Многу го сакам овој дел од денот (Ноќта) Конечно имам време за себе... да се испружам, да грицкам сончоглед, да уживам во ладно пиво и едноставно да се опуштам по напорниот ден. Наздравје !!
Фала богу денеска накај работа се погодив во автобус со нормални луѓе кои не смрзнаа да отворат прозор на ова топло време , сите што седите во затворен бус без да отворите прозор дека дува и е ладно да си седите дома и да се покриете со кебе и сте ненормални! Колабираат луѓе на ова време. Прозор ќе смрзнеле ако отворат ...
Од народ што во група на социјални мрежи постира лични слики без тројка размислување за ризици со молби „ke moze li pozadina neso vo gaserski kao gangsta stil“, „ke moze li dve zenski do mene da stavite ha ha ha“, „moze li da me stavite kako da sum na plaza“ мислам дека е грев да се очекува многу.
Несовесните возачи веќе ги научија точките каде што се поставени камерите, па онаму каде што нема, повторно се "лета" со 100-130 км. на час во градски средини. Доколку Safe City не се комбинира со почеста радарска контрола и возила- пресретнувачи со вградени камери кои регистрираат прекршоци, ефектот на истиот ќе биде прдеж во ураган. И конечно, најефективниот контролен механизам, свеста на луѓето, очигледно никако да проработи.
Ко за чоек шо е многу nosey, едноставно ништо не памтам и ако помини доволно долго време нема ни да знам шо муабет сме праеле и/ли дека некој воопшто постоел во моја близина. Еднаш пишам со еден. Сфаќам дека не ми одговара. Преќинваме. По неколку месеци скролам сториња и го гледам и ми фаќа око зошто скроз мој тип, атрактивен и ЈАС му слајднувам, од кога јас го откачив инаку. Ни трга многу муабетот. Излегваме. И ме прашва: "а, шо толку те изнервирав првиот пат?" и се збунав. Кој прв пат? Well... Или тој пат ко избегнував колега зошто ми е познат, а немам идеја од каде. По неколку месеци (пак на стори) ја видов жена му и ми текна дека им бев на свадба зошто на претходно место и та ми беше колешка. Со друштвото шо сме, се дружиме од средно. И ќе спомнат некогаш некое име и јас сум цела прашалници. Сигурно бев и јас таму? - Да. И имав комуникација со особава? - Да. Интересно. Од друга страна, исто така многу памтам ама работи шо ми се емоционално мотивирани или ако ешкли I give a damn. Можи не памтам дали пуштив вода во тоалет, или дали исклучив ринглата, или дали се напив вода ама гледам дека е намалена количината во шишето... ама и те како памтам рандом повик летото четврто кон петто одделение ко бев в село и зборав на фиксен со мајка ми дека неќам да сменам училиште. Или ко се здружив со сегашната другарка така шо двете ојдовме на милкшејкс (млеко на двете ни прај многу ГОЛЕМА реакција) и да речиме дека после то шо се деси нема назад. Исто како шо апсолутно и најтивкиот шум можам да го слушнам и ми смета, ама во исто време можиш се да ми кажиш и ништо да не слушнам (и да не испроцесирам). Некогаш можам да се заколнам дека мозоков ми е мазен.
Отсекогаш не ми е јасно, зошто овие што се партиски во образование се жалат за плата, пензија. Побогу, сами си биравте партија, што не ви чини? Ем неписмени, ем упикани со врски. Што очекувате?! Секоја чест на исклучоци.
Се чувствувам зовриено, сварено Не знам дали почнавте да спиете во летни алишта, дефинитивно е време, покривање само со чаршав и ширум отворена врата од надвор Убаво памтам шо пишав коа бевме зима, дека ми влијае депресивно па одвај чекам потопло време, дури и пеколно жешко коа ќе биде, нема да јадам гомна. За жал не можам Ја се чудам како спиете парови вие шо сте заедно? Посебно се покривате? Толку многу сакам да спијам со него, но не можеме да се усогласиме со температурните разлики Склет ме фаќа од некои материјали, прекривачи, он си спие со ќебенце уште, не е дебело предебело, но ја нишо освен чаршав не прифаќам 200 степени мислам дека е, вријам, па се преместувам Чаре за ова
Не знам што дијагноза се оние луѓе што имаат некој близок у фамилија или другар што е одредена професија и пошто океј, често слушаат што и како се работи и после влегуваат у нереален филм дека они се стручњаци у тоа поле. Али не од типот - еј имам блиска, вака и вака ми кажа или еј ќе ја прашам, него си ја ставаат таа улога сами, се замишљаат оти се буквално самите доктори или правници или што год и тоа толку самоуверено, не смееш да им речеш застани, ти немаш учено за ова. Нема да те пренасочат кај личноста што го работи тоа, него они слушале нешто и готово, диплома зеле мислиш. Ги имам у опкружување и од истава причина избегнувам да зборувам многу пред нив за моја струка и што работам оти утре ќе заебат некој место рецимо да ги пренасочи мене да ме прашаат да помогнам. Болна самодоверба ли е во прашање, не знам еве.
