Твојот обид да ме дискредитираш со цитирање на тема како СДК е бесмислен и во крајна линија смешен, а воедно и правиш крупни чекори кон рикверц. Сепак ќе те удостојам со одговор и ќе ти појаснам некои ствари. Ако го земеме за анализа твоето мрчење и празно поентирање, ќе заклучиме дека имањето неаргументиран став (мрчење), само по себе е без содржинско, бидејќи тоа не претставува новитет. Циго или мандољин имаат каков таков став, но тоа не ги прави агресори бидејќи нивните ставови кои се слични на твојот се најчесто нејасни, во исчекување или непријателски и затоа се класифицирани во втората група. Ставовите со лупање во гради и празни аргументи се далеку од добредојдени. Инаку за толпата или стадото... хех.... Секоја овца надвор од стадото е прва изедена, меѓутоа камуфлирањето и инфилтрирањето очигледно ти се непознати поими.
Веќе три дена како што решив да се сменам. Овој пат на подобро. Во срце ме погоди кога најдобрата другарка ми рече дека на сите им фали старата јас и да им се вратам. Сега гледам да се вратам подобра дури од нормалната јас, пред да се пореметам малку Јас сум како птицата Феникс. Прво го допирам дното и се уништувам. А потоа се воздигнувам од пепелта. Научив дека единствен начин да добиеш помош е да ја побараш, затоа што понекогаш на оној што цело време помага му е потребна помош. Гледајќи да не разочарам никој, се разочарав највеќе себе, се казнував и ги разочарав и најблиските. Се самоуништував. Ништо не чувствував, ништо не ме правеше среќна. Не правев ни една од работите што ги сакам. Забутана во темница и депресивна музика - така ми минуваа деновите. Во темнина и ќошиња и самоуништување и самоповредување. Си дозволив и на тоа ниво да дојдам. Едно утро се разбудив како чудовиште. Страшно чудовиште. Се погледнав во огледало и не се препознавав, единственото прашање ми беше „Зошто си го правиш ова?“. И се одлучив - јас ќе бидам доброто чудовиште. Се решив. Нема веќе така. Поентата не е да се пронајдеш себе, туку да се креираш. Нема да креирам страшно чудовиште. Нема веќе да се навредувам, повредувам и казнувам. Не викам дека ми е лесно едни мисли да ги заменам со други, едни навики со трети, ама се трудам и не се откажувам колку и да е тешко. Јас сум била оптимистот и ќе останам, секогаш. 5 годишната верзија од мене многу се надеваше и ќе ја направам горда. Ќе се направам себе горда. Ќе научам да се ценам и сакам. Веќе никогаш нема да се потценам. И конечно - ќе бидам подобра личност. Секое утро заспивам и се будам со таа мисла. Ќе бидам подобра личност
Тешко е кога на некој неможеш да му покажеш дека треба да се сменат некои работи, тешко е кога разговорот некој погрешо го разбира. Имам толку многу работи за кажување кои само мојата свест може да ги слуше, само мојата друга во мене ги разбира. Голема ми е желбата да сменам многу работи кои се случуваат околу мене, работи кои сите гледаме дека не одат на добар пат, но дали ќе успеам? Дали ја имам таа сила? Дали некогаш ќе најдам некој кој искрено и со големо разбирање ќе зборува за истата работа, кој ќе се наоѓа на иста фреквенција како мене, кој реално ќе гледа на работите и ќе ми рече: јас сум со тебе, ќе одиме заедно, ќе пребродиме и ќе ги смениме работите на подобро. Дали ќе остане тоа само моја неостварена желба и потреба? Ќе покаже времето. Знам дека она кое го зборував таа личност ќе го разбере но ќе биде многу доцна, нешто што не се враќа е времето, нешто кое не се менува се работите кои веќе сме ги направиле. И благодарам на мојата мајка, на личноста која ме подржува во секоја моја одлука, која секогаш ми дава совети кои ме бодрат да продолжам понатаму, ТИ БЛАГОДАРАМ МАЈКО што си постојано со мене, ме разбра дека моите постапки се со причина, ме научи дека ништо не е лесно во животот, целиот е само една голема борба во која само упорните успеваат. А на тебе? Ти посакувам да разбереш дека се во животот не е мед и млеко, не е кај секој тато носе мама месе, треба да се запотиш за да направиш нешто, не му е на секој пишано лежејќи да го помине целиот живот.
