Денес размислував колку е градов претворен во бетонизирана џунгла, луѓето немаат радост на лицата, возачи фрлаат отпушоци низ прозор сред возење, ѓубре насекаде, или е претопло или загадено… да имав избор ни ден повеќе не би живеела тука ама јбг
Не, само тие треба да имаат осет. Не е време за косење во 5 сабајле. Тогаш повеќето луѓе уште спијат.
Не ми е јасно како на некој му е толку важно во колку часот другите луѓе пијат кафе со своите деца. Гледај си во својата шолја, туѓите деца и родителите сами ќе си го најдат патот до дома. Што бараш ти на кафе на 34 степени?
Пошто има мерки за претпазливост. И после ќе се деси нешто. Треба да се внимава. Јас не сум на кафе, не излегувам пред 20ч.
Исто, не поднесувам жешко ама ич. Но сепак, не ме интересира дали некој изнел деца доколку им е родител. Не се мои деца, не е моја одговорност.
На Слободен Печат има објавена вест дека едно и пол годишно детенце било нападнато од куче додека јадело виршли со баба му во својот двор во Шуто Оризари. Во коментарите луѓе кажуваат како таму има многу кучиња што ги тренираат за борби и се агресивни, дека треба нешто да се превземе, а еден лик упорно се оправа со сите дека детето требало да му ја фрли виршлата на кучето, не го научиле дека така треба Дете кое немало две години. Виновно што си јадело виршла во сопствениот двор и не му ја дало на кучето... Син ми од четири години уште го учиме да не претрчува ко камиказа преку улица, ама дете од една и пол година треба да знае како да се справи со агресивно куче...
Како да имаат радост, опколени сме со згради, ружни, чудни, нефункционални, по некое дрвце, тревник тук таму, искршени клупи, искршени корпи, искршени патеки, искршени игралишта, ѓубре насекаде, смрдеа, загаденост, отров, загадена вода, заматена, со шишиња и ќеси, по некое кафуле тук таму, нема галерии, нема изложби, нема концерти, нема никаков поттик за никакво уживање, забавување, култура, шо знам... кај да одиме, што да правиме? Сезона по сезона сè тоа па тоа, неам појма веќе ни на шо да мислам за у иднина, на шо да се радувам у исчекување? Земјотрес го сотре градов и може да го издигаат во нешто прекрасно, креативно, милина да ти е опколени со планини. За менталитетот и минијатурната свест на сограѓаните да не зборувам. Боље ми е дома да си седам, без разлика на сезоната. Стварно ништо добро не ги чека идните генерации. Боље од почеток да пробаат да изградат нов град некаде...
Со пола Холивуд имам спиено у сон, у тој паралелен свет гарант веќе си го препраќаат мојот број. Инаку, кога сме кај соништа, верувам дека ви се десило да сонувте некој лик кој у живо воопшто не го приметувате, а у сон се зближувате и на некој начин се заљубувате у таа негова верзија што ја сонувате. За брзо се одљубуваш пошто е тешка и небитна сировина у живо, али јако е што ти прави сонот.
Ова е листата на уметници кои ќе настапат у Велес, за Битола сигурно ќе бидат истите пошто не верувам да имаат други тезги освен државниве. Мала анализа на профилот на изведувачите. 01. Бојана Скендеровски - мислам хелоууу, прва на листата, хитмејкер, нашата Мадона, кога ќе помислам на хитови, мислам на неа. 02. Бранислав Николов - супер избор, морале да стават некој од Фолтин, за да го преживееме Спасен. 03. Вера Милошевска - фина е и Вера. 04. Зуица Лазова - Наум ваљда барал поголем хонорар пошто е зинат за пари, не се спогодиле, па ја шитнал жена му за помал. Ова и е хоби, работи како професорка. 05. Александар Тарабунов - вмровско педигре, татко му Ванчо Тарабунов е изгорен вмровец, а круша под круша паѓа. Секси е, тоа го вади, нема врска што е низок. 06. Полина Тасева - не сум по операта, сигурно е добра. 07. Спасен Силјановски - може ли ваков ивент да помине без Спасен? Он си е ортодоксен вмровец. Значи ја имате Полина со некаква моќна арија, после таа оперска изведба ви влага Спасен со ,,Ќе ти дојдам", ЛУДИЛО. Пазете утре кога ќе преминувате улица низ Велес, има возено пијан. 08. Бојан Стојков - го знам како комичар, никад не успеал да ме насмее, али ми стои како фин. 09. Миле Кузмановски - Миле ако не се лажам има пеено за СДСМ на времето, последниве години смени табор? Тамара, не си сама, хехе. 10. Огнен Здравковски - најуспешната гранд ѕвезда без хитови, го има на секој Грозје-фест, Локум-фест, Зелкајада, Ајваријада... Не е битно дали си победил, битно е да си у партија. 11. Дорис Димовска - некоја млада македонска надеж. 12. Игор Дурловски - нема потреба од коментар. 13. Ана Дурловска - сопруга на оној за кој немам коментар. 