Има. Анализа на Балкански популации од Бронзеното доба до Империјалистичен Рим покажуваат постепен раст на Западно Азиски генетски инфлукс во Балканот. Подоцна со воведувањето на Словенска ДНК во Балканот за време на нивна миграција почнува целосно оформување на модерните Балкански генетски профили.
Дополнителен документ, од Иосиф Лазаридис, водечки и кредитиран експерт во полето на археогенетика заедно со колеги објавено во скоро време: https://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S0092867423011352
Статијава докажува тоа што го збориме од прееска. Дека на Балканот имаме мешавина од Римски Анадолици, Словени, Палео-Балканци и во некои посеверни делови делумно наследство од Германи. И пак укажува дека покрај тоа што сме до тој степен различно мешани, јазикот и културата пак ни се главен дефинирачки фактор одколку гените и алелите. You love arguing for the sake of arguing, don't you?
Убаво објаснето за балканот, меѓутоа ништо посебно не кажува за нашиот дна профил, можеш да најдеш на разни социјални мрежи луѓе што си ги постираат, во глобала секогаш се ⅔ палеобалкански со до кај ⅓ славјански (27% е највисоко што иам видено), и ситно нешто друго.
Јазикот и културата ни се обединувачки фактори кога, сега или во минатото? No, not really. I'm just curious.
Види, не сакам да те дискредитирам, но социајлни мрежи и "кредибилни" резултати не идат заедно. Научен труд ти кажува каков е Балканот, и ти кажува дека има од Блиски исток значителен процент на генетско наследство, освен Словенско и Палео-Балканско во Јужниот Балкан.
Двете доби? Јазикот и културата секогаш биле дефинирачки фактори во минатото и во сегашноста низ цел свет за нечиј идентитет.
Како може култура и доба од тој период да е исто обединувачки со денешниот јазик и денешната култура на ист начин? Од каде толкав методолшки скок?
Инаку, сакав да те прашам на кое истражување си работел? Со кои професори? Кој институт? Можеш да ми кажиш затворени статии за истата проблематика. Ќе ги најдам на Scihub, а имам и пристап до научни списанија. Nature, спомнуваше пред малку?
Во статијата што си ја постирал колку што сфатив од тоа брзински што го прочитав, правено се истражување на оригинални стари скелети? Тоа многу работи може да значат, а најмалку дека денес ние имаме гени од блискиот исток. Зошто па денешните дна тестови да се помалку кредибилни? Генерално истото го покажуваат за цел Балкан, значи веројатно се доста прецизни.
Специфицираш јазик и култура. Во аргументот доаѓа како поими. Не кажуваш специфичности како прво, и како второ идеш на gotcha аргументи. А како може јазик и култура од тоа доба да се исто обединувачки, па батка ќе си видиш кога ќе прочиташ потомство на модерниот Македонски јазик и култура дека доаѓаат од Словенски извор со елементи од абсорбирана локална популација. Знам, сосема зачудувачки дека јазикот кој денес евоулирал во Македонскиот Словенски јазик е потомок на прото-Словенскиот!
Денешните ДНК тестови се површни, и само ти кажуваат "потомство" според бројот на SNPs делени со луѓе во еден регион. Најточен од нив беше 23andMe, MyHeritage најлош поради начинот на кој групираа луѓе. Повеќе е novelty effect одколку што е нешто кредибилно како академски труд.
Да не сакаш и адреса, и матичен број да ти дадам, и име и презиме на место кај што треба да сум анонимен?
Да? Зошто тогаш реконструктивни лингвисти го имаат протословенскиот реконструирано и анализирано преку лингвистична компарација со потомски јазици за тоа да дојдат до научно категоризирање на јазични фамили?
Ако ми кажеш и ти име, презиме, број на адреса и матичен, секако и јас ќе кажам. Ова веќе што го правиш е буцкање, отколку "радозналост" колку за провокација.
Ако се површни, тогаш се 'утнати' за цееееел балкан. Зошто за сите истите халеогрупи ги дава, само со различни проценти. Логично, пошо ја имаме во принцип истата историја. Балканска.