...Aма нели е љубов кога собираш пари за долго посакуваната пудра за лице и секој ден ја гледаш на интернет,а тој пред тебе ти ја порачал и веќе ти стигнува дома?.. Неможев да посакам по совршен од него..
Не се сеќавам кога последен пат сум пишала во темава Што знам, немав што конкретно да кажам или па само не сакав да го споделам. Последниве години имам една голема желба. Работев и се трудев многу за да ја остварам ама постојано наидував на затворени врати иако имаше една, помалку лукава, што ветуваше повеќе. Коцките некако ми се подредија и решив денес да ја отворам таа. Не знам што ме чека понатака ама знам дека нема да биде повеќе исто. На здравје нека се нови почетоци, само за арно и убаво
Kомичарката Линда Ди дошла до идеја таа „тетка со црвен мерцедес“, како што меѓусебно ја нарекуваат девојките, да ја претстави како вистинска личност. Погледнете го видеово
Најголем отров за душата е љубомората и зависта. А некои луѓе ми се чини се предозирани од злоба. Не знам како може да се огорчени од туѓата среќа, дури со таков гнев да гледаат на туѓата радост. Во ова време невреме, кога ти се чини дека само лоши вести слушаш, ваквите убави нешта треба да ни бидат надеж дека не е сé така црно. Особено во последно време, ми се чини дека слушам само за умирачки, болести, за несреќни судбини. Си мислам, аман веќе, има ли крај целава несреќа. Па кога ќе чујам некоја убава вест, од срце се радувам. Дури и за личности од форумов, кои не ги ни познавам. Некој дипломирал, некој се верил, некој направил свадба, некој се вработил, некој се вљубил, на некој му се родило дете. Таквите настани ми даваат надеж дека има и среќни моменти во животот, па ме потсетуваат дека не треба толку да си ја стегам душата, мислејќи само на најлошото. А оние што си ја полнат душата со завист, веројатно никогаш нема да бидат среќни...
После сите разочарувања, неуспеси, пропуштени шанси, неуспешни почетоци, тон солзи и непроспиени ноќи... тргна конечно на добро. Знам дека не може секогаш се да ти биде убаво наредено во животот ама знам и дека се лошо е за нешто добро. Знам дека ме прети овде за многу поголема работа. Нема да е доволен секој ден до крајот на овој мој живот за да ти кажам колку сум ти благодарна.
Да не ја имав оваа љубов покрај себе, да не ме бодреше и чуваше, да не ме креваше кога почнував да тонам, да не ми ги бришеше солзите кои се се' почести, уште одамна ќе се откажев од се. Од сите падови и пропаднати борби.
Бездомник гледа како полицијата му ја руши куќарката (видео) Се расплакав. Добро бе биваше ли волку невоспитани, бездушни луѓе да постојат? Толку ли е безмислосен светов? Не, не знам зошто ама уште плачам. Сакам да донирам специјално за овој бездомник. Ова го уништило човекот.
Што да кажам.. можеби немам се што ми е потребно, немам се што сакам, ама сепак среќна сум зашто тој е до мене, умее да ме сослуша, да ги разбере сите мои грижи, од погледот ми чита..и неизмерна радост има во мене кога го слушам како ми ги кажува плановите за нашата иднина. Овој пат навистина е спремен за нов почеток.. Само здравје да се има, никаде не брзаме, со тек на време план по план ќе реализираме, бавно ама сигурно .
Се заљубив бе луѓЕЕЕЕЕ! Убаво е кога после толку време пак го имаш... она... чувство во стомакот, знаете за што зборам де. Станува збор за колега од факултет. Да не должам многу а и не ме бива за пишување рефератчиња, само сакам да 'испратам поздрав' до горенаведениот дечко со сликава:
Понекогаш знам да се откажам од се и да велам не јас тоа не го можам, незнам зошто но понекогаш се чувствувам толку осамено покрај толку добри луѓе покрај мене. Како да имам некоја кнедла што неможам да ја голтнам... Но секогаш се исправувам и гледам само надред, понекогаш и се враќам на старите нешта но мора да продолжам и знам дека можам .
Пред едно пола саат, излагам да си го прошетам кучето во паркче, кај мене во маало и гледам три девојчиња на возраст околу 10 години (не би им дала поише, дефинитивно), седат на клупа и пеат: Прву пијем да започне нооч, другу пијем јер ниси више мооој... ... .. .
Не е добро да се нервираш. Е, ој не се нервирај. Долго време се немам вака измачено за да направам нешто, ама ај, памет за друг пат. Што сакам да кажам и јас не знам, навистина. Барем да имаше една или . Можеби немаше да бидам толку нервозна. Од сабајле јадам малку, во школо не јадам ништо (држам диета) и кога ќе си дојдам се најадам како свинче. Диетата важи строго од сабајле . Барем утре е петок, ќе има одмор барем малку. Утре ако ме испрашаат не ми бега единицата . Ај чао.
Moments of Love и од тогаш секоја есен мириса на тој парфем помешан со испечен костен и чад. Беше многу ладно, а тој ми го бакна замрзнатото носе.
Би кажала дека не е лесно да си женско. Кај ни е крајот на нас жените? Една недела сме во Пмс, една недела имаме мензис, една недела сме во пост-менструлен синдром би го нарекла............... Следно: мораме да сме средени во лице, коса, нокти, маникир, педикир, депилации на секое можно делче од нашите телца, кои воедно сакаат и по некоја физичка активност за да се одржат во ред..... А каде се сите тие пари кои ни се потребни за да се задоволат сите наши основни животни потреби? Уф... за оваа гардероба ми треба ваква чанта, и вакви чевли за да ми одговараат, ми треба иста таква боја на марама, како неибежен детал, па каиш..... хммм... чекај сега ми фали накит, ми фали ова, ми фали она. Никогаш доста! Како што човек мора да се храни за да преживее, така жената мора да се негува за да биде беспрекорно убава и трајно младолика........молим лепо. Мислам дека и чешма да ни течи од по дома ние ќе ја доцицаме до последна капка Искрено посакувам да сум машко понекогаш, (а нормално и типично за жена е да го менува често своето мислење), па така и јас понекогаш и си се сакам поради тоа што сум жена. Зошто некои привилегии па кои ги уживаме ние, јбг... мажите неможат ни да ги замислат си се разбираме на што мислам Пријатна вечер убави мои дами (и господа) !
Денов ми е... како да го опишам? Епа, исто како да сум се возела со велосипед, па со тротинет, па со авион, па со автомобил, па со воз, па со брод, па на крај со санка. Најсериозно. Падовите на месецот се случија токму денес. Врвовите на месецот се случија исто денес. Во две години немам преживеано толку нешта колку што преживеав денес. Ќе се слави 6.11.2014, како денот на сеќавањата. Како денот на неизбежноста од моменти. Како најчудниот ден. Како денот на сите чувства кои постојат.