Или пак кога ќе се сконтрат две пријателки на форумот околу некоја тема за која не се истомисленички. или пак кога @Ariel ќе прочита неможам,несакам....
Еве сум јас, втор ден како се мачам со стомачниот вирус. Болки невидени. Туку, денес само не можам да се помрднам од кревет, барем не . Иако ми се врти и сум баш ваква . Згора на сè, професорката која рече дека нема да имаме колоквиум, ете ја, го закажала за наредна недела. А, и друг ме чека. Од кај да фатам не знам. Само да оздравам, лесно е другото. Врвот е, на бившиот брат му (кој бај да веј, пред три ипол години ме избриша од ФБ) ме додал денес пак. Знаев оти ги копка шо се дешава со мене.
Здравоо Феминки,феминковци Иако ме немаше прилично долго сепак не ве заборавив. Фалите,да знаете.Јас и свадбичка поминав и испити положив и домаќинка станав Добра,среќна со него во нашето куќаре,се бориме,живееме ,не се даваме ,поддржуваме,едноставно уживаме во новиот почеток и одиме само напред горди и среќни еден со друг. .Деновиве ќе пишам повеќе,ветувам.
Сакам да кажам дека го добив моето прво работно место. Асистентка сум во еден козметички салон. Не е многу, но како за почеток, многу ми е добро. Ве частам срцки.
Понекогаш баш сакам да запалам ароматична цигара со ни малку женствен ароматичен коњак.Да можам да си ги протегнам нозеве меѓу мориња и океани,па прескокнам планини.Да почувстввуам дека нешто се случува,дека се претворам од едно во друго,за да еден ден кога ќе ми дојде смртта на врата (а секако ќе дојде),да може да ми го земе само телово.Да остане се убаво обоено, со душава.
Едвај го дочекав крајов на колоквиумскава и сега не знам што попрво да почнам да правам. Дали да се наспијам ко човек, дали да се социјализирам, дали да ги изгледам сите нови епизоди од сериите или да се вратам на вежбање (дека нели, учење = 24/7 дебелеење) Е вака:
кога бев никаква најава мојте ќе дојдат во Скопје и притоа направат палачинки за доручек е вистинско богатство.Денес ми е најубав ден. Татичко златичко, те сакам. Кога би можеле да живеете со мама тука со мене во Скопје
СДК убав ден,денес... Или мене убаво ми почна. Патем петок е и конечно викенд,конечно одмор. И да,конечно јас почнав да вежбам малку поактивно и поредовно.
Сакам да пишувам за едно момче... Момче за кое на времето секој мој пост на овој форум му беше посветен нему. Момче за кое исплакав многу солзи, Момче кое беше моја инспирација. Мој живот. Барем тогаш на времето, пред 3 години. Овие есенски денови, не може, а да не ме потсетат на него. Па луѓе мои, не знаете колку го сакав таа есен, таа есен кога и највеќе плачев. Истата есен. Знам да си помислам на него, каде ќе бевме сега, ќе успеевме ли и двајцата во нашите соништа, сигурно многу работи ќе беа различни. Па дури и си помислувам дека нашето дете веќе ќе трчаше по дворот, а сите ќе го бркавме да пазиме да не падне во базенот. Денеска кога станав, му ја видов колата, не и него. Небитно. Пробав да се сетам на нашите бакнежи, на нашите милувања, на нашите погледи, гушкања, на нашиот секс. И ми текна... Ми текна дека пројдоа точно 3 години. Не го памтам неговиот бакнеж. Не го памтам неговиот допир. Не ја памтам неговата прегратка. Ми текнува на сопствените чувства, знам како било, ама само ми текнува, не можам да ги почувствувам. Не можам да ги оживеам, како што можев порано. Го сакав, о колку го сакав. И така после сето тоа време, седнав и пак добив инспирација од него. Ја почувствував инспирацијата, што долго време ја буткав, зашто произлегуваше од него. Имајте убав ден и оживејте си ги убавите спомени од време на време. За да траат подолго.
90% од мислењата во темата што би му кажале.. се пишани за дечко ми темата ми беше како личен дневник во периодот кога ми беше само другар, периодот кога бевме разделени (не бевме ни тогаш заедно само се разделивме, го прекинавме другарството) и во овој период кога сум среќна со него. Останатите 10% се за луѓе за кои мислев дека можам да бидам со нив, со кои мислев дека ќе бидам среќна. Денес го читав секое мое мислење и знам кое мислење зошто е пишано, во кој период, која е причината Она што го заклучив е дека што и да се случувало на крајот секогаш се враќав на него, за него беа сите непроспиени ноќи, сите солзи. Среќа ете истиот тој човек денес ми носи безброј насмевки, со истиот тој човек ги имам најубавите моменти доживеано, со истиот тој човек сакам иднина и не уморно се борам да ја имам.. вреди за него, секоја жртва.