СКД... Сaкaм дa бидaм слoбoднa, слoбoднa oд сите грaници штo сaмa си ги сoздaвaм. Сaкaм дa се дружaм, дa се глупирaм,дa се смеaм сo другите децa. Имaм тoлку мисењa штo сaкaм дa ги кaжaм, тoлку личнoсти штo сaкaм дa ги зaпoзнaaм... Нo еднoстaвнo немoжaм.Упoрнo се пoвлекувaм вo себе без причинa. Еднoстaвнo ми е стрaв oд oсудувaње, пoтсмевaње. Срaм ми е еднa oбичнa песнa дa стaвaм нa фејсбук, ете ми стoи прaзен, кaкo дa ми е лaжен прoфилoт. А сетo oвa не е вo мoјa прирoдa... Не сум интрoверт, сaмo срaмливa и плaшливa.. Нo сепaк сaкaм дa бидaм слoбoднa...
СДК Браво за изменава...Дефинитивно ќе поминувам повеќе време сега овде. По прегледно, полесно за ракување и супер е.
Баш ме интересира како ќе изреагираше да те дескредитирав со цитирање (како што ти го нарекуваш тоа) на некоја твоја статија каде што твоето име ќе беше видливо заедно со твојата фотографија. Како ќе ме наречеше тогаш? Бидејќи не сфати од прва, ќе се потрудам малку поопширно да ти објаснам што сакав да кажам. Поентата ми беше дека не е така едноставно сите да ги сместиш во две кошници, бидејќи со тоа и себе си се ставаш на исто ниво или можеби ти не си човек? Има луѓе и во Македонија кои што се трудат да променат нешто, има такви кои што навистина ја заслужиле таа диплома и нивните колумни по весниците не се мрчење или пак ископиран текст од некоја си веб страна, туку резултат на анализи и свое мислење. Има луѓе кои што се несебични и поради таквите се уште има надеж дека ќе се смени нешто. Јас себе си не се ставам во таа група на менувачи на општеството кон подобро на висока скала, бидејќи како прво не ни живеам во Македонија, а како второ не се чувствувам спремна се уште да дадам свој допринес во такви рамки. Но затоа пак, имам свој став и моето мислење не зависи од тоа дали ќе повредам нечие его со тоа што го искажувам истиот. А кога сме кај безсодржински ставови, твојот прв пост на што се основа? Нели е лично твое мислење, твој заклучок до кој си дошла по некое време? И во врска со овците и надуваните термини со кои што се обидуваш да покажеш колку (не)си начитана, во мојот конекст овците беа оние без свое мислење, кои слепо се држат за стапот на стопанот, а во твоето - замислената слобода на јавно изразување. Па нели и ти ја имаш таа слобода, инаку немаше да влегуваш во дебата со мене.
Навистина незнам што е полошо да чуствуваш празнина во душата или да ти биде полна со неизмерна тага... Чуствувам како ја губам битката а сеуште не сум ни почнала да се борам. Ноќ помината во тивко плачење, утро исполнето со љубов и нежности и повторно таа тага...
Се изнафалив во понеделникот дека добро започна неделата и така треба и да заврши. Ама секогаш постои по некое „ама“ !! Денес Петок ден пред викенд се чувствувам истрошено. Боже само те молам не ми ги потсекувај крилјата додека не го пркнам гугутчево мое.
Се разбудив сигурна дека е сабота. После такво разочаување уште рано наутро, што да очекувам од остатокот од денот?
