И јас да им е.матер! Ненормални се. Пред некој ден еден прошиша многу блиску до мене со голема брзина додека возев точак. И тоа ми дојде од десна страна на широк отворен пат. Од што се уплашив изгубив рамнотежа и почнав да паѓам. Успеав да застанам на нозе, ама точакот ми се истреска. Стварно, немаше причина да ме претицува толку блиску на толкав простор, па уште и од другава страна..
Додека во други земји ги забранија кај нас ги „продадоа“ како „иднина“. Класика...И само колку луѓе познавам што или имале незгода додека возеле на скутериве или пак самите предизвикале незгода. И јас сум бил сведок.
Наместо да имаме добар, економичен, еколошки и ефикасен јавен превоз што покрива сѐ од транспортните потреби, освен во ситуација на неопходност. И огромни други проблеми оттука следат: недостаток на паркинг места, недостаток на физичка култура, обезност, придонес кон загадувањето на воздухот, стари, а силни машини подобни за сообрајаќни несреќи, итн. И иронијата е што ние сме во Европа а културниот код ни е wanna be „американски“, каде градовите имаат бизнис јадро и систем на предградија, па е неопходен автомобил поради големите растојанија. Ние со сила правиме проблем, за глупоста да биде поголема.
Дојде лето, одма како комарци они и велосипедистине на улица се појавуваат. Понесакана појава од комарци ми се.
Родителите некогаш не го делат имотот на децата додека се живи зошто се плашат да не останат без дом на стари години особено ако тие самите живеат на тој имот, во случај ако децата им го продадат и потрошат или изгубат на некој начин,. Инаку, лично сметам дека ако имаат свој дом родителите и секако планирале да им остават некој имот на децата што го имаат, попаметно е да им се подари на децата додека се живи заради финансиски трошоци, а и децата ќе се чувствуваат рамноправни. Доколку не сакаат, секако може да остават тестамент. Во случај да не направат ништо од ова додека се живи, ќе се примени законот кога ќе се дели имотот меѓу наследниците (кои ги опфаќа и децата и живиот родител). Ти треба само да им кажеш дека не ти е требаат пари од имотот, туку рамноправен третман со брат ти. Да не си мислат дека пари бараш преку имотот, штом ти спомнуваат заштеда дека имаш. И се согласувам со другата членак која рече дека не мора да знаат колку имаш заштедено. Ти не мора да им кажуваш се за себе, ако гледаш дека и тие не ти кажуваат се.
Според сообраќајните правила, велосипедист треба да вози десно на коловозната лента, ако нема соодветна патека, и вози друмски велосипед, кој не може на патека, што кај нас е тротоар со несоодветни рабници и премини И тие се решение за проблемот со автомобилите, всушност.
Одличен акал. Всушност, нивните решенија се развиле прогресивно. И тие имале слични проблеми како нашите. Само, работеле на тоа и ги примениле решенијата. Пример за земја што учи и од свое и од туѓо искуство.
Па тоа е она што всушност ме мачеше, сакам рамноправен третман, ништо друго. Не дека некој ми забранил било што да користам од заедничкото. Ама моментите на ќе видиме откако ќе бидете мажени/женети ме фрустрира. Прво и да се мажам, неговото ќе си биде негово. Денес има повеќе разведени, него ли одржани бракови. Мене маж не ми е никаква сигурност. Единствено што можам е да се потпрам сама на себе и евентуално ако нешто наследам од родителите. Ама таквото размислување толку многу ме фрустрира... не знаете... А за оставање во стари години, реално кога биле болни или било што, многу повеќе ги тинтрам од брат ми до ден денешен. И кога сум ифрит љута, пак ги услужувам и гледам не сум им терет. Ама не можам да им влијаам, да носам одлуки место нив, што сакаат нека прават, јас си го кажав моето.
Еее не зборете за Холандија, некни бев, таму повеќе шанси има точак да те згазе неголи кола, возат 300 на саат, кочниците не им работат, и одозгоре може да ти излезат....