Ahhh Friday...my second favorite F word! Единствената тешка одлука која останува да се направи вечерва е дали ќе биде шише или точено. Имајте убава вечер и еден релаксирачки и опуштен викенд.
многу тежок ден денес...нема да го коментирам затоа што веќе е при крај .... туку да ги искоментирам девојките во темата околу и преку 40 , како си расприкажаа човек да си посака да ја фати 30ката што побрзо....ме фати љубомора што не исполнувам ни еден услов за да пишувам таму... Spoiler ама поштено ке ги шпионирам
Со душа го чекам појавувањето на цвеќево, бидејќи дава позитивност. Не сум голем љубител на есента и зимата, тмурно е, а и расположението ми е „тапа“.
СДК пасивно и со мала доза на депресија. Прекрасен петок! Доживувања, случувања, ниту едно не допира. За утре и не се замарам, може и да ја изрекламирам картата. Мала промена, а ни таа не ми значи. Нервоза и нешто ме јаде од внатре. Нешто гори и ми навираат солзи. Па пече јеботе. А, ништо не ми функционира. Сабајле станав со помисла како ќе го преживеам денов. Еве го, помина. И? Ми фали и потстанарот. Очајно се предавам. Помина еден важен настан, него го нема. А, чекај, каде се другите? Ме тревожат годините. Не бев јас за вака. Не ми одговара да сум разделена од него. Си пуштам по некоја солза, доволно бев храбра. Ми фали во светов со маски.
Значи понекогаш толку знам да бидам пис на јазик и да изнакажам триста работи што ми прават да ми е гадно на душава во наредните три дена. Отпосле ми текнува дека сум претерала, дека не требало и не морало баш се' да се изрече во тој момент на бес, ама џабе е, биднало, а памет не ми доаѓа. Додуша доаѓа, ама поспоро него што треба. Ете треба да се случи нешто вакво за да си речам „Чекај, застани, смири се, што се замислуваш!“ Без разлика колку е вистинито тоа што се кажало, едноставно сфаќаш дека некогаш треба да се прикочи и да се премолчи. На станува збор за неискреност, туку едноставно за човечност. Се прекорувам во такви моменти кога ќе заборавам дека сите сме луѓе, обични, несовршени и дека како такви сме се прифатиле. И пред да побарам некои работи од другите, заборавам да се запрашам дали и јас давам толку...иако се трудам да давам максимум, но реално не секогаш го правам тоа, што свесно што не свесно. ...И се извинив од срце и ми прости, ама без разлика, знам дека ја чувствува истата горчина што и мене моментално ме тишти.
СДК, поточно сакам да прашам ... Која е поентава на мажињава да имаат девојка од друго место, а во сопственото родно место да си тераат живот со други девојки?? Плус таа наводна девојка е обично кежуал девојче кое веројатно живи у облацима мала ... А тој дечко појава, дечко без предрасуди, дечко кој може да има нешто повишо ниво на девојка и да си парираат до бескрај ... Која е поентава на наводната долга врска со таа од др место ... кога се гледаат еднаш неделно или месечно ... А сите други денови си ги поминува дечкото со друга или други во своето место ... Наводното девојче/ девојка да си живее во филмот, јас го имам него ... ме сака ... ќе ме земе на крај ... И цело свое битие и свое време и нерви ги вложува во него и таа врска. Дечкото пак, не мари ... слободен, исполнува свој живот и време, па и срце со друга која очигледно е постојана мечта, желба ... И нема доблест да реши и да се посвети на она што му ги исполнува критериумите до максимум, туку си турка наводна врска со наводна девојка ... Која е поентата ваквите дечки да идат толку на наводна сигурна опција, а не на подобра или комплетна опција која им е и била голема мечта?!
Многу сакам кога петочна еуфорија ме удира во глава. Во принцип, не ми влијае на расположение кој ден во неделата е, но денес нешто ми вика дека не џабе сите кукаат по Петок. Еве, решив да не бидам продуктивна, искачам! Се фрлам во пиц-пец предизлегувачки ритуали. Имајте убав викенд цурици и момци! Ваша М,
Дури и да незнаеш кој ден во неделата е можеш да приметиш по лицата на луѓето. На пример денес сите некако ми беа весели, насмеани, расположени, ведри и одма се приметува дека е петок. Лудо е како им влијае последниот работен ден од неделата на луѓето кои не работат за викенд.
Од оваа македонскава верзија на потресне приче добив голема поука - човековата глупавост навистина нема граници
не ни видов кога времето поминало.секој ден ми е тмурен.сив.секој ден исти обврски.и после напорниот ден доаѓам дома.па уште толку ќе ми падне тешко.ми се случија многу работи.за миг помислувам дека дното го допрев.ама се минува,нели? мајка ми ми недостига.да се потпрам на неа.ми фали тоа.да ми каже дека се ке помие. денес по толку време за прв пат застанав на вага.да се измерам.и што да видам.10кг помалку. освен душата видов дека и телото ми пропаѓа.
