Прашај ме. Родив затоа што сакав. Не абортирав, затоа што не сакав. Пишав дека треба да родиш? Имам некаква добивка? Te молам лични фрустрации од околината не ги проектирај врз мене. Не мораш да раѓаш. Како да ти напишам, а да сфатиш. Освен ако не ти чини да сфатиш. Уствари што сакаш прави.
Мислам дека сака да каже дека кога го правиш тоа што сакаш си себичен затоа што го бираш изборот што ти го сакаш, каков и да е. Сакаш да родиш и раѓаш? Себичен си оти го правиш тоа што го сакаш. Не сакаш да родиш и не раѓаш? Себичен си оти не го правиш тоа што не го сакаш. Самиот збор "СЕБИчен" некако дозволува да се филозофира во овој контекст.
Па во тој случај не можеме да зборуваме за себичност, бидејќи самото тоа што постоиме е себично по таа логика, секако ја загадуваме планетава Себичност е кога нешто правиш за себе без оглед што на тој начин штетиш некому. Во дадениот пример не можеш да штетиш на некој кој не постои, а свесно себелишување од нешто што можеби сакаш да го имаш, а свесно не го имаш, може да е само несебичност - се жртвувам себе за да не страда идното дете (пример, имам генетски пренослива болест и не сакам да ја има мое поколение).
Не знаеш да дебтираш, само да навредуваш. Ти беше таа што напиша на членката (притоа се одбесувапе на секоја која не сака да има деца) Себична си. Зашто повогу да е себична.. а за моите фрустрации.. се надевам ако имаш ќерка мојот пат да не го изоди на оваа тема.
Тогаш себична сум и јас што не сум излегла вечерва туку сум дома, себични сме сите зашто си ги остваруваме нашите желби..
Него еве во контекст на муабетот горе, живо ме занима дали овие што по секоја цена би имале дете, дали исто така би имале доколку знаат баш дека имаат генетска болест? Да, не? Пошто има ли посебично од тоа да имаш дете кое има гоолема веројатност дека ќе страда низ животот ама битно ти си се остварил ко родител? Оти ја не би. И без срцепарајучи причи за здрави прави луѓе кои случајно добиле деца со вродени абнормалности, него збориме кај што родител ЗНАЕ дека е носител/болен.
Ем себична и безобразна и дрска Искрено, почнав да избегнувам да излегувам со мажени, мажени плус дете - деца. Поиританти особи, немам видено. Имам и исклучоци шо си ги поштувам и сакам и е обострано. И поинаку размислуваат од другите што секогаш се со муабетите- Ќе те видам, ко ќе се омажиш и деца ко ќе имаш дали вака ќе се однесуваш, нема да се погледнеш себеси, се знае жената дека е за мажот, децата и куќата. Леле, немаш дечко леле леле. И после за нив си фрик, многу пребаруваш и стара мома ќе останиш. Или шо велеше еден бивши... Ко ќе напрајш 30 години, ќе одиш да се бипкаш со стари чичковци. А, ете жена му, шо си ја зеде, си е класична к, а он си одел со колешки од работа, си ги иткал..
Знам многу добро, сум имала прилика да го почувствувам тој безобразлук и лично. Ама од друга страна постојат повеќе добри начини да им одговориш па никогаш повеќе да не им текне да не се мешаат таму кадешто не се повикани. Никому не сте должни да се правдате за нешто што е најлична и најприватна работа посебно за една жена.
Од македонска музика, у последно време ги слушам Дупер, Фанк Шуи, Каролина ми е класика, по нешто од Тамара, Ареа и толку. Али и ова ќе го намалам пошто можно е да ми стаса фактура од рекетарине од ЗАМП, за авторски права. Ова ќе го пишам за прв пат, слушајте српска музика, за ликови како Ристо Бомбата, Самарџиев, Дарио, кои се дел од собранието на ЗАМП и биле релевантни пред пола век, да не се богатат од вас и од чесните охриѓани кои си издавале апартмани. Playing Seka in the background, Crno i zlatno!!
Самата си си конфузна на себе. Си одлучила да немаш, што е во ред, ми викаш да не го изоди мојот пат на оваа тема. Кој пат, на желба да немаш деца? Што и да имам, нека си го оди својот пат и ќе биде полн со трња. Како на секој што му е. Секоја животна сторија има свои трагедии, не значи дека твојата е поболна од мојата и обратно. Убаво сфати една членка, но не ти се чита. Аман, себичноста не е секогаш лоша карактеристика. Јас сум себична за многу работи. Затоа што сметам дека ако не сум, нема да го живеам животот каков што го сакам. Сфаќаш конечно или пак ќе си го толкуваш како што ти чини за да драматизираш?
Кој рече дека сама сум сакала да немам деца. Каде прочита дека јас сум одлучила. Само затоа што можам да сфатам и разберам други не значи дека и јас сум со исто мислење.
Немаше да помислам дека Охриѓани ќе ги бранам ама што к им е на оние ЗАМП да плаќале газдите оти гостите слушале музика во апартманите? Мислам уат?? А јас по дома ако слушам треба да плаќам исто? А ако пеам дур ќењам или се бањам? Ако пеам со повисок тон, повеќе плаќам или како иде тоа?
Да да, и Елизабет (67) и Јакоб (70) од Холандија, ќе седат у апартман затворени и ,,Лихнида" од Ефто ќе ја слушаат.