тоа ми е муабетот. Туку, македонскиот бугарски дијалект да не е?
А НЕЕЕЕЕЕЕ, ОВА НЕМОЈ Уствари бугарскиот не е јазик, македонски е со говорна мана. Погрд 'јазик' не постои!
Мислам дека е корисно ова да се прочита... Едит: Инаку сите словенски јазици користат наше кирилично писмо.. Сите се наши дијалекти и бугарскиот..
Леле да оваа актерка многу добро ги изговара акцентите, и зборовите што ги одбира се литературни и уште неколку актерки сум забележала дека слично зборуваат не знам дали така на драмски ги учат или случајно се погодиле да се актери а така да зборат..
Интересна дебата... И малку „истражував“. Зошто има струмички дијалект, а нема вистински „дефиниран“ скопски дијалект, на пример, туку уличен/урбан говор и „дијалекти “ паралелно што не се еден централен „нормиран“/„стандарден“ дијалект. Географска причина и гравитирање кон административниот центар. Струмичкиот крај е: - Оддалечен од административниот центар. Не е „норма“. - Опкружен со планини (Огражден, Беласица) - Има постабилни и потрадиционални навики и јазик. Скопје како административен, културен и медиумски центар вршел постојан притисок врз околните говори. Луѓето кои се доселувале во Скопје го прилагодувале својот говор кон поприфатлива, „попрестижна норма“ , како што зборувале „градските луѓе“, од Чаир, Дебар маало, Пајко маало, итн. Ова е познато како јазична нивелизација, дијалектите се израмнуваат во градовите. Значи, луѓето што доаѓале се мешале и се прилагодувале еден кон друг кон одреден географски центар, без пишана норма, и ова создало „градски говор“. Струмица, пак, е регионален центар без таков централизирачки притисок. Локалниот говор останал посилен и поконзервиран. Таа географска затвореност ги зачувала специфичностите на говорот низ вековите, многу поконзистенто. Изолираните региони секогаш развиваат поизразени дијалекти. Скопје всушност има и дијалект и „урбан“/уличен говор во исто време. Скопски дијалект, постои, но тоа е говорот на селата и малите места , и постарите граѓани, околу/во Скопската котлина. На пример. Го тражевме (баравме) пашапортот (пасошот) за да одиме во Немачка (Германија). Вака сега, во Скопје речиси никој не зборува. -„Урбан“ /скопски говор, тоа е она што го зборуваат скопјаните сега. Но, поради тоа што нема „норма“ има само варијации. Брат, утре ќе одам у парк, доаѓаш со мене? Ќе има свирка на Школка.
Еве Искочи у град (скопски) = Излезе во град. (Литрратурно). Она ми рече ќе идеме у продавница. = Таа ми рече дека ќе одиме во продавница.
Додека ние се пердашиме за дијалекти и сељачизам, никаде не пишува дека Кирил и Методиј биле македонци и дека кирилицата била создадена во Македонија. Една Википедија која е извор на знаење и едукација на милион луѓе, пишува дека е создадена во Бугарија. Да пребарате нешто на гугл, на бугарски вади резултати. За жал.
Кажува во ова интервју дека порано повеќе се залагале на драмски за ова и дека генерално самоука е слушајќи ги тогашните глумци/професори како зборуваат.. А мислам дека била и професорка дали на драмски, дали на факс за Македонски во делот на некој таков предмет што поврзува драма.. Инаку кога сме кај актерката единствен позната личност е со која сум се запознал и така си зборува литературно постојано, ме учеше да глумам. Мислеше професорката по македонски дека сум многу заинтересиран за глума и беше во добри односи со актеркава и два пати ми објаснуваше доста работи за однесување на сцена, како да глумиш, разлики во филм и кино, а јас само сакав да правам било што да сум надвор од часови..