Море ко ќе го бакнуваш, ко ќе ти замириса на кромид шо јадел со 10ка....и пиво... Нема нешто по секси. И после то да ждригни...
СДК... Си ги листав и читав старите пишани мои мислења на форумов и просто сум запрепастена колку ме вратија низ годините наназад.... Колку убави спомени, многу од работите кој што сум си ги сакала и замислувала ми се исполниле па и некоја носталгија ме раздрма
Веќе 13 години користам исти антирефлекс очила, па решив да ги заменам, затоа што имаат ситни гребаници. И одам во оптика, гледам таму некоја нова вработена, кажувам што сакам, ми вади каталог, има антирефлекс за 5.000 денари Blue Cut и друг поскап и поквалитетен за 6.000 денари. Реков ок, ќе земам од поскапиот. Бирам рамки, избрав рамка за 3.500 денари, имаше избор, имаше убави, си одбрав. И таа ми вели „ааа, ти се реши“, и ми вели „ќе земеш стакло од 5.000“, велам не од другото, од 6.000 денари. Испадна севкупно 9.500, платив, и ми вели „ееејј, како ти се даваат толку многу пари за едни очила“. Абе ден ми расипа со ваквиот став, ко да правам нешто неморално. И објаснив дека од 5.000 до 6.000 денари, разликата е само 1.000 денари, а што има за 1.000 денари да се купи. Обично е обратно, под нос ти гнетат што е поскапо да им купиш, оваа па чудна, скапо било, како пари ќе сум дала.
СДК.... Како ти се менуваат вкусовите со тек на годините тоа е чудо. Од дете кое не може да смисли благо воопшто, до личност која денес не може да си го замисли денот без благичко... Не знам кога јадам повеќе благо, кога сум во ПМС или кога не сум.
Јас пак стари теми глеав, од 2010-11, колку поедноставни времиња, колку различен тип на муабети (мислења) за разлика од денешните, слога некоја меѓу членките тогашни... Фалат некако
Не, не, не, не. Ова горе е ако не те сака мори. Ако те сака ќе ти каже и ќе те бакне за ден-два-три кога ќе се видите.
Шо кур и' е на Вибер апликацијата? Ме банира за спам по 1000 пати Као може бе на чат се знае чат зашо служи, да ми кажува забрана иам да пишувам? Им се праќаат мејлови, се отвараат тикети и ништо, пак после одредено време бан јадам, секој мочан ден. Секојдневна комуникација, ништо невообичаено. Излеа треба да ја деинсталирам, ме пукна вака више.
Изгледа требаше да наполнам 30 години за да Theo James ми стане привлечен. Изгледа почнал вкусот да ми се менува
Viber а и другиве социал апликации имаат anti spam system и самата апликација може да превземи чекори да блокира на одреден период како заштита во случај да испраќаш повеќе пораки во исто време или со иста содржина. Напорно е така да ти забранува ако стилот на пишување ти е порака по порака
Не бе Технички секако можно е, ама не, нема зашто да ме пријават, иам доверба, на крај памет не би го помислила тоа. Работата е шо на сред пишување иде забранава, као да си достигнал одреден лимит на пораки, така испаѓа. И не можам да пишам пола саат или нз 45 мин, така нешто, па се трга забраната. Точно е дека пишувам порака по порака, ама као ја да сум само така шо пишува.. Исто пишувам ко и секад, а ова порано го немаше.
Во право е членот погоре. Ако ја праќаш скоро истата порака за брзо време на повеќе луѓе, тогаш делуваш како спамер. Ми се деси и мене еднаш, може на 10 души од еднаш испратив исто.
Како иди есен мене ми се враќаат спомените. Секоја есен ме потсеќа на таа земја, на тој рај. И се кривам самата дека се вратив тука, си помислувам дека згрешив, сто пати го премотувам филмот наназад каде би била сега... Есен беше кога со предомислување и неволно се качив в авион и се вратив овде. А ништо не ме држеше тука, никој немав.. Сама сум си крива.
Изгледа требало да земеш за 2-3 илјади, да се малтретираш секојдневно неколку месеци па кога ќе ти пукне филмот да идеш да земеш за тие пари. Ама да ти суди продавачката за колку пари си потрошила кај нив е незамисливо, стварно и треба обука или промена на кариера.
Не. Со една личност ми се дешава, на чат каде што најмногу пишувам. Исти дали се пораките, па не би рекла идентични. Не копирам ништо, си пишувам стандардно, како што тече мислата испраќам, обична конверзација. Не ми е јасно како може ова да го сметаат за спам. Језда се брзи пораки, не чекам да напишaм мнг па да пратам, ама на чат зар реферати се пишуваат? Чат се знае како треба да изгледа. Стварта е шо буквално секој ден се дешава. Ај кај тебе еднаш само.