Пасош во смисла на тоа дека е европски, не за друго. Иронично е што огромен број странци баш истово - мили, топли, добра храна го кажуваат и за Балканот. Тоа што реалноста е дека брат свој брат ќе заколи за имот е друга приказна. Германија беше во ред сѐ додека Меркел не прими се живо и најчесто, диво. Во секој случај, никаде не е идеално, особено со оглед на моменталната глобална состојба.
Има, како нема... Значи, дефинитивно е точно дека луѓето трескаат глупости и мешаат се и сешто на форуми и социјални мрежи (а многу веродостојни и во реалниот живот) дури и за најелементарни работи!
Аман од генерички постови на соц мрежи, цел инстаграм ми е со kinda chic to… или wtf is… или bare minimum Иронично, ваквите профили се претставуваат како автентични
Денот на независноста почнавме да го славиме месец дена порано пошто сме државиште, пуши курац Швајцаријо, Јапан, Германијо, ХА!! Вчера у Охрид собрале триесетина уметници, меѓу нив и оние клучните неколку што се задолжителен декор на сите Зелкијади, а немаат ниту еден хит. Е сеа, пошто дојде ново време, нормално е дека у модерна државетина се користи и АИ нели, роботи, холограми, телепортација, хаос. Добро, по институции уште со папка под мишки одиш и те шиткаат со ,,дојди утре, системот падна", али ај да не цепидлачам. И некоја фирма, за добри пари претпоставувам, им ги правела визуелите. И место 8, излегле 12 краци. Битно светкало у позадина нешто де, Бојана и Андријана гушнати ја пеат ,,Заветна", патриотска катарза, душа да ти затрепери, камен плаче, а зад нив непостоечко знаме. Патриотизмот бил толку голем, што и знамето добило вишок краци. Нас нема потреба да не дупчат соседи.
Ауу, сега читам. Ова ќе било турнеја, низ сите градови, цел месец со истите изведувачи. Место Бојана и Васко да прават ,,Македонијо у срце те носиме - Part III", ова ќе е нешто слично, само со друг наслов, плус апгрејт у изведувачи. Претпоставувам дека ќе го средат знамето за у останатите градови. У моментов тој што лапа пари за визуали, на некој аи генератор за видеа пишува - Please make sure the Macedonian flag has exactly 8 yellow rays, NOT 12 like in the previous versions!!! This visual is for the Independence of Macedonia, never NORTH!!
Нема поубаво нешто на жешково, кога пешачиш некаде, ти се пие вода, и налетуваш на некое природно чешмиче, а водата... Водата грч ладна.
Соученичка во средно, дете на мајка професорка, викаше љуѓе и така пишуваше. “Неможам” “незнам” “несакам” исто така. Коса да ти се крене.
За мене акт на љубов и почитување е љубопитноста. Имањето интерес за личноста спроти тебе, за она што сакаш да го прави, интересите кои ѝ го обземаат умот, начинот на кој го разбира светот, уметноста во која ужива, начинот на кој се експресира, ситниците кои ти ѝ го разубавуваат или влошуваат денот...ако некој нема љубопитност за тебе и најдлабоко што може да те прочита е преку одредена иницијално формирана слика, пиши пропало. Љубопитноста е огромно зелено знаме и од нејзе почнува сѐ. А многу односи се сведуваат на разговор без слушање.
Не следам гатачи и сл . ама на youtube Sheila Lenormand , отворив едно видео што мисли и дали е искрен. Женава на карти демек гледа језа ме фати, женава не е нормално како ми ја опиша ситуацијава и дечково со кој зборам Се точно од А до Ш Се наежив
Сонував како сум имал секс со пејачката на Kaelan Mikla и уште една што ми е многу убава, ама сум ги откачил насреде секс за да купам дрес од Парма и шал од Рома. Приоритети, што да се прави.
Еве баш истото го правиме муабет. Другар замина за Германија. Живее со цимер од Узбекистан или нз од која др држава, фала Богу што не е со него в соба. Еден има од МКД другите се од Турција. Хигиена 0. Дружба 0. Кој ќе си слободен си сам. Ако сакам да појдам да го видам, цените се скапи за обична соба. Германците си го сакаат само нивниот јазик, и никако едно "А" не велат на англиски. Платата му е мислам 2000 евра ако не се лажам, Мкдоналдс работи. Смени ужас од 12 до 20, од 16 до 01,17 до 02. Менаџмент бетар од македонскиов... Пошто менаџерите се албанци од Македонија. Не дека се албанци, муабетот е дека се наши. Мирно место мало. Подалечено од природа. Нема мн луѓе, знае да е тмурно. Не, фала. Сепак зависи каде живееш. Многумина кажуваат дека ни Германија не е тоа што беше.... Видовите шо направија со Шпанија. Што мислите кај ќе оди тој народ?
Кој е тој садизам уште од 05 сабајле да се брчи со косалка и да се лупа со тесла? Никаков осет за туѓо време и одмор.
За тие шо лупат со тесла незнам, али овие што косат у 5 сабајле фаќаат рано додека е посвежо.. на 40 степени сигурно нема да косат. Треба и ние некогаш да имаме осет.
Нека коси пред да се стемни, поладно е тогаш, од сабајле сите ќе не разбуди и мене и комшивката и ќе ни го заеби денот, вака од поручек нема гајле.
Нема што да имаме осет во 05 сабајле. Убаво ти пишаа, посвежо е и во квечерина, не мора со првите петли некој да им го уништи спиењето на сите околу него.