Не се праете светци и светици. Сите оговарате, апсолутно сите до еден, кој повеќе кој помалце. Неам сретнато чоек кој не го прави ова Во природата на чоекот си е Само намерата е битна
Вчера, спремајќи се да одам до маркет, вратава подотворена, врзувам патики пола саат пошто у ходник слушнав дека стојат комшии и муабетат, а да делам лифт со некој ми е сачувај боже, ме убива awkward тишината, а ич не можам да терам бош муабети. Соседка му се жали на сосед дека катастрофално било кај неа на работа. Доаѓале луѓе, работеле месец-два и си оделе или ги бркале. Сите што останале денес биле за никаде, не им се работело, а тие што најмногу вределе си заминале у странство. И ми текнува дека миграцијата, се дешава ради такви како неа, си доби топ местенце пред 15-тина години, благодарение на тогашната гарнитура, се уби од дремење по штабови. Па после се префрлија на пензии, апокалиптични сценарија, бетер ќе било за нивниве деца, кој ќе работел, бла, бла... Јас додека врзував патики и слушав кукања од луѓе кои го сјебаа системот, без да се замарам за потомство и иднината на истото, пошто сѐ завршува со моите гени: