Понекогаш се осеќам ко да сме некој експеримент... колку може да издржи еден чоек т.е народ... До кај 28 г. ако рачките на филџаните не беа наредени во ист правец под ист агол јас не можев да седнам. 5 г и 2 деца подоцна ,може куќата да изгледа како пред 5 мин да ја отпревртиле крадци а јас да седам во еден ќош и да скролам...
Морам да реплицирам.. иставо го видов пред 3-4 години. А најпрво се појави по социјалните мрежи како нејзина изјава деновите после нејзината смрт.. познавав 2 личности кои горе-долу истово го имаа кажано, и си заминаа од овој свет од истата болест...
Немаме ние толку специјални доктори што само они можат на баби и дедовци по шеесе и кусур години деца да им раѓаат, туку никој НОРМАЛЕН у свет не прави вакви болештини ни за ПАРИ! Чим сте зинале за пари и око не ви трепнува за детето, битно роди го и фрли го на ѓубриште, треба по дифолт фонд од болницата да му се отвори и плус да го посвои за неколку години некој од нарцисоидно и морално корумпираните доктори. Мора крај на ова да се стави во оваа држава, нема ли никој у државните органи со два грама здрав памет и морални и етички вредности?!
Денес на работа планирав да имам непријатен разговор со шефицата за повисока сатница (пошто работам како студентка), наместо тоа скршив литар ипол флаша масло од семки од тиква од 1200 денари и изгледаше како нафта да извира од плочките, да не зборувам колку е тешко да се исчисти тоа срање. И така сеа не само што нема да прашам за поголема плата туку сама на себе ќе си дадам отказ.
Абе сепак напрај го муабетот. Оди спроти ветрот. Крешњево не ја дефинира твојата вредност и способност. Напротив, ќе исчистиш и ќе ја покриеш штетата (знам колку боли, скршив шише д-витамин од 1200, уште не сум го преболела ). Не биди престрога кон себе. Не е ништо страшно. Самоуверено напред Имај убав ден
Најјако ми е кога чекаме ред на каса во маркет или бутик, небитно, и кога ќе ми се залепат скроз, онака во врат да ми дишат. Се потргнувам и они по мене. ДОБРО СЛАВИЦЕ МОЖЕ ДА ДИШАМ??? Еднаш културно се потргнав и ништо не искоментирав и една баба ми рече: "Е добро де што се тргаш, нема сеа корона веќе..." Уште ова да ви кажам Кога е вакво времето врнежливо, само ми се спие. Ни кафе помага ни ништо. Ама морам во акција да се пуштам, обврски имам еден куп
Кога дрндам за вежбање со тегови, е на ова мислам: https://vt.tiktok.com/ZS41fsTmC/ Не за убавина, не за сексипилност, не за курчење. За жал човекот станува се помрзлив. Едит: https://vt.tiktok.com/ZS41ubsU3/
Само кај нас е нормално да почитуваш човек баш кога ќе почине и се наеднаш му се простува како ништо да не било... мхм а добро а сеќавањата кој ќе ги избрише ,тие лошите сеќавања и лоши работи што тој нас ни ги правел?! Или нема врска срамота е...
Не се забораваат. Секако како човек може да ти биде жал за нечија смрт но лошите зборови, дела и спомени не се бришат и избледуваат во моментот туку траат долго. Работата е во тоа што скоро никој не го изнесува тоа на површина.
Па ја применуваат онаа народната ,,за мртвите сѐ најдобро". Добро сеа, животот си го загорчувале со истите тие мртви додека биле живи али откако овие ќе цркнат, добиваат некоја добродушност у себе, разбирање, простуваат, јас мислам дека тоа е повеќе за да си ја смират сопствената совест.
Август според нашиот метео Нострадамус - Славчо Поповски, ќе бил без екстремни жештини, до 35 степени максимум. Од лето инаку, обожавам да седам со лаптоп на балкон, какао и некое добро хорорче, имам топ поглед. Летово беше баш фино за седење, не беше ич спарно, а и ова од Славчо ме расположи, јас веќе се спремам за нова сезона психички.
Ова секој треба да го прочита онолку пати колку што му е потребно за да го разбере. Сите болести идат од стрес, нервоза и тага. За жал некои тоа го сфаќаат кога е предоцна. *** Како да не беа доволно нервозни и стресни ситуации што преживував порано, и сега, кога требаше да сум најсмирена и најспокојна, јас се тресам и тешко издишувам. Животов ми е најголем душман на мене.
@Mrs. right Постоела тага што може буквално да те кутне во кревет со денови, да ти ги отсече рацете и нозете, да те умори како да имаш копано цел ден... Не верував во тоа се додека не почувствував на своја кожа. А замисли да не можеш да ја одлежеш таа тага, да ја исплачеш... Да мора да станиш секое утро и да одиш наработа и да извршуваш секоја обврска насмеана, мирна... Ете баш тоа си носи последици Се трудам да останам позитивна но тешко оди. Мораш да најдеш барем една мала светла точка, не вели дека животот ти е душман. Биди јака што и да е нема да филозофирам, зашто и јас некогаш тешко наоѓам сила, ама мора.
Шо филм бе ве мава да се сликате покрај лиценцата за доктор, адвокат и сл? Ми недостигаат скромни луѓе....
Додека бев на Фејсбук, тетка ми ме отепуваше од вицови праќање. Немаше група во која ме немаше зачленето. Од "Вицотека" до "Вицови за душа". А тоа вицовите, хумор тумор. Хехенца и ставав само. Некни, ме додаде на Тикток. Денес, ми стигна првиот виц.
Имав јас тетка на фб спротивно од твојата. Вицовите и мемињата кои ги споделував - ауу бриши тоа, ич неубаво е. Почнав да ги кријам објавите од неа, потоа ја блокнав, на крај деактивирав од други причини. Потоа си ветив дека роднини никогаш нема да додавам било каде.