секој ден се повеќе и повеќе сум изненадена од некои луѓе, не очекуваш од нив ништо и оп ете ќе изненадат општо за се ... со некоја личност никогаш немаш кажано зборче а утре ти е бфф, од некој не си очекувал да ти помогне а ете го прв е на редот ако треба нешто, од некој не очекуваш промена на фризура и ете од долга црна коса и зборување никогаш нема да се скратам после еден ден гледаш кратка до врат и шатирана коса, без некој неможеш да замислиш да го немаш во животот а потоа ете поминуваат месеци ти забораваш и тоа како, наеднаш доминираш со пари и стануваш тајфа со оние кои до вчера те оговараа каква си, како се облекуваш,што купуваш,каде јадеш, и со нив стануваш бфф заедно излегувате те ценат повеќе ради парите што ги имаш и си против оние кои до вчера им ги кажуваше маките, не чини ...едни пак едвај чекаат да слушнат како си поминал на колоквиум или едвај чекаат да кажиш нешто и да ти се изнасмеат а ништо не е смешно... имаш пријатели кои ти иде да ги делитниш, а толку спомени те делат со нив па се предомислуваш. и така си седам дома си мислам како сите се менуваат некои позитивно некои негативно... а јас си останувам будалата јас, која на сите им дава шанса за да станат подобри ... но едно сватив кога имаш пари сите те сакаат и те ценат и се вртат околу себе, но јас само ќе речам не дозволувај парите да ти го помешаат умот
Така е Sky-butterfly, не-спречување на злото е еднакво како и да учествуваш во него. Ама такво време дошло, а јас по природа сум многу некако приватна, резервирана, се си чувам за себе, во себе. Во конкретниов случај не бев сама, но ете, пред да реагирам како и секогаш се прашав: каква ке биде последицата ако реагирам? Си помислив на пример на срамот, па доаѓа обезбедување, ја претресуваат, ме прашуваат и мене што сум видела, па вадат цело мало козметичко богатство, бебето се распаметува и вриска, таа се правда некако, а јас? Не дека барам лична полза ама по дефолт ќе се осеќам непријатно пошто сум била тужи баба. Башка, реков, такво време е, незнаеш која е чија е, па утре некоја беља на врат да си навлечам...а така мислеше и мојот придружник. Понекогаш, мислам дека е убаво едноставно да набљудуваш (сеа боже мој, ако е некој во опасност, ако се работи за кражба од некој џеб секако дискретно ке соопштам-и ке се "изгубам"). Набљудувањето, ослушувањето на околината, слушањето на другите и -тишината се едноставно дел од мојата природа, така најдобро ги осознавам луѓето, така и најмногу сум научила за себе и за другите.
Отаде Вардар, по мајски дождој една улицааа.... Стихот кој ме оттргна од длабочината на моите мисли, пет минути пред да се симнам од автобусот. Скопје, магла, гужва, куп автомобили... Исто место,иста населба, иста глетка, само јас и тој сме различни... Успеа се да сруши. А толку сакав до добро да го памтам. Направи се да го замразм. И верувајте, успеа во тоа..
Ништо не е невозможно само треба да веруваме во себе. Многу сум горда на себе си што успеав да постигнам толку добри резултати. Денес решив да уживам максимално и да ги правам работите што ме прават среќна. п.с многу ми се допаѓа новиот изглед на форумот.
СДК дека Се' она што го држи човекот е неговата желба која сеуште не е остварена...и токму таа желба ти дава волја и сила за да живееш...и успееш!!!
Сакам да кажам дека апетитот ми е отворен до даска . Неможам да престанам да грицкам нешто,ахх овој пмс...
Апатијата е едно од најголемите зла на современото општество. Мртвило ги обзема луѓето чиниш секој на секому му сторил нешто.Некој би помислил дека мртвилото доаѓа со судниот ден, ама поимите добиваат нелогично значење.Мрачни чувства се распослани наоколу, тапи погледи и гневни зборови како лава се истураат врз човечката силуета. Убиена е секоја радост, иницијатива, ентузијазам. Умираат и радоста и тагата. Прославите со здравица и музички декор на амбиентот ги изгубија вистинската вредност и значење.Стереотипот се повеќе е избор преку кој се прави моментално бегство од агонијата на секојдневието.Не дека некој сака да се расположил од среќа, туку од можност да се покрие другата страна на чувствата. Некогаш бев на мнение дека луѓето ги кријат емоциите и се контролираат. Но, се повеќе се потврдува констатацијата дека воопшто немаат емоции за да ги скријат. Отапени чувства... депримирани, безживотни лица, како растение на кое му е потребна вода.А човекот со својот гнилеж успева да се уништи и таму каде што има услови за добра вегетација, т.е. живот... Неподносливо и болно... Слика за суровата вистина.