Уште не ми одговори за затворените статиии, ISBN и DOI броеви, а не тие што се наоѓаат од GROK или од Claude.
Хаплогрупи се најглупиот начин да следиш нечие потомство и која етничка припадност се. Хаплогрупа, да напоменам, е помалку од процент од целата генетска наследност, и нема никаква конкретна улога колку што анализа на автозомна ДНК (или остатокот на гените на една индивидуа), има. Затоа се прават автозомни анализи најпрво и се гледа целовкупниот состав на една популација, одколку "Еј, овие се E-V13, R1a или R1b!", без ништо друго додадено.
Тоа се само имиња, или тагови, дадени на мутација на Y хромозомот кај мажите. Сочинуваат помалку од процент од целиот геном на еден човек, и никој кредибилен не ги користи во генетска анализа колку што ја користат анализата на автозомната ДНК на индивидуи и популации најпрво. Хаплогрупи само имаат значење во ептен раната историја на народите, да речеме од Мезолитот и Неолитот, или пред тоа со поделбата на Еуразијци од остатокот од Хомо Сапниенс останати во Африка, и се најкорисни за следење на миграција.
Кај да барам или под кој наслов да читам за ова ме заинтересира сега? А ова на жив човек не можат да се провери, мутацијата, или само на остатоци.. Нели би можеле на повеќе испитаници да се провери и точно да се утврди една нација колкав процент носи од различни историски родови групи?
Ако е добро сочуван примерокот, и ако не е постар од одреден број векови да се рече, може да се направи анализа на Y ДНК и на мртви индивидуи. И се имаат правено анализи за процентуалноста на живи индивидуи. Едно и единствено добро на модерните и комерцијални ДНК тестови е тоа што може некои од нив, како 23andMe или FTDNA, да ти кажат и Y ДНК и митохондријална ДНК. И не е секогаш хаплогрупата точна, пошто може да се случат работи како founder effect или genetic bottleneck кои може да намалат диверзитет на Y ДНК помеѓу машки примероци. Затоа автозомната ДНК драстично повеќе се фаворизира отколку хаплогрупи.
А како функционира ова на мртви лица кои што не се знае дали се машки или женски, а на жив човек не? Како со испитување на остатоци добиле задоволителни податоци за гените, а не може да се направат тие истражувања на веќе жива популација, што можат и да се земат соодветни примероци?
Знаеш дали е машки или женски ако имаат или немаат Y ДНК хаплогрупа. Тоа значи имаат XY, а не XX. И се прават истраживања на модерни популации, како што кажав претходно, со споредба со процентуално кои алели, гени итн. наследиле процентуално како population average од која античка популација.
Јас те разбрав дека не може да се испитуваат живи луѓе, затоа се зачудив.. Инаку овие истражувања точно на кои факултет се прават да знам од каде да побарам да читам? Наши факултет имаат вакви истражувања или странски да барам? Ме заинтересира со ова, а прв пат слушам..
Не знам како од тоа кој бил сељачки дијалект, до дали скопскиот е литературен, до дали ние сме антички македонци или словени, до генетика и молекуларна биологија и фалеше Нина со пост за мајстори. I am done for today.
Имаш од Харвард студии на David Reich, Iosif Lazaridis и останати соработници од други интернационални колаборации меѓу факултети каде се изучува човечката генетика. Nature и Science ги имаат нивните трудови објавено, ако се сеќавам убаво.
Ај ти си била таква во 23ч. Јас од 2 наваму со очи пола затворени читам, читам, читам и сфаќам наместо форумов требаше тоа книгата што ја тегнам да ја читнам. Дијалекти. Сите се интересни на свој начин. На таа тема со повеќето се сретнав на факултет. Е сега спомени од тоа време... Захтевен факултет, задачи и на настава и за по дома и колешкава од група по пат кон дома ми вели але имам пајнци за средвање. Јас си помислив какви пајнци ни задале за домашна задача и ја потпрашувам кога тоа било чинии. Ете нешто за дијалектите. Инаку ај како е најсоодветно, пенкало, стило, налив? Стандардизираниот јазик знаеме од кој дијалекти е оформен, но не од сето од нив. Башка има анархизми, турцизми...итн.итн.да не ви давам и други ишарети за што било, како било. Како ви се живее само толку во минатото не капирам? Јазикот е жива материја и секојдневно еволуира...како и се останато што треба...да еволуира...напредува, се развива.
Нормално дека прават на мртви, ако има услови да се извлече, инаку како би знаеле денес модерните профиле кои стари гени ги има. Туку, минатата година пуштија резултати од скелетот шо го најдоа во гробницата во Пела кај шо тврдат дека едниот е Филип, испаднаа некои северни гени, па сеа као велат дека примерокот мора да е контаминиран. На другата тема, кој каде рече било кој дијалект дека е сељачки? Сè македонско треба да си го цените.
Не мислам дека манифестации се баш вистински, туку мислам дека сме склони кон земање било какви знаци и да се убедваме на некое несвесно ниво дека така треба да постапиме. Велам вака зошто, земав Јануари седнав и напрајв vision board. Прв пат во животот. Толку детален е, шо буквално имам по месец шо сакам да напрам и како планирам да го напрам. И еве веќе е Мај и реалноста е дека апсолутно се ми е исполнато до Мај и то шо уште не ми е исполнато, ми е бар закажано (и да, имам ставено слика од цицки и да, во цели за 2026 ми се цицки). Без исклучок. И не го гледам ова како некоја сувшина моќ шо виде мојот vision board и наеднаш реши да ми го исполни. Едноставно гледам дека седнав и напрајв детален план и низ моќта на манифестацијата врз потсвесното - го исполнив тој план зошто се убедив дека „мора“ да биди зошто го испланирав и го ставив на vision board. И така. За поќе вакви деној.
Баш визулационен боард не сум правел ама список на цели и задачи за разлики аспекти на животот правам и ги следам. 80-90% од тоа што сум замислил во последните 10 години сум остварил до сега. Размислував за нови цели во последно време најдов малку што би ме направиле среќен барем навистина. Има некои многу амбициозни и големи што ми текна ама не се баш костефектив не би рекол неостварливи. Мислам дека сум прикрај на тоа што го навистина го сакам и вреди да се трудиш.