Вчера извозев над 20 км. Си го обожавам точакот. Синоќа беше совршено за ноќно возење, таман за со дуксче. Фанк Шуи звучеа добро. Атмосферата беше лабава, трева, пиво, тивки муабети. Градот изгледаше некако посебно убав, дали дека почнува лето, не знам. Штета што детево мое утрово ме разбуди во 15 до 7. Нема везе, ваљда вечер ќе надокнадам со некој саат плус спиење?
Единечни јоргани/ќебиња/whatever. Секој со свое, ќе се гушнеме на минутка за добра ноќ додека не не фати с'клет и секој на своја страна, со своја прекривка. Совршено решение и за зиме и за лете, никогаш не сме имале проблем. Не значи дека ако сте пар и сте на една спална дека мора и прекривката да е дупла
Што е топло топло е времево, ама убаво ќе беше да остани вака преку лето. Гледам да не се жалам премногу бидејќи ќе дојди и 40+ за месец дена. Не е толку лошо сега со 25-30, се издржува ќутете. Плус навечер е супер пријатно, барем тука. Сдк и нешто друго. Не знам што ме мавна да коментирам на Инстаграм рилс од алгоритмот што ми се. Сега 90% од известувањата ми се лајкови на коментари. И тоа не неколку само, се собираат и по стотици, на еден моментално скоро 600 има. I feel famous.
Да бе, па душманите да се радуваат Сум имала многу душмани, а не сум знаела По никаква цена не би уништила нешто што ми е убаво и скапоцено, а сигурно и сите тие кои би сакале да се на мое место така би постапиле
Не ми е јасно зошто е контроверзно да се кажи дека ако некој зафаќа повеќе од едно седиште во автобус ради неговата телесна тежина, треба да си плати две карти а не една.. Кога ќе седнам или ќе седни до мене некој пошто другото е слободно, одеднаш мојава карта повеќе не ми гарантира цело седиште ко шо си платил, туку само половина. Реално кога купувам карта за автобус, очекувам седиште а не да поминам цел пат залепен за прозорец ко слика на ѕид човече Ако зафаќаш поголем простор, поарно купи си две карти и седи раат и ти и другиот а не другиот да е притиснат и реално така е Плус па сеа на жешково..
Некој си јутубер Jesse Ridgway објавил прво дека е трудна партнерката, и сега објавиле дека ќе го абортира зашто плодот имал даунов синдром. Братов не го знам, првпат слушам за него али деновиве ми искача по feed ова со него. Једина грешка што ја гледам кај братов и девојка му е што јавно објавиле вакво нешто. Сега двајцата добивале смртни закани заради одлуката. И по социјални мрежи се препукуваат, па луѓе си ги постираат децата што исто така имаат даун и демек еве види, јас го родив, шо му фали. Златни, прво ја на вашите деца, со даун или без цела среќа на светов им ја посакувам. А другото... Кога ќе престанеме генетските болести да ги третираме како да се обичен кожен белег? Кога ќе престанеме на луѓето со тешки генетски болести да гледаме како на луѓе кои се само "поразлични" а не како на луѓе на кои секој ден им е борба? Кога ќе престанеме да викаме дека е само "состојба" за болести каде што луѓе живеат со болки, не се свесни за себе, не можат да се грижат за себе, имаат напади секојдневно, не функционираат без 100тина операции, 10ина лекови, апарати? А да им речеш еве ќе го родам ама вие плаќајте ми терапии, дефектолози и све остало, е тогаш е нисам одавде. Pro life my ass.
Што е со загадениов воздух бе, уште ли палат депонии? Сабајлево грлово ме печеше од тие токсични честички. Да не можеш прозор да отвориш.