Изненадувачки,а може и не,е`да сте сведок на некое ваше нема шанси. Денес поминав покрај една бивша драга личност.Личност која ми значеше. Поминувајќи се почувствував како да поминав покрај некој столб. Кога седнав се зачудив колкава емоција немаше.После толку време,ништо да не почувствувам е навистина изненадувачки.И жал ми е.Навистина.Жал ми е за моето сеедно. Толку беше драга.Ама беше.Веќе не е. Никогаш не вели никогаш,приказнава.
ПРОЈДЕ КОЛОКВИУМСКАТА!!! Јупии, јупиии, јеееј! Неделава ми се чинеше као месец, али пројде битно, шуќур кадинлари! Ама го кажав, односно пишав воа као демек сум учела, па сеа паѓам у трансови! Те така Лукрециичка ваша, си ги падна сите колоквиуми! али нејсе, нека е за многу години! - Ќе положам у јануар ваљда, ако не мажачката не ми бега ви кажав... --Значи добро знам, труба сум и имам предиспозиции за вечити студент! Аa истава оваа недела, освен шо пејам и скокам надвор по сред улица ко' мрдната и шо си ги омрсив мустаќиве со нов бојфренд со иницијали А.К. , (си мислам да имаше и уште да 47 години и ќе беше калашњиков АК-47! Хухуху) -легнувам кај ќе стигнам, еј у моментов лежам врз масата на тераса, не бре не сум салам! --- Еј а како е женски род од салам? салама??? AАеe зз, хаштаг, кисс, мвах.. да не речете дека млого ви чкртам туа!
Овој пост сакам да го посветам на нашето куче. Сакам да го оковечам. Многупати,премногу сум се поврзувала со животните,и откако ќе ги изгубев плачев со денови. Никако не ни траеа. Па така одлучив да не се поврзувам повеќе толку многу,за да непатам одново и одново. Ова куче всушност,живееше и ја чуваше нашата викендица. Но секоја вечер доаѓаше пред нашата куќа.буквално секоја вечер. Утрото ја испраќаше мајка ми до работа,а потоа повторно се враќаше кај викендичката. Непостоеше ништо повесело и подружољубиво од тоа суштество. Сношти како и секоја вечер го гледав подолго од вобичаеното.Го гледав како мирно и спокојно спие пред портата од нашата куќа. Колку спокојно спие си помислив,беше толку многу стуткано со рацете и нозете сигурно се штитело од студот. И повторно истатата тага,и повторно истата празнина,кога татко ми'ми соопшти како го нашол прегазено на автопатот.
Кога не ми е се полно и рамно се фрлам на чистење. И така оваа петочна вечер додека најверојатно повеќето се излезени јас чистев кујна и врати. Му кажувам што правам и ми вели - Супер мила, убаво ќе спиеш вечер. Рацеве ми паднаа ама пак се мислам дали да се фрлам на купатило или да пуштам некоја серија. Ми замириса на кафе, најверојатно сестра ми ме наградува што бев така вредна. Серија и кафе можеби е подобар избор, м?
СДК се плашам од себе си.Се сменив многу. Станав личноста која реков дека никогаш нема да бидам. А,се смеев кога по фејсбук го читав статусов. Се повикува старата Срцка назад. Не дека немаш некои привилегии сега...но едноставно ти Срцке беше подобра личност ова и знам дека можеш подобро. Џабе што повеќе им се допаѓаш ваква на другите,но зарем не е побитно ти да си се допаѓаш себе си? Драга пријателке *......... , сеќавам многу добро кога ми рече „Врати се старата ти“,но се лажев себе си до сега дека не сум се сменила,туку само сум станала позрела.
...има ли нешто попрекрасно од она кога седите со другарките,пиете кафе и зборувате за тема која сите ве поврзува? За мене нема. Оној кој има вистински пријател,со кога може се да сподели-има се! Имајте пријатана петочна вечер,а јас одам да спијаааам.
Седум години и неколку дена... Толку време помина, а јас сеуште сум истата. Од тој момент, до денес, сеуште сум она мало девојче полно надеж и желба. Истата сум. Воопшто не се сменија моите желби. Остана желбата, а остана и надежта дека еден ден мојата желба ќе се исполни. И никогаш нема да замине. Засекогаш ќе биде исто толку силна како што беше првиот ден. Се` додека еден ден, не се исполни. Ех, таа желба. Тој пламен. Тој единствен звук. Секогаш е тој, секогаш. Знам, истекува и дванаесетиот час, но сеуште не е истекол. Ниту кога ќе истече, ниту кога ќе заврши се`, јас нема да се сменам. Ниту мојата желба. Ниту надежта дека некогаш, некаде, таа желба ќе се оствари.