14. Ана Петановска - уште една млада надеж, не ја следам баш али имам слушнато за неа, како име. 15. Димитар Андоновски - ги мешам често со Лозано ради енергијата на сцена, демохристијанин кој скроз припаѓа на ВМРО, а се појавуваше и на некои протести организирани од МПЦ. Добро, теоретски се демохристијани, у пракса: вовче на Халкидики. 16. Дарко Гроздановски - ???. 17. Андријана Петрушовска - оваа што приватно слушала хаус, али снима кавер верзии на ,,Море сокол пие", за да има материјал за овакви настани. Она ќе биде женскиот Огнен Здравковски. 18. Марија Спасовска и Мина Блажев - овие две беа дел од вмровскиот проект ,,Македонијо во срце те носиме, парт 1 и 2", ова им е третата иста турнеја само со друго име. 19. Тони Зен - малку рап, пошто Слаткар е северџан. 20. Дарио - и Дарио им избегал на СДСМ. 21. Андријана Јаневска - крајот е резервиран за најдобрата пејачка у светот, одбрана преку имејл, у САД, онлајн, од 10 луѓе у конкуренција. Тамара ја нема у листава, нели беше у Охрид она? Можда за еден настап била платена, ја казнуваат ради минатото, малку по малку пробуваат да ја интегрираат за да не биде ептен очигледно. Неспорно е дека голем дел од овие имаат талент, критиката е за изборот, некои се тотално ирелевантни кога станува збор за музика, хитови и актуелност, избрани се пошто припаѓаат на одредена политичка структура. Еее, и после истите овие ќе ти пеат ,,да се вратиш", а такви како нив се најчеста причина за миграција, барем според начинот на кој лапаат хонорари и добиваат тезги/работа.
Срцка ќе ме умреш ти мене бе некој ден Не мислев дека до волку би биле ко маче и куче у буквален смисол На крај секогаш завршуваме вака Најслатки ми се ноќите со тебе, со гушкање заспиваш, со гушкање се будиш
Не бе не, рашетани во 02 саат на 35 степени без никаква цел, и покрај сите препораки на сето старо и осетливо над 60 години да не се излегува Можда ако речеа ќе делат сендвичи во 19:00 ако не излезат или да му скинат турските серии ќе се почитуваат препораките. Каква инает и самобендисана генерација, бог да чува.
Ќе засметаат ко ќе добијат мозочен удар и ќе нема кој да му смени пелени во болница и ќе ги малтретираат синовите во Германија со плус обавези, не прашувај ме како знам. За домати шо ги имаат во продавница, се влечкаат по пазари за 3 денари поевтини, никаква обврска или моралност, чисто за love of the game да се пипкаат домати и трач муабети.
Мислев на обврска, нешто шо мораш да го направиш, морално... али нема везе, мислам ме сфаќаш ваљда шо сакам да кажам.
Сдк дека најголема мизерија у денешно време е да се надеваш на човек! Дали тоа било љубовен парнер или пријател без разлика за што и како. Нема денес ништо све е скам, нема ни љубов ,ни човек од доверба ,ни ништо, нема ни луѓе денес све се човекојадци. Туку, најголем спас е човек да е самостален ,да не зависи од никого, да има свои пари,бизнис и да си тера успешно во животот. Никогаш спасот не го барајте во другите, туку во самите себе. Јас од како знам за себе од помала сум го фрлила здравјето ради тие скапани чуства кои ги поседувам. Таква сум со чуства што да правам, но тек сега сватив дека не вредело и одеднаш скамнувам веќе ништо не буди во мене среќа освен омилениот бизнис кој го работам. И тек сваќам дека доколку сам не си се усреќиш нема никој друг да го стори тоа за тебе, сватив колку вредам и дека сум госпоѓа, но камо да бев со истиот памет на мои 20години. Никогаш не е доцна за успех но да знаев мн порано би го претворила своето срце во камен и би се фокусирала само на својата иднина и фамилијата. Родителите стареат, ќе неможат да работат, и кога ќе видиш животот потрошен на некоја будала која те лажела со години и ти ќе си останеш така со прстот у уста без ништо, па и годините и тие не се враќаат, ниту нервите! Никој нема поголема вредност од самите вие. Ништо не се зима здраво за готово. Од љубовен аспект кога ќе кажат на пр. Го запознав готово тој е тој вистинскиот за мене! -Не! Не е! Скоро сите мои другарки завршиле трагично и многу знам кои останале на улица од верба на маж! И јас бев една голема тешка глупача,затоа што сум паѓала у страшни депресии ради некои некои безвредни мрсули! Но си велам фала му на бога што досега не сум се омажила нит имам деца и не сум прошла низ такви проблеми у животот и што сум научила битна лекција!
Му сметаат бумери, алергичен е на нив. Само шо ептен бумерска изјава имаше дотичниот као дриблал некој старец од околу 70 за шо кур ќе му бил имотот коа ќе легнел 2м под земја, со една нога у гроб Вајда очекуваше да му го препише Невкусно е да се бават со бумерски ствари, а јадат гомна за бумерите, па не знам шо поразлични се. Не мислат дека некад и нив гзот ќе им падне, па џен алфа или бета нека земат да се подјебаваат со нив.