Во Источна Македонија се славел некој празник Горешници. Првпат у живот прочитав за ова од бумерски фб. На денов, како и на секој ,,тежок" празник, не пушташ машина пошто тоа може да те усмрти, тежок грев е перење гаќи, бањање е исто дискутабилно, а меѓудругото, гробовите ги покривале со лисја од орев за да не им биде жешко на умрените. На овој ден луѓето исто не палеле свеќи пошто веруваат дека ќе настане пожар. Горешници/горешто/гори, ваљда по таа логика, поима немам. Е сеа, пошто не палат свеќи, тој ден не одат и у црква ваљда, арно ама, на овој ден се служела литургија ради празникот Св. Марина. И сеа што се дешава... некој поп објавил долг статус у кој со биологија, физика и ,,светот оди напред" (лол) објаснува дека ова е суеверие и дека наместо да се занимаваат со лисја, треба да дојдат на Литургија. Кога свештеник мора да држи час по природни науки за да објасни дека мртвите не чувствуваат топлина, дека мермерот е изолатор и дека лисјата ич не помагаат, сфаќаш дека реалноста сама си пишува сатира. У коментари иде појакото. Луѓе го караат попот затоа што им кажува дека суеверието не е вера. Spoiler За прв пат сум на страната на поп, иако намерата му е да ги одвлечка у црква, пошто у загуба се ради непалењето свеќи на денов. И у следен живот сакам да се родам у некое амазонско племе дефинитивно, поголема логика наоѓам у тие ритуали и суеверија. Добра ноќ.
Маживе се такви какви што се оти од мали жените ги делат на 1. Фамилија и роднини што не можат да ги онадат нели. 2. Не се фамилија и роднини па можат да ги онадат. И така и од дома ги учат. И толку, нема трето. Затоа увек при ситуација кај што жена е нападната, им се вели замисли да беше сестра ти/мајка ти....А другарка ти? Или пошто беше другарка ти исто ќе постапеше? Фала богу да. И така и меѓу себе ние жените се учиме. Си отишла негде да се забављаш, па те допира сељак па и од блиски добиваш одговор "епа што очекуваше? Машките се такви душо. Ај па ти малце опушти се, што ако те пипал, многу се чуваш". Или ќе се објаснуваш со саати дека некој саглам дечко ти е другар оти никој не очекува он да неќе да те ебе. Или чувај боже да останете другари ако си го одбила за врска/секс, тоа не може. Пошто или ќе те ебе или очи неќе да ти види. Али кога ќе речеш па ете, да не вработуваме мажи на позиции каде што работат со жени и деца, ондак абе како такаааа, има и асални. А сега има, а сега може да бидат прибрани? Мислам ако сакаат да ги третираме ко суштества што освен секс, на друго не мислам, неам проблем. Али тогаш нема нигде да работат, за секој случај. Не, не сум за ова оти сама апсолутно сметам дека секој може на жена да гледа ко на човек прво. Работава е дали сака.
Го почитувам празников. Ја почитувам традицијава. Мило ми е што сè уште има заинтересирани да ја одржуваат жива. Само се прашувам зошто истите тие луѓе не протестираат? Имаат време, енергија и интерес да јаваат на коњи и да пешачат толкава дестинација, да пеат, играат, скокаат, свират... топ. Зошто немаат време, енергија и интерес да протестираат? Да бунтуваат? Да се спротистават на сите што и' штетат на државава? Толку многу вложување за зачувување на традицијата - што е супер - толку ич невложување за оправање на сегашноста. Се почитуваат револуционери од пред повеќе од еден век, а денес никој нејќе да биде револуционер.
Поповите и за бадниковиот оган хејтаа, зошто не хејтаат за Хеловин или денот на вљубените кога имаме свои празници како Св. Трифун? Секоја година се присвојува празник кој не е наш, а како сме почнале за некој период и Денот на Благодарноста ќе го славиме. Јас сум од И. Мкд и празников освен постарите генерации баби и дедовци никој друг не го празнува, бабини деветини.
Луѓето со многу пари вообичаено се тешки кретени кои трошат многу пари за да создадат слика за себе на филантроп и добар човек.
Втори август е симбол на борбата на македонскиот народ за слобода, народната традиција и вера.... Обединувајќи ги во една целина го отсликува непоколебливиот дух и истрајност на нашите предци.... Нека ни е вечен и честит Илинден Вечно име на сите кои слават денес
Патриотизам не е само да се веат знамиња, да се слават македонските празници, да се пеат македонски песни. Денес празнувате Илинден, а што правите во останатите денови? Како ја сакате државата кога еколошки ја уништувате? Како ја сакате државата кога молчите пред неправдата, пред нефункционалноста на институциите, распаднатиот систем, разнебитувањето? Се слави херојството на предците, а денешниот Македонец е безгласен гледач без борбен дух, без надеж, без идеали, без душа. Слава на хероите и за многу години да ни е Илинден ама и за памет...
Не знам зашто некои луѓе секогаш имаат потреба да те скараат за све, за било што. Не мора да ми се укаже за све, не сум вајда до толку невнимателна..
Илинден не е за фотки, говори и лицемерие. Илинден требаше да биде симбол на слобода, достоинство и жртвата на оние шо ја сонуваа Македонија и кои ни овозможија денеска ние да живееме и одлучуваме слободно. Ама ете, со години политичарите успеаја да го сведат на формалност. Од идеал, гордост и жртва, приредуваат само празни говори и венци колку наводно ја сакаат државата а од друга страна ја продаваат и распродаваат и ја крадат како шо ни во ропство не било, успеаја да погазат се и од Илинден да направат само обичен датум наместо гордост за паметење. Како и да е, Честит и вековит да ни е Илинден и слава на сите шо ги положиле животите за ние денеска да дишеме слободно
Бич плис, Илинден е за концерт на шпонка која пее на англиски и вика дека Македонија е Шиптарија, а утредента за Сврби кои не можат да се договорат дали сме четници, татари или педери ( да ми простат хомосексуалциве)... Нејсе, се надевам дека нема дамла да ги фати нашиве патриоти со и без бугарски пасоши додека чекаат на граница.
Комшииве кои живеат во странство денес на тераса го ставија македонското знаме, официјалното, не на Вергина. Велат дека на ваквите празници во државата каде живеат сите ги истакнуваат знамињата по дворови и тераси. Кај нас никој. Се замислив и можеби полека сфаќам зошто сме тука каде што сме. Честит Илинден Македонијо, да те љубиме и негуваме повеќе
Серијата ,,Спартак" ми создаде илузија за коњаниците, како ненормално секси и расни фигури, пијаните Ќосиња и слични профили секоја година ми ја рушат. Реалноста секогаш ми ги урива фантазиите. Истото го мислев и за униформираните, особено полицијата.
Поголемо суштество од плеб шо иди на 2 дена годината со знамето од вергина обесено на мерџото на лизинг и му плачи душата за мајќа македонија нема, НЕМА!