Знам дека е многу работа, ама на форумов стварно треба да се брише секоја „мудрост“ напишана од вештачка интелигенција презентирана како сопствено мислење, искуство, знаење и слично. Кога веќе не знаете да сврзете два збора самите, или не пишувајте или наведете барем извор од каде сте ги нашле информациите, вака само е така малце простичко и ептен очигледно што се обидувате да постигнете. Додека ги немаше овие алаткиве барем раат можеа поединци да си се такви какви што си се, или ќе гуглаш бре, ќе пребаруваш додека научиш нешто. Сега секоја будала Ајнштајн стана.
@GirlLove не се сеќирај за ништо Ќе се насмее животот и за нас Посебните луѓе остануваат посебни до крај
Погоре пишаа, не е само до мене значи, летово не е толку жешко како изминатите години, со тенок јорган се покривам на моменти. Мада рано е уште, останете така.
Дефинитивно било и многу пожешко ова време минати лета. Како за во лето ова се трпи колку толку. Мене навечер знае и да ми залади тука па затворам балкон и се покривам. Камо да останеше на олку, ама гледам ќе се качи накај 35 за некое време. Сдк 2: Ништо како пеење песни во кола со другари на пат.
Мора да заспијам шо побрзо оти на памет ми идат тие албени чоколадата, штрудлите и поп - кексовите во кујната!
Можеби во другите градови не е толку жешко, но за Скопје баш обратното го осеќам и го гледам на уредите. Каде каде е потопол годинава од истиов период лани или преклани.
Утре ден за одмор. Уствари секогаш заборавам дека недела е ден за рибање низ дома....фак фак факк!! пс - уште асална перница за спиење да ди најдам,ќе биде топ
Сакам да кажам... имам 23 години и вече ми е преку глава. Цело време само се вика дома, најмногу помегу мајка ми и татко ми, татко ми само пререкува зошто мајка ми оди на гости кај баба ми. Како мало дете е татко ми и што да му се каже цело време доага до карања и викање, понекогаш многу жустрво уште малку тепачка да избие. Добро дали кај сите или барем кај повече фамилии има вака каранции помегу мажот и жената само што не се приметува во јавност дека има викање?
Не лакирам нокти. Всушност не ни поседувам лак. Ниту ацетон. Пред 2 недели ќерка ми ми ги налакира ноктите на левата нога со нејзиниот лак од детскиот сет, и еве ме се уште шетам наоколу со една нога налакирана, една не. ¯\_(ツ)_/¯
Јас имам предлог за тој алхохоличарот што ќе ги убивал по дома, али немале место у Бардовци иако треба у затвор да лежи... Врзи го ко куче со синџир у шупа и флај му само леб и вода едно 6 месеци минимум и решен проблем. И плус по 100 стапа на ден.
Јас имам поарен предлог. Едноставно нека го убијат дома и завршен проблем. Никој нема да биде крив пошо веќе ова е излезено во јавност и сите знаат дека институциите не реагирале на време .... овај, институциите ќе бидат криви за тоа убиство.
Една адвокатка објавила пост во кој напишала дека многу татковци оделе кај неа кои сакале правно да се откажат од своите деца за да не плаќаат алиментација. И еве оваа амебата шо коментирала. За жал, голем процент како овој размислуваат исто, дека нивната работа е само да ја "работат" на жената, а за последиците од тоа односно децата, е крива она шо ширела нозе. Она си ги родила од инат и се му упропастила на него. Ми се повраќа значи
Вчера бев у парк. Парк у лето у Сабота да има 10 души +- ми е неприфатливо. Само не знам дал е ради паркинг цените или цело Скопје е на одмор/по дома Ми се згрози
MВР со слика генерирана од вештачка интелигенција ја информира јавноста за случајот со лицето загубено на Матка - telma.com.mk https://share.google/YyRUMcPUjbFv8AIOW Значи дај бе вработете луѓе со малце, малце бар писменост, што за јазик, што за социјални мрежи, што за етика во користење содржини создадени со ВИ. Па да де, нејзини си се, нив им текнува дека имаат деца само при развод кога се тепаат за 50% старателство, што како не би плаќале алиментација, а уште повеќе да ја казнат курвата што се осмелила да ги остави.
Немало место во психијатриските болници затоа што таму имало сместено дваесетмина што требало во затвор да бидат па имале изгледа појаки врски и ги сместиле таму. А овие што навистина треба да се таму и да се лечат пред да направат некое дело за кое ќе треба в затвор да лежат, нека ги надвор, можеби ќе се оправат сами од себе. Па сеа ти види, како (не) функционира системот наш.
Имаше од вчера уште една, како од полициска станица во Кочани им бега некој фатен со дрога. Буквално човекот во лет низ прозор и двајца или тројца полицајци позади присутни во просторијата.
На работа имам двајца бумери од 68 год и секој ден гледам сомој од 500кг, газела како бега од лав со една нога и 10 прсти, како и бомбардирањето на Путин во украина како танос пепел ги прај. Да јади к*р тој шо ја измисли вештачкава интелигенција, да јадам к*р и јас со какво друштво во животов шо имам поминато.