Ова е само наше Скопје... На четири страни прошетав и грев е да се жалам што под триста неба мојва глава заспала. Но само еден град на светот има улици баш за мојте чекори. И само мојот град знам ќе ме прими в прегратки в срце штом ми застуди. Ова е само наше Скопје, тука ни е се. И се дури сме живи ќе го сакаме. Ова е само наше Скопје, тука ни е се. Овде се дури сме живи ќе се враќаме. РИП Легендо
Благодарен сум што денес постои технологија, а и имам можност да си ја приуштам. Ретроспективно, денес живеам далеку поквалитетен живот од минатото кога растев. Кога ќе се сетам само колку време имам трошено, и физички сум работел, сега можам да кажам дека ми е далеку полесно вака. Од теписи перење и рибање рачно, кога ќе почниме со мајка ми, цел викенд ќе ги периме на цементот, па ќе се прскаме со вода... Па потоа сите оние тешки кебиња, јамболии и јоргани што беа како олово. Ќе се килавам да ги дигам, па заедно со мајка ми ќе ги периме, па со татко ми ќе ги пружиме. Никогаш ништо потешко не сум кренал во живот од мокра јамболија. И сето ова се правеше секоја година при промена на сезона. Потоа секојдневни работи како миење на садови или сушење и пружење на алишта. Фала богу не мора тоа да го правам денес, само уклучувам машина и си гледам ТВ додека работи. Теписи и онака веќе се исфрлија од употреба, а тие што уште не се исфрлени веќе никој не ги пери рачно, туку се перат машински. Дрва за огрев, па беше цел еден зафат кој траеше и цела недела, додека се донесат, исечат, исцепат, се складираат... па пали оган секој ден во зимо, и варди го да не изгаси или задими. Денес, клима, централно, чисто, фино, на копче. Е остана уште робот правосмукалка да си купам, и да не ми страда кичмата. Некои вакви работи ги земаме денес здраво за готово, а многу го променија животот од тоа каков до скоро беше. Моите деца утре нема никогаш да минат низ тешкотиите кои јас ги минев како дете. Cе надевам дека тоа нема негативно да се одрази, оти и презаситеност од се, знае лошо да влијае.
Znam kako e sum prosla se toa letno vreme koga idev na gosti kaj baba i dedo pomagav za se celosna generalka kaj niv doma I sega sum si takva cistam peram odrzuvam kuka se po red Higiena e polovina zdravje
Исто, од надвор ечи транс, техно или што и да е... Воздухот вибрира, а мене на нерви ми оди звуков Нема спиење засега, како талас е....
До тоа ќе да е Таман ќе прекине и пак почнува, таласесто Дали некој неиздрогиран слуша ваква музика? Познавам само една....
Ах, да сум 24 годишна девојка во 90тите во Њу Јорк и да флертувам со совршен странец во некој бар. Последните неколку дискусии во Љубовни проблеми ме натераа да размислувам дека флертување е изгубена форма на уметност т.е. ќе лажам дека не размислувам за ова често, ја обработуваме темава со друштво 3 пати неделно минимум. Обожавам да флертувам и без намера и со намера и обожавам луѓе што знаат да флертуваат. 100% ме освојуваат харизматични луѓе, дури само како пријатели. Нивото на интелектуалност ако знаеш во исто време да си духовит, спонтан, паметен, но и ненападен !!! Се прашувам кога станавме толку ригидни, да е неприфатливо некој да те допре за рамо за да ти даде сигнал или да те забележи од далеку и да сака да ги тестира водите со флертување. Се мора да е роботски и „мерливо“, како некој систем на бодување. Ако го плати кафето +1 бод, ако нема возачка -10 бодови. Во ред ми се сите стандарди, ама што стана со чуствување на работите наместо анализирање со мозокот? Кога последен пат сте затрепериле без да има логично објаснување за тоа? Само осеќање на нечија енергија, без да се меша мозокот? Се осеќам како да забегав во својот ла ла ленд, ама ме боли колку има дефицит на интересни луѓе за дејтање, луѓе со карактер. Не, не ми е доволно да си добар и да ми ветиш дека ќе ме сакаш засекогаш. Сакам да си несовршено совршен, уникатен, да си имаш свои ставови и видувања. И да знаеш да флертуваш, да ми ја мечнеш енергијата, да си ебено интересен. Да се надоврзам на првата реченица: не знам дали навистина во 90тите било како на филмови и серии, ама луѓенца на Редит тврдат дека навистина се така спонтано запознавале. И осеќам копнеж за тоа време (родена во погрешна генерација aaah мислење ). Енивеј, ве молам вежбајте флертување и опуштете се, му требате на светов.