Јас немам некои конекции со младиве денес, ама мислам дека се на некои "полесни" дроги? Знам дека во време на нашата младост, дрогите не беа толку распространети, ама тоа што беше, беше фатално по живот. Имаше кампањи против дрога и се дигаше свеста против. Сите ги знаевме тие што се дрогираат, и многу од нив не добија втора шанса. Денес, имам чувство дека марихуаната се рамни веќе со цигари, а многу лесно е да се навлезе во тие води и со други полесни дроги. Јавното мнение е некако сменето, и луѓево се далеку по "ок" со конзумации на овие супстанци.
Тие истите млади од твојата младост се сега на тешки дроги. Еден куп луѓе меѓу 30 и 40 години се дрогираат
Кокаинот е најраспространета дрога меѓу младите во Европа. Нема толку лоша репутација како што имаше хероинот пред 10-20 години и е доста нормализирана употребата за жал. Срање како и секоја друга зависност, само нема инстантни последици, па не се сфаќа многу сериозно. А и се залажуваат дека е “природен”.
За марихуаната си во право. За другите дроги, тие шо имаат повеќе парички си зимаат кокаин, тие шо имаат помалку се на хероин, бубренорфин и други поефтини дроги. Би се изненадиле само колку луѓе користат кокаин, а уопште и не се примеќаат, луѓе за кои мислите дека нема шанси да напраат такво нешто.
На моменти се осеќам како да не сум од Македонија. До толку немам поим за туѓите животи, ниту ме интересираат детали нит ништо, освен ако некој ми каже нешто у доверба, тогаш е друго.
Најголем мит е дека марихуаната не е дрога. Мислм дека луѓето треба да се пореални, без разлика што конзумираат.
АмА лЕчИ кАнЦЕр И фентанилот се користи за медицински потреби де нели. *** Минатава недела луѓе со кои се познавам не толку многу ме викнаа на журката на Водно. Ајде прифатив, не ми се седеше дома. Братот што возеше (и требаше да вози на враќање) локна две лименки пиво од пола литро. Почна и трета, јас фино лепо замолив да не пие оти ќе вози. Па тука зезанции абе уживај супер возач бил, абе ај опушти се. Стигнав жива здрава дома, за среќа. Али вака си викам можда и не е проблемот до мене што избегнувам луѓе некогаш.
Ооо да се само млади. Би се зачудиле колку доктори, директори, менаџери на фирми си земаат бело рекреативно за да ги дигне.
Не би рекла баш дека се полесни дроги, тешка синтетика, многу подостапна и поевтина ама и поопасна. Скап "спорт" беше порано, не е дека не се снаоѓаа тие што немаа пари а си беа порочни, во аптеки тродон продаваа како бонбончиња, зборам девеесетите некаде. Сега пак има разно разни апчиња што им се продаваат малтене ко по цена на сладолед. Се надевам не не стигнала фентанилска треска од Америка, се изнагледав видеа на оваа тематика во последно време и искрено ме фаќа тиха језа
Интересно, посебно, и возбудливо било коа заедно одбирате и уредувате дома Уште посреќна сум коа ти ја видов радоста и среќата во очите Само за убави работи да прославуваме
Избегнувам да користам креативни услуги кога ќе видам дека истите ги рекламираат со помош на слики генерирани со АИ. Немам ништо против АИ, напротив, ама во случајов не станува збор за нешто механичко, мануелно или за копање на информации. Како да очекувам да ми продадеш/дизајнираш/накитиш/исцрташ нешто, а не се трудиш истото да го изрекламираш креативно без слика и текст генерирани од ГПТ? Па макар станувало збор за кетеринг, картончиња за бомбони или за украси од пластични цвеќиња.
Истото го имам и јас забележано. Некој нудеше изработка на карикатури на фб, и беше нагласено дека не се со АИ генерирани а самата реклама беше со АИ креирана. Па сега ти види дали ќе веруваш.
Јас на стори кај Навали постер од фото студио видов пред некој ден, апла ГПТ-овски направено. Мислам ако го мрзи една слика за реклами по сториња да седне да си дизајнира, не очекувам кога ќе го ангажирам дека ќе седне неколку саати да потроши за ми среди фотографии.
Се извинувам мила, ако сакаш ќе го тргнам постот дур е време? едит: избришав, се извинувам уште еднаш..
Сите нека знаат, моментално на концертот на Боки 13 е лудило, само Боки Тредичи може да направи ваква атмосфера
Ја мислам дека после одредена возраст треба да не си играме дечиња и да функционираме со отворени карти.
Па број еден причина зошто се дешаваат несреќи и глупости е токму ова, што луѓето се пресигурни во себе. Повеќе луѓе да се свесни дека не секогаш имаат апсолутна контрола во секоја ситуација, ќе процветаме.