Spoiler Се пронајдов Понекогаш си мислам: Колку е лесно да се каже „Биди позитивен, ако бидеш позитивен позитивни работи ќе ти се случуваат. Само насмеј се и се’ ќе биде во ред. Не дозволувај ништо да ти го уништи расположенито...“ Колку е убаво да се гледа со тие розови очила. (И јас некогаш сум кажувала, сега сфаќам.) Толку изгледа лесно, нели? Толку е едноставно, само ставаш пречка пред негативните мисли и луѓе, и никој ништо не ти може. Камо да ја имав таа супермоќ. Не е работата во реченичката „стеј позитив“, зајакот лежи во способноста да можеш да го направиш тоа. Ако знаеш како да се изолираш од негативните нешта, ако знаеш да се смееш покрај сите намуртени лица... Ако за тебе грее сонце на секој тмурен ден, тогаш можеш да се справиш со се’ и со сите. Им завидувам на таквите луѓе.
СДК дека околината, општеството, луѓето околу мене, во минатото и сега, си се повеќе ми покажува колку не вредам, колку не чинам и колку грешам. Знам дека треба да си верувам, да имам самодовоерба, ама некогаш некој треба да те пофали, да те бутне, да ти потврди дека барем за нешто, чиниш. Секогаш сум поглупавото чедо у фамилија, пониското, подебелото, понечувствителното. Секогаш сум полоша во кревет од некоја, со помала интелегенција, со помалку теми за разговор, со помалку интелектуални способности, со помалку пишувачки способности, со помали цицки, со помалку креативност. Секогаш сум онаа која има маани како секој, ама во ништо не е подобра од некој. На вагата со минуси и плусови, единствен плус ми бил кога ми проверувале мокрача. За се друго не чинам. Ме убедиле сите околу мене. Барем ме теши помислата дека треба на светов да има и такви, невредни како мене, шлајмот во општеството, за другите да бидат подобри барем од некого.
Си копнеам по волнени чорапи и набрзинка напишани стихови,во Скопје понекогаш тешко се дише.Сите тие брзаат некаде,а на улиците џагор,редум пожолтени лисја по друмовите.Животот е брз,си велам и некаде по пат му се насмевнувам,а сакам кога заедно мериме улици,минуваме со љубов склопчена во нас. Животот е писател си велам. Нескротлив уметник. Оваа есен ја засладив со есенски јаболка и прегратки. Души поетски,љубов. Животот е пијанист,а душата пијано.
Како ми дојде да спукам за форумов, ама ај. Све е во баланс. Колку земаш толку ќе добиваш, кога тогаш си го добиваш. Петочки! Најдобро е кога ќе добиеш најмногу комплименти за промена за која не си ни свесен и си, втф? што ви е на сите? Колешката ми вика- цуц, до душата е,ти дошле 5те минути убаво, малку ли помина годинава? Сакам да и речам, годинава? Години уназад. Не сте свесни колку носите во душата и ликот и 100 години, а не само годините кои вие си ги носите на грбот.
СДК многу работи. Но ќутам... Се обидувам да останам присебна и смирена. Навечер кога ќе си легнам, го анализирам денот кој минува. Знаете што сфатив? Сфатив дека многу попуштам на луѓе кои тоа не го заслужуваат. Им помагам на сите околу мене. Веќе се изморив. Сериозно. И знаете што се случува после моите филозофирања на оваа тема? Кога ќе ми скисне, плачам. Плачејќи, се` што е негативно ќе исфрлам и толку. Пак по старо... Понекогаш не можам да се разберам себе си. Се прашувам зошто едноставно не почнам да се однесувам како останатите. Од друга страна пак, зошто да бидам како друѓите? Секогаш во мене има два гласови, кои постојано се надмудруваат. Како ли ќе ги скротам? Сепак не се менувам. Јас сум јас. Ќе останам своја. Всуштост, не ми е лош животот. Напротив, среќна сум. Изгледа некоја криза ме фати периодов. Но ќе помине, знам.
Не знам од каде таа енергија во мене, кога нити сум спиена, нити кафе пиена (ок, лажам ), полагав речиси четири саати и наместо да си легнам да поспијам и да се вратам во живот, јас се акнав на пеење. Мислиш последно ми е и утре не би можела да го правам тоа, рецимо. Редно е веќе да ме прогласат за најраспеан станар во зградава, си пеам дури и додека пружам алишта и несвесно им ставам песни во глава на рандом луѓе (не знам шта се дешавааа, ово је пут без повратка... ). Дури и тралалајки како As long as you love me од Џеј Бибер добиваат смисол, рецимо (рецимо, збор на денот ) во изведба на Carly Rose, или во моја бе, па како ја усовршив денеска песнава, дури и она не ми е рамна. *** Пред неколку часа добив и аплауз од соседите и пред да се засрамам, наместо како сите нормални луѓе на планетата, да се прашам да не сум премногу гласна и да не сметам или да се порадувам на сопствените гласовни способности, јас пустата помислив: „Боже мили, со каква ли глупост сме преградени, со картонска плоча.“ Се прашувам, дали по оваа стручна примедба сум спремна да се вратам на учење и цртање или да мавнам repeat на песната ?!
Си мислам, каков би бил животот ако собите во соите куќи не би биле одвоени со ѕидови.. Хахахахах, само замислете си