Замисли се запознаеш со некој, ти се свиѓа, ќут е и сѐ, и после гледаш дека лајкнува видеа од парада на семејни вредности. Уште полошо ако отиде, инстантен блок.
Сочувство, истото го поминувам оттаму и инспирација Баш истото го помислив среќа од петокот по работа ме фати
Се разбидив во 3 сабајле и се вратив со мислите 15-20год уназад колку беше се убаво, бевме заедно цела фамилија секогаш на викенди, излети, ричеци со роднини иди ми дојди ми пријатели, имаше посебна убавина тој период.. денес исто е убаво, но секој на своја страна, отселени и реализирани со деца и го нема тој драж како кога бевме ние деца. Нашиве незнаат така да се дружат и бараат како порано кога растевме па и ние исто се сменивме. Се отуѓивме
Децата од бившите партнери ви се исто толку деца како од сегашните. Не може да ги користите да ви ги чуваат деца од сегашните, колкава и разлика да се во години, а особено не да дозволите вашиот сегашен партнер да ги потцени на било кој начин.
Да не знае некој кој СПФ фактор мириса баш на плажа, на сонце, на летни спомени, никако да си погодам, се некои без никаков мирис. Кога ќе ми задувка ветре, а некој се намачкал инстант ја добивам оваа реакција:
Дешавка од пред некој ден во автобус: Една постара жена ми се врти и ми вика: " девојче стани да седне жената, не гледаш дека е бремена?" И женава се врти и вика: "НЕ СУМ БРЕМЕНА, САМО ИМАМ СТОМАК." Не можам да опишам колку незгодна ситуација беше.
I'm Charlotte tipe of person од Сексот и градот. Не ми требаат тестови да ми потврдат и ми се допаѓа ова и истовремено не. Ете права Шарлот самокритично- осудувачка и длабоко интроспективна особа, абе конзервативно, тадиционална тупаџика . Ама па и ја обожавав креативноста со која ги хендлаше предизвиците животот што и ги постели. Брак од соништата, развод што и го обезбеди следниот сопруг, значи пак развод од соништата, начин на проширување на семејството што и донесе потоа и нешто за вау. А башка репликите бре, кога и се избаци на Саманта кога и го сработи брат и нејзин кога и беше на гости дојден. Мирна, фина, културна, ама кога и збувна ко огин од змеј да излезе . И така да не редам за сличностите со неа, освен најјакиот момент што ми ја дефинира неа. По неуспешното ивф не сакаше да отиде на роденден на синот на Миранда, Брејди, разбирливо зошто. Погледна документарец за Е. Тејлор и тоа толку ја измотивира да укапира дека сите имаме маки во животот, финтата е како се носиме и справуваме со нив и да не им дозволиме да не направат јадни и огорчени до степен да не можеме да се радуваме на среќата на другите (во овој случај на другарка и). И да посвои куче шампионка која не можеше да се натпреварува само ради една мана покусо ноџе. Charlotte ruls.
Си уживам под клима како да сум наследил милиони, а не како човек што за неколку саати треба да оди втора смена среде пекол.. Плус депресијата што ме мава потполно ја игнорирам,така да,животе шта речи ...
Да честитам со задоцнување од еден ден, Happy Father's Day и да ни е добредојдено летото на сите од севернава хемисфера.
Знаете кога за некој човек уште на прво видување имате лошо чувство? Кога инстинктот ти кажува дека овој човек не е баш добар? Да не речам го**о. Е, тоа ми се случува често и за среќа или несреќа, не сум погрешила до сега. Интуицијата не ме излажала.
Колку повеќе ги глеам децава у маало шо праат и како се третираат меѓу себе, толку повеќе учам за човековата психологија и карактерите. Почнувам да мислам дека баш примарното у природата на човекот е да се бори да биде доминантен, надмен, повеќе битен, повеќе паметен, повеќе силен, желен за туѓа надмоќ и внимание. Децата не се научени од дома да бидат такви, туку не се научени да не бидат такви. И дека човекот се учи на морал, позитивни вредности и принципи, хуманост, делба, помагање, се кроти егото, се превзема контрола врз емоциите, дури и тие најпримитивните најприродни. Како да му се објасни на мало човече зошто некој едноставно прави лоши нешта? Дека некој едноставно сака да го натера да плаче и да го гледа како плаче, како му е грдо, како пати? Како да му се објасни дека е океј да плаче, ама да продолжи понатаму со главата крената горе? Како да му се објасни да не трча по други, молејќи за дружба, за пријателство? Други што прават да плаче? Други што го повредуваат и на крајот дури ќе го изманипулираат тоа нив да им се извини?
Се наполна собава мушички и мојот генијален ум реши да ги гори со упаљач( чакмак шо би рекле битолчани ) и спреј... Немам од денес перде во собата, т.е имам ама со 50 сантими дупка изгорена, ј*бем ти генијалност
Го знаете она чувство кога некој ден ви е толку убав што не осеќате дека е реален? Може да е некоја остварена средба со сакана личност, може да е некој кариерен успех, било што. Или можеби си бил некаде, со друштво, на пикник, планирање, сеедно, си поминал преубаво и после ти се чини ко сон. Седнуваш и си викаш чеек ова стварно ли се деси? И кога на крај на ден осеќаш дека е нештото too good to be true, е тогаш знаеш дека стварно си бил среќен
Како што музиката може да ми разбуди толку длабоки емоции и за миг да ме однесе на конкретни места и потсети на одредени личности во спомените ништо друго не може толку моќно и успешно да го стори тоа. Обожавам музика. Само да се надоврзам на мислењево, е ова е тоа и за нови и за постари мелодии кои сме ги подзаборавиле и на кои случајно или не сме налетале. Ова е најблизу и најпластично опишано на тоа чувство што музикофилите